Како прво не ми е јасно кој му го даде имево?? Турбо Фолк како музички жанр не постои! ПОстои фолкот, но тоа е нешто што има голема вредност пред се традиционална и национална. Но за жал, вистинскиот фолк исчезнува поради новиов балкански феномен, кој што се повеќе е присутен особено кај маладината. Јасно е дека не може да се дискутира за вкусови, но ова, музички и морално гледано е катасрофа! Па за да бидеш турбо-фолк звезда доволно е да се соблечеш пред камери, да бапнеш силикони и готово! Па добро бе луѓе кај е уметноста тука? Ова не е порнографија туку музика! И што е најтрагично се повеќе се зголемуваа публиката која паѓа во транс на *моје гаќице* и што ти ја знам... И после се чуди народов кога ќе види 12 годишно девојче да изгледа како 25 годишна проститутка, и место да игра со ластик во маало, игра многу подруги игри! Музиката има големо влијание врз човековиот живот, таа е храна за душата, така што не треба да биде токму она што ќе ве однесе по кривиот пат! можеби некој ќе се навреди од коментаров, и мое извинување до сите но тоа е моето милсење и се надевам дека барем младата популација ќе избере нешто попаметно за да пушти на ЦД плеерот. Btw, добро што ви текна да ставите ваква тема, зошто можеби некој стварно ќе стави прст на чело и ќе си ја смани плејлистата позз
јас мислам дека сите слушаат само се прават дека не слушаат јас лично не го обожам кој знае колку т.с ич не го обожавам но не значи и дека не го слушам најдобрите забави и пиења ми биле токму на такви песни
Турбо фолк слушам само кога треба да се пиее (бидејќи не можеш да пиеш на транс, хаус, хип хоп или нешто сл.), во кафеани или во некој кафич кога ке пуштат некоја.
да видиш како може! На рок се пие најбоље! Барем мене ми е така, нормално за песни кои ми значат. Во такви моменто губим контрола + =
Се согласувам.Кој што сака нека си слуша,ама сепак не ми е јасно како може на некој да му се свига музика од типот:Циганче,циганче да ти купим златно ланче....стварно музиката е крш а за текстовите немам коментар.
Јас знам една песна од Аца Лукас: Она је лепша од ночи, њен мирис у коси, до неба ме носиииии и заносиииии... и тако даље.
Песната не е од Аца Лукас, туку од Шако Полумента и Дадо Полумента. Не сум голем обожавател на турбо-фолкот, меѓутоа навистина има песни коишто имаат ужасни текстови.
Лично јас нити сум заинтерсирана нити ја слушам таа музика...За мене тоа е толку сељачко и просто аууффф..просто да се наежиш
Ох бе луѓе кого лажете дека не слушате турбо фолк... Добро нема да се расправам, само да кажам дека слушам турбо фолк и убаво ми е...
Немам навика да слушам турбо фолк,ама сепак кога ќе отидам во кафана само на такви песни се развеселувам!
Зашо би лажела бе? Незнам што е толку неверојатно да не слушаш таква музика,едноставно не ми се свига. Не е музика што ме развеселува(добро некогаш ме смеат тоа текстовите ),не гледам апсолутно некаква уметност во неа напротив,неможам да ги смислам и пејачките и "музиката". Си кажав мое мислење дека немам ништо против тие што слушаат,еве ти на пример слушај си не ми смета мене тоа.... не значи дека си лоша личност,едноставно немаш вкус за естетика .Поздрав
Не слушам турбо фолк. Кога одиме во кафана со друштво, неминовно се слуша тоа и за таму не ми е проблем, не ми пречи. Знам неколку турбо фолк песни (кој не знае, дај да не се лажеме), неколку од Цеца и Аца Лукас. Лично не ми се допаѓа музиката и не ме расположува. Кичеста ми е и на моменти од некои рефрени ме фаќа смеа. Јас под слушање подразбирам - значи по дома сега како што седам, да си откачам некое такво хитче и да си го пеам со задоволство и уживање, а тоа во овој живот нема да се деси. Еве, спремам забава дома наредниов викенд и единствената песна која е најблиску до турбо фолк и ќе ја пуштам е онаа на Здравко Чолич и Бреговиќ За луѓето што слушаат таква музика... Хммм Се додека тие на ја навредуваат мојата музика, јас сум ок со нивниот избор.
