Што мислите за патувања во ова време? Дали би патувале или дали веќе некаде патувавте? Дали би оделе надвор од Македонија? Дали осеќате некаков ризик при сместувањето и/ или ресторани и кафичи? Моментално граѓаните со Македонски пасош можат да патуваат во Албанија, Србија (не сум сигурен) и Турција, а наскоро и Египет. Инаку би сакал да слушнам мислења и за еднодневни излети и прошетки, дали чувствувате било каков ризик? Дали плажите се безбедно место според вас? Дали периодов би оделе во Охрид, Преспа, Дојран...?
Сум за. Ќе идам на одмор утре фамилијарно. Со истите луѓе со кои живеам. Ништо нема да ми смени. Избрав помирно место и без многу гужва. Во Охрид ама во периферијата. Другарка е моментално таму и задоволна е, немало многу луѓе на плажа и си држеле дистанца, океј било. И така имавме обврски и се шетавме низ ЈСП или со луѓе, 90% моравме да излеземе последниве месец - два барем. Кој до факс, кој на работа, кој до маркет итн... Одење на одмор може само да не релаксира и добро да ни дојде. Со партнер или со фамилија, без преголеми групирања мислам дека е океј. После толку стрес и седење дома со месеци, искрено и те како ми треба одморов. А верувам дека исто и на останатите. Ќе одев надвор од Мк да ама не се отворени границите, бар не се засега додека сум слободна. За Албанија и во нормални услови не сум така да годинава ќе се задоволам и со Охрид. Битно малку да сменам воздух.
Во план ми е да патувам надвор од Македонија, станува збор за познато и проверено место. За еднодневните прошетки не ми е страв, ги практикувам од мај наваму, со голема мерка на претпазливост. Сигурно нема да одам по клубови без маска и да се мешам со толпи луѓе намерно. Сепак дека сите се најопуштени и е како некогаш, не е. Ама има и исклучоци од се секаде, поентата е сама ако не мислам да се заштитам и како да го оставрам и постигнам тоа па никој нема да го мисли тоа за мене.
Одморот од работа го искористив дома. Не бев никаде. Не ми се оди по апртмани и хотели затоа што не знам колку добро ќе биде исчистено. Во Охрид, Маврово, Преспа е страшна работа според тоа што гледам на сториња. Здравјето ми е пред се, и многу побитно од дали ќе одам некаде на шетање.
Се прашувам другарката да не е сместена на Галичица чим ти вика дека нема гужва во Охрид, повели слика од денешните случувања по патиштата према плажите Впрочем, по плажите нема апсолутно никаква дистанца, напикани еден до друг, никаква свест, срам од народ сме
Во Пештани е. Видов и сториња и слики шо ми праќаше, празно е баш таму. Сите се во центарот сместени, пошо за млади тука не им е забавно. За 1 ден најдовме и ние смештај у Пештани, дур другиве места фул беа. Коњско исто може да е попразно ко шо гледав и таму имаше за смештај доста.
Ова е причината која можеби најмногу ме спречува да одам. Јас сеуште сум во двоумење, ќе видиме. Од една страна мислам дека очајно ми треба одмор некаде надвор од моја околина, ментално здравје и тие ствари, а од друга стравот од вирусот.
Сум за патување бев во Охрид и сега сум во Албанија. Ете според мене Охрид поминав меехх, онака празно беше нигде лежалки незнам хаос поминав. Додека тука сум изненадена. Прв пат доаѓам во Албанија бидејки имам страв за подалеку, тука и да слушнеме нешто за границите веднаш се враќаме. Иако само во хотел седиме се се странци, најмногу од Босна, Србија Косово. Се зачудив колку биле гостопримливи. Со страв не се живее. Дома седам уште од Ноември поради болест и смрт на член од фамилија и едвај чекавме одмор. Уште сега да не отидев психички ќе скреневме. Јас сум ЗА. И моите тука ќе дојдат,и сестра ми кога ќе си дојде од странство. Поздрав моментален
Иста сум и јас, очајно ми треба одмор, цело време сум под стрес и доколку одам би одела овде во Македонија, но сепак имам страв од вирусот па ќе видам што ќе направам.
Голема гужва е Дримке, од Потпеш сè до Св.Наум, денес игла немаше каде да се фрли по плажите Дури и на поинтимните плажи имаше гужва. По чаршијата е уште полошо, никој не носи маска
По тоа што гледам на сториња, ни без пандемија не би отишол во Охрид моментално, не па со ситуацијава.
Јас сум во Охрид, гужва има премногу. Секако овој период е шпицот и други години, ама годинава е премногу. До маркет не можеме да одиме. Паркирани коло пред куќа, низ град не сум излегла уште од март, мада по кажување и слики што гледам, врие, без дистанца, без маски. Сликата на плажа е ваква Спојлер: не ја сликав јас, ја преведов од фб пријателка, на паблик Денес бевме до плажа од 19 до 21. Тогаш има можност за дистанца, нема толку народ. И пак со страв, ама веќе збеснавме со три деца дома во изолација 6ти месец. Не би одела на одмор, јас ни во маркет не би во оваа гужва деновиве
Би одела Грција.Посигурна ми е од Охрид. Или Хрватска. Албанија не. не знам дали го прочита ова искуство. Тука бил. https://www.hrvatskaapartmani.hr/apartmani-vila-ivana-medulin.aspx
Ама во работни денови е помирно така? Јас утре планирам да одам, викендов намерно избегнував одење натаму зошто е баш вака како на сликава.
Zar i ova go ima vo Ohridov nas. Jas i da sakam odmor nemam . Vo Oktomvri, ke se iznacekam malku. No ako ke vredi cekanjeto