Добро девојки може ли некоја од вас да ми објасни што значи зборот ТУРБО ФОЛК ? Музиката се дели на добра или лоша. Односни музика што ти прија на уши или музика што не ти прија. Колку за пример: Во класот кај што учам се договаравме една група на девојчиња како да одиме до Скопје на Цеца, додека другата група се правеше (јака) демек они слушале Поп, Арен Би , Рап, Транс .... Дојде и тој долго оцекуван 26-ти Ноември, и има што да видиме во арена Борис Трајковски, речиси сите што се „декларираат“ како Раперки, Трансерки ... се веселеа на Манта Манта, Лепи Громе Мој , Пиле ... Мислам дека со постов работите ке си дојдат на свое, или бар делумно на некои особи ке им стане јасно, дека секој си слуша - она то сака ! И не треба да се критикуваат жанровите !
Плавуша има разлика од Цеца до Сека и Дара. Сите 3 се турбо-фолкерки, ама немаат сите подеднакво лоши песни. Цеца би ја ставила пред овие двете,зашто песните и’ се далеку подобри од на овие,а особено од новото CD, каде има соработувано и со Бора Чорба.
Точно. Само што турбо фолкот не е жанр. Турбо фолкот е детето копиле на поп фолкот и потрагата (на простите маси, морам да напоменам) по евтина забава. Не смее тоа да се категоризира како музика. Тоа е кич, шунд, силување на ушните тапанчиња и исклучиво лош вкус. Сфаќам да се веселат луѓе во кафана, ама на староградска музика, која не смее да се меша со оваа новокомпонирана бљувотина од ноти. Нема ни текст, нема ни мелодија. Што убаво наоѓате, навистина не знам.
Турбо фолкот е рај за простите. Зошто? Затоа што неможат да сфатат што е тоа рок и џез, неможат да ја капираат нивната убавина и интелектот што струи од музиката (пошо се прости и слабаци) и затоа песните на Цеца, Аца Лукас и сл највеќе ги погаѓаат во срцето, толку многу што моментално паѓаат на колена и кршат се живо што е пред нив. А имаат некои прости текстови, за разлика од некои други жанрови каде што текстовите се и поезија и турбофолкерите немаат потреба да се заморуваат. А интересно е тоа што многу интелектуалци се текстописци на јаките турбо фолк фаци, и тоа анонимни, за да си заработат пари. Пошо скоро секаде доминира простата маса, најголемиот дел љубат да дигат мишки на овие песни. И мене веќе ми е срам и страв да кажам да го сменат тоа ѓубре, да пуштат нешто по асално затоа што они ќе ми кажат абе ај сега ќе ги слушаме твоите странски.
хахаха читам читам и неможам се изначитам ... многу ми е смешно тоа што сите викате дека турбо фолкот е селска музика нели а зошто е селска оти салата борис трајковски беше фул кога пред новата година настапија повекето добри српски пеачи.. зар само сељаци беше преполно.... не разбирам суштината на вашето размислување ... вчера градот прилеп беше преполн за да го слушнат здрако чолич ама ајде бре се правите граѓани мислите летате високо а не сте свесни дека тоните длабоко под земја хаха како и да е јас слушам секаков вид музика и у секоја се пронаоѓам... али овде некој од девојките кога биле разочарани од љубовта зар ни малку не ја слушнале анабела, дин мерлин,владо георгиев,цеца... и ред други и многу постари песни што останле хит за секое време .. поздрав девојки и немојте со празни муабете целосно грешите од сега кој ќе осудува за српска музика е најголем сељак ... поззз
Фала ти што не просветли, ама во тоа е трагедијата, 70% од балканот е затруен со турбо фолк. Можеби била фул салата „Борис Трајковски“ и тоа ме иритира. Ете да ја земеме последнава година, дојдоа еден куп квалитетни и познати артисти на светски размер, во просек цената на картите беше околу 1.000 денари. Истата цена беше и кај турбо фолкерите на кои доколку било фул се кладам дека се кревале мишки на велико. Салите во кои имаше добра музика беа полу-празни. Ете, тоа е трагедија. Сума сумариум, народот не знае што е музика! Кога девојките се разочарани од љубовта имаат многу поубава и поквалитетна музика за слушање од артистиве кои ги наброја. И да, ги проценувам луѓето какви се според тоа каква музика слушаат. Тоа ми е мерило.
ако 70 % од балканот е затруен со турбо фолк извини али немозат 70% да се сељаци а 30 % градски хахаххаха безвезе коментарот е али сепак ти ако го цениш народот според каква музика слуша немаш добри квалитети за проценка значи човек не се цене и гледа дали е богат или сиромав дали е со облека или без облека дали слуша турбо фолк или хип хоп малце осет со коментарите
Извини ама по облеката и тоа како можеш да процениш кој е богат, а кој сиромав. Да не се лажеме. А за првата реченица, доколку има квантитет, не мора да е присутен и квалитетот. Мене ми е крајно сељачки да се опнам на маса, со минич, штикла 15 че (светљуцава доколку е можно), огромно деколте, нагоре топ и цел прслук излезен, а околу таа у средина уште четворица напалени мажјаци со раскопчани кошули во линии (обавезно апликација позади) од кои „извира“ љубовен килим. Фризура четка обавезно, кој повеќе ГЕЛ истроши е поголем „фраер“ и чии мишки се најмногу испотени најмногу се забавувал. И секако, за музиката е задолжен Саша Матич и неговиот „хит“ - Мешај, мешај. Атендинг?
Јас увек кога не ми дава, од мака и лутина, а искрено и тага, ја пуштам Цеца и си пеам во име на добри спомени и сеќавања, како ми беше со него - сечаш ли се лепи громе мој? И не ни контам дека го нарекувам гром. Се сеќаваш ли прекрасна моја секавицо? Гром те убио што не ми даваш. Мелем за душа и извор на прекрасни чуства ваквата музика, особено при крај Цеца кога ќе удри едно силно вибрато, абе срце ми пука а јас стегам солзи да не потечат
Ти се заебаваш, Пирамитке, а не знаеш како ни е на нас што сме имале бивш дечко што се вика Драган. Па после раскинување, аутоматски ти иде „Драгане мој“ на рипит, и ги спремаш жилетите за вертикален зарез бидејќи си премногу хард - кор за хоризонтално сечење вени. Осет да се немало бе!
Драгане мој......колики је твој?......39 са 2..... И нормално после следи: Пази скиме спаваш.......ухватичеш сидуууу (Ехее компилација напраив ) Кај ти текна да ја спомнеш, сега ми се уврти во глава
Го мразам турбо фолкот и поради тоа што луѓево се заразени не можам да си најдам асално друштво за у Хавана или слично... Уште повеќе ме фрустрира што пиво фестот ми се зафркна во саботата ...
Не сум обожавател на турбо фолк но има по некоја песна која ја слушам како за зафрканција инаку до пред неколку години цело мое друштво слушаше турбо фолк но мислам дека влијаев на нив и полека но сигурно се оддалечуваат од овој стил Спојлер Инаку јас слушам хип хоп
Девојчето што ја отворило темава убаво си кажа, ’’не знам дали вреди да има ваква тема’’, и не, не вреди. Нити слушам нити поднесувам. А за процентиве погоре; не се ни 30% за жал, што мислат луѓево дека ако живеат во град, граѓани се?
Смрт! Музика за никаквеци! Со извинување, ако не можете да ме сватите тоа е благодарение на вашите тесни мозоци
Не поднесувам турбо-фолк.Не знам на свадбиве како им се пејат тие песни.Сакам нешто забавно странско.