Никогаш не сум слушала турбо -фолк. Знам онолку песни колку што морам , чисто затоа што ми е наметнато да ги знам. Во ваква музика не можам да уживам, ниту пак да се расположам. Жално ми е кога ќе видам како сите одат по кафани и ги знаат песниве на памет. Ниту 50 % од малдината не се запознаени со квалитетна музика. И не верувам дека може некој дома со задоволство да седне и да слуша турбо-фолк, чисто за душа.
Турбо фолкот е нешто што не можам да го поднесам, особено затоа што сум рокер и сум многу строго определена и внимателна за музиката! Нема да ми пречи ако некој во мое друштво ја слуша Лејди Гага или Кети Пери, но сигурно нема да поднесам некој со мене да слуша турбо фолк!!! Порано имаше еден вид на турбо фолк или само фолк не знам како да наречам од типот на Шабан, Јашар и не знам уште кој други, но тоа не беа вакви песни како овие сегашните! Никогаш не сум слушала српска музика, ми се гади! Почитувам и слушам екс ју и секоја му чест на Балашевич! Тоа се пејачи кои вредат, не оние што пеат некој без везни стихови од типот на Љепша од ночи или Дигни ме пао сам!!! Во средно дури патував за на школо во комбето се слушаше само турбо фолк, времето дури да стигнам до школо не можев да го издржам! Потоа почнав да носам мп4ка и се беше ок!
Не слушам турбо фолк едноставно не ја поднесувам таа музика .. Никогаш не сум не слушам и никогаш нема да слушам
Турбо Фолкот ти е музика да отидеш во кафана да се изнапиеш убаво и толку....уффф ич не ми се допаѓа тој вид на музика....ШАБАНАРИИИ
Не сакам да го слушам многу,ама некад ми доаѓа желба да идам у кафана да се развеселам да се распијам на српско =)
Слушам секаква музика,единствено трансот не го поднесувам.Значи си слушам и турбо фолк.И 90% од оние кои наводно не слушаат,во кафана и по журки се први,и ги знаат песните напамет.Добро сепак се работи за вкусови,ама не гледам зошто турбо фолкот е сељачки или незнам што...Сепак на такви песни најмногу можеш да седнеш и да се испијанчиш како човек А за текстовите да,има некои многу глупи,смешни и скрос безвезе... Ама има и многу убави текстови во кои милион пати сум се пронашла и кои се баш она ЗА ДУША! П.С.Е сега оние ептен забегани како што е онаа Шемса(или како и да се вика),ни јас не ги слушам
Има турбо фолк ептен сељачки и има комерцијален т.е. со интересен ритам, текст и сл. јас слушам турбо фолк пр ги сакам Цеца, Сека Алексич, Оља Карлеуша, Јелена Карлеуша и сл.
"туку вложуваат напори кој да ја донесе најраслечената певаљка од пинк.... hock:[/quote]" Да у браво си...
јас слушам турбо фолк ако се дефинира така музиката која ми годи, да ја слушам во зависност од расположението,во принцип слушам се што ми е добро за уши.
Слушам турбо фолк само кога ќе се расположам и кога ќе излезам ако одам во кафана.Не ми пречи тој тип на музика напротив баш ми е океј за да ми покрене расположение.Дома сама да се затварам и да слушам турбо фолк баш и не сум тој тип или не знам да сечам вени и не слушам оние ептен шабански туку овие нормалниве кои се хитови.
Не слушам, не сакам, не знам и не сакам да знам песни од тој жанр. Тие што слушаат нека слушаат што сакаат, ги разбирам. Јас не ги разбирам тие што велат дека не било можно да не слушаш турбо фолк, дека тој што се прави дека не слуша дома скришно пушта Цеца, а во кафана прв се весели. Нит слушам скришно, нит се веселам во кафана! Во ретките случаи кога одам во кафана, одбираме таква со староградска музика. Ако се погоди турбо фолк - ми пречи, ме нервира. Го слушам текстот и си велам "зоштооо?!?!". Ми пречи што Охрид цело лето ечеше од турбо фолк, нервиве ми се кинеа при секое излегување по чаршија. Ми пречи што ми го уништил дочекот на Нова Година неколку пати (нема бре место каде што не пуштаат). Nevermind, најважно ми беше да се изјаснам за оние кои велат: "Како е можно да не слушаш, нема некој што не слуша - гарант дома слушаш". Слушајте си и трајте си.
