Слушам повеќе видови на музика и никогаш не кревам прашина околу тоа која музика ја мразам (така да се изразам) туку, едноставно ќе речам - не ја слушам. Секој има право да слуша што му душа сака. Има моменти слушам од англиски балади, поп, R&B, нешто рок, до Македонски поп, па народно, турбо фолк (и српски нормално)... Велам не сакам метал, хард рок, ама останувам само на тоа, не осудувам. Што толку замарање со тоа ваков-таков турбо фолкот. Не сакаш, не слушај и мирна главата.
Немам ништо против музиката туку едноставно не ми е убава на ушите. Немам што да кажам освен дека не ја сакам и не ја слушам оваа музика.Несакам да ги навредам оние кои ја слушаат со погрдни зборови како сељаци и тн но музиката изгледа всушност звучи сељачки..Оваа музика не се вклопува во мојот начин на живот и во мојот стил па затоа ПОЗНАВАМ(не- знам туку познавам) вакви песни кои се бројат на една рака... Што повеќе да кажам.. !??
има луѓе на кои им се допаѓа, ама ја не сум спаѓала у нив, не спаѓам, а нема ни да спаѓам.....по шупачка музика нема....ја си сакам рок хахах позз
НЕСАКАМ И НЕСАКАМ ДА СЛУШАМ! Арно ама си запознав едно другарче,шабначе.За жал. И од него пола шабански песни ги слушанав. А да иначе ги слушам,само кога сум излезнена навечер.И ми се чудат другарките,затоа што незнам никоја. А кога сум излезна нон-стоп пуштаат такви шабански песни,во такво општество живеам што да праиме.Ќе се туркат некако.
Секој со различен вкус не ми пречи само едноствано многу ме нервират луѓе што викаат мразам шабанско бла бла а уствари во месецот еднаш обавезно идат во кафана и одма ќе запеат -.-
Слушам скоро се, а тука е вклучен и турбо фолкот. Не до толку, да си пуштам додека сум дома и да си слушам сама, ама кога треба да се оди во провод оваа музика и те како ме расположува. Па не се ни срамам да кажам дека слушам, и дека знам многу песни и на памет. И најмалку ми е гајле што зборат другите околу мене, јас сум против тоа луѓето да се проценуваат според тоа каква музика слушаат. На кој каква музика му годи на ушите, таква ќе си слуша. Нормално дека има и такви што не ја слушаат, не ја поднесуваат ама не разбирам зошто се служат со навреди. Пред се ме нервира кога ќе отидам во некоја кафана, и ќе ги видам таквите распеани околу масата, или на масата.
Едноставно го мразам овој вид на музика (ако можам да ја наречем така). Навистина...глупава музика, глупав текст... нема ништо добро во врска со турбо-фолкот. Навистина се нервирам кога деца од мојот клас пеат турбо-фолк песни секој мал одмор.
Денес е поголема срамота турбо фолк да слушаш отколку да пушиш марихуана Јас слушам, се слушам па и ова
Мене не ми се допаѓа турбофолкот,поточно текствоите кои немаат никакво значење .Но токму заради тоа ја слушам на прослави и сл,бидејќи е добра за размрдување и играње,па во тој случај нема потреба да се слуша текстот. Знам само неколку песни,српски секако.
http://forum.femina.mk/nasmevka/smesni-turbo-folk-stihovi-t4343/?hilit=Турбо фолк Мислев и мислам дека овој "правец" на форумов заслужува да биде презентиран во тема каде ќе биде исмејуван. Не се извинувам ако некој се најде навреден од мојов пост. Сметам дека е ова засега ( со ислучок на пишаната форма т.е. Лајна Грејс ) најидиотската форма на сељанизмот. Ме асоцира на примитивни невоспитани копита кои мислат дека неартикулираните звуци се апстрактна уметност во музиката. Ужасно многу потсетува на растресеното деколте на Благица Павловска, ефтини кафани, запотени мишки, многу сатен и плагијати. Од украдена музика неуспешно комбинирана со друг текст до украдени преведени стихови во спојка со неадекватна музика целосно изведена на синтисајзер, ова се канцерогени, радиоактивни и ултимативно заразни антиталенти. Не би слушала, освен ако не сум појадувала дрвофикс и солна киселина а немам од што друго да фаќам сеир. http://www.youtube.com/watch?v=j_5v4DvesRU Du...du hast, du hast no brain . I laughed so so hard
Ако дознаат продуцентите од 007 ке го укинат филмот во знак на протест од ВАКВИ http://www.youtube.com/watch?v=e0QlS2FuTlw
Искрено што ќе лажам си слушам понекогаш кога ми е по ќеф ваква музика и знам многу песни на памет, а и во диско кога бев пола и повеќе од вечерта беше со ваков тип на музика. Иако не ми е омилен тип на музика сепак слушам и има добри српски песни.