Мислам дека сум еден од ретките што слушам турбофолк ама не ја сметам за квалитетна музика. Сега, нормално има исклучоци, добри текстови, мелодии и сл. Приватно ја слушам, ама на пример по концерти, кафани, многу ретко одам. Ја сметам како guilty pleasure.
Сека ми беше омилена турбофолкерка, ја слушав у средношколски денови. Док тебе нисам упознала, поносна и насмеана увек сам билааа... Денес слабо турбофолк, на Нова Година евентуално, некој ако пушти некоја песна. Али го знам тој опус, барем она најкомерцијалното - дел од творештвото на Цеца, Лукас, Фанки Џ, знам да се прилагодам на такво друштво и средина.