Синоќа бев во една дискотека и пуштија на 15тина минути малку ваква музика,ама додека менуваше диџејот песна нешто му прекина музиката и јас таква поднапиена малку нит едно нит две на цел глас: Ајмо село веселоооо ... Цела дискотека мишкодигачи на Аца Лукас (и одма ми текнува на Трендафилка). Презирам ваква музика! Презирам,одвратна ми е,од цело друштво за Нова година само јас не ги знаев песните и само јас не играв додека слушавме ваква да ја наречам еве музика мада не ми влегува во таа категорија. Умри од природна смрт не од турба фолк ова де транс - о -фолк
Една работа е за музиката да кажеш - „не ми се допаѓа, но ако некој го сака, нека си го слуша“. Има еден куп пејачи или пејачки/ групи кои не ги поднесувам, ама ги разбирам луѓето кои ги слушаат. Тие сакаат таква музика, јас не. Ама ова за жал не може да се нарече ни музика. Турбо фолк за мене не е музика, простете ми турбофолкерки, ама тоа е мое мислење. Ако сака некој да ме казни, може да ми пушти такво нешто. Болест на денешницата - шунд и кичерај. Колку сака некој нека ме убедува дека текст како „бацичу се са седмог спрата, родила ми жена сина ал’ ја нисам тата“ е прашање на вкус. Ај што некој го пее тоа, ама уште некој да дига раце на ова е нешто што никогаш нема да го разберам. А и не знам дали сакам да го разберам. Можам чисто од рецесија и заради зафркавање да ја слушам Сузана Спасовска или други наши фолк пејачки од времето кога сум била помала. Знае да ме расположи циганска врањанска музика, трубачи ми се закон за новогодишни и други прослави. Чочеци исто почитувам за свадби и разноразни џингрлака џикици. Староградска македонска музика обожавам во стари кафани поготово во ДМ, тоа е традиција и историја. Ама турбо фолк НЕ! Нешто ко морско прасе, нит е морско, ниту пак прасе
Не ми е јасно зошто за Н.Г мора задолжително да се испочитува Цеца и компанија?! И покрај моите негодувања и мрштења, мнозинството реши дека дека Цеца, Аца, Полумента брадерс и сл.се достојни за да ни ја развеселат атмосферата. И да, во новата 2011 влегов полуопијанета, качена на столче , со камера во рака, снимајќи како сите денсаат на некоја фолк нумера. Зошто на речиси сите им треба турбофолк за да се развеселат и да се поткрене атмосфера? Е стварно не знам. И потполно се сложувам со Пирамидка дека е болест на денешницата, ефтино ср*ње што масовно се шири и ги зафаќа широките маси на нашиов народ со балкански менталитет, поготово младината. Па не само со пеењето што не трујат, туку и со изгледот. Промовираат балонки(зошто тоа не се гради тоа се цицкишта), ефтин изглед и сељачизам. Балкане, мој Балкане.... И да се разбереме уште еднаш. Плех музиката, трубачите, чочеците не се турбофолк! Јас обожавам да се растресам на плех музика, на малите музикални циганчиња, што само преку слух, маестрално ги совладале чочеците и ората. А старограската македноска е сосема различна приказна од тубофолкот. Староградска, значи наследна, нешто квалитетно кое трае со генерации, евергрин. Нешто што ти е милина да слушаш и да се рсположиш. И наjважно, со текст кој има смилса, длабочина и певливост.
Ниту ја слушам, ниту ја почитувам како музика. Точно, на прослава и те како шизам на турбо фолк, опа цупа на стол уз чаша во рака, но никако не би издржала да имам такво нешто во плеј листа. Какви текстови, каква музика, и се тоа заедно вклопено во едно ќе ми се оштетат ушните тапанчиња ако го слушам подолго од 5 минути. Вистина, не поминува добар помин во кафана без српска музика, ама квалитетна староградска српска музика, покрај нешто наше старо и добро, песни од калибар на оние на Тома Здравковиќ. Да земеш да пиеш, пееш, да се веселиш и мерак да ти е што си таков. Но, сосема друга приказна е Мили Китич или песни од типот Мини сукња.
Никој не слуша турбо фолк али затоа коа ке влезете во кафана сите песни ги знаете ха.Иначе јас слушам секаков тип на музика.Ако ми се допадне некоја турбо фолк песна си ја слушам со задоволство не се сите океј али некој се навистина убави, иначе секој со свој вкус
Не слушај турбо фолк умри од природна смрт хахаххаха мразам турбо фолк не слушам не сакам ни да слушам само кога морам слушам т.е кога одам во кафана тогаш мора да се слуша што да се прави а има некои песни што ги знам заради тоа што моево друштво слуша турбо фолк, често па јас сакала не сакала морам да слушам. http://www.youtube.com/watch?v=43Hpbwrirdo http://www.youtube.com/watch?v=MmcQRCOgRws мизеријааааааааааа
Слушам, се веселам на тоа, секако има многу песни што не ми се допаѓаат, особено фактот што веќе секоја стана певачица од Гранд или не знам од кај, па во ист кош се ставаат оние кои имаат добри текстови и комплетно песни и оние кои имаат текстови од типот: Господине од Беквалац. Мислам каква е таа утка на Беквалац после: Поново, Никотин, 300 степени итн. И има разлика од турбофолк до фолк. Како и од една песна турбофолк која знае да те расположи и да те зарази, и друга која од текст до музика е све пропаднато и катастрофа и ти е мака да ја слушаш. Фолк се Тома Здравковиќ, Тозовац, Харис Џиновиќ итн. Типичен т.фолк е Аца Лукас, Сека, Дара, Цеца и останата компанија. Јас слушам српска музика, а турбофолк само тоа што ми се допаѓа. Да нема забуни, Дино Мерлин, Жељко Јоксимовиќ и Жељко Самарџиќ пример се далеку од турбофолк и фолк.
Мене косата ми се крева од оваа музика ко рацете в штекер да ги имам збрцано! Налет косата , па и сета желудечна содржина! Не гледам ни смисла ни логика во текстовите , музиката е све компјутерско , а за гласовите и да не расправам ! Да сум јас на власт овде , има со закон да ја забранам таа ужасна музика , зашо ствааарно го расипува слухот , проверено и потврдено ! Ај хејт ит!