не слушам турбофолк, ниту можам да ги сватам тие што слушаат а не ни сакам, меѓутоа не ми пречат сеедно ми е, кој што сака нека си слуша, битно е да се ужива
Па не да не слушам, има моменти кога мора да слушам и таква музика,а и знам неколку(2-3)песни но,не е мој стил на музика
Дома кога сум сама, не слушам, едноставно не ме влече. Претежно одбирам рок, џез или амбиентална, кросовер (поп - опера), а кога сакам да играм - аренби или латино музика. А кога сум излезена, зависи од местото. Најчесто одиме на свирки, па тоа ми е погодено, ама ако се погоди кафана во која пуштаат турбо фолк, ќе ја слушам музиката, сепак поважно ми е друштвото, а не музиката. Секако најчесто одиме во кафани во кои пуштаат староградска музика, па од таа страна и немам проблем, си ги сакам тие песнички. А еднаш, паметам, ме однесоа во Гранд, некој настап имаше, сега не сум сигурна дали Фанки Џи или Џогани, ама бев, затоа што сите сакаа да одат. Ама ако се прашував само јас, ќе одевме на друго место. Како и да е, не ги осудувам луѓето поради музиката што ја слушаат, на крајот на краиштата секој има избор да слуша што сака, да го одбере она што му прави ќеф и да се забавува со тоа. Се додека не ме чепка мене за мојот вкус на музика.
За турбо фолко-от немам ништо позитивно да кажам...текстовите се катастрофа некои се навистина смешни, музиката исто.И навистина се чудам кога ќе видам деца од моја генерација како слушаат турбо фолк .Но, ајде ќе речам секој си прави тоа што сака, па ако така сакаат ОК тогаш , но како и да е мислам дека млади луѓе не треба да се трујат со турбо фолк.
Турбо фолк е тешка малограѓанштина почнувајќи од ова: http://www.youtube.com/watch?v=OxNxu1mZ0wA Најжалосно за еден естраден уметник (ако можам да ги наречам така) е да си забавувач на простата маса, на рајата. Да забавуваш некој со мал коефициент на интелигенција треба да се запрашаш сам себе, што не е во ред со тебе и зошто изиграваш кловн.
од кај сеа лажиме... како прво зошто.. никој од овде не не знае не знае кој кој сме не се знајме....и како и да е според мене турбо фолк не можам да поднесам
Кој вика дека мора турбо фолк за да се развеселиш? Па луѓе ако сакате кафана има многу културни кафанчиња во Дебар Маало каде што се пушта македонска староградска музика, тоа не е ли доволно за развеселување или мора да ечи турбо фолк? Немам ништо против луѓето што слушаат, право на избор, вкус-невкус тоа ти е, секој со своето. Мене повеќе ме мачи што ние тука почнуваме да развиваме нов Македонски турбо фолк копирајќи ги србинкиве и бугаркиве, тон шминка, силикони, голотии. Друго ми пречи што е многу застапен кај младата пубертетлиска популација и се влезени у некои тешки филмови, онака сите мислат дека се царици, па коа ќе видам на фб постирани песни или топици со извадоци од текстови што ми е срам да ги напишам, искрено ги жалам затоа што не ги знаат вистинските вредности на музиката. Не слушам турбо фолк по дома, и не излегувам на места каде што се пушта тоа, но неминовно е да знаете некоја песна. Кога ќе размислам има добри кои не се до толку кич, на пример лепша од ночи е добра, ми се допаѓа, Цеца има многу добри песни кои не се кич, исто и Аца Лукас но тоа не значи дека ќе идам на концерт и ќе се палам ко да дошол некој бог на музиката.