Јас од ова лето лошо искуство имам со аурора...ни го откажаа аранжманот за Шарм ел шеик 10-тина дена пред поаѓање, немало доволно луѓе...и ти прај што знаеш...минатата година поминав прекрасно во Турција со Пилот травел на водњанска е...супер организирано, се јавуваа на два три дена во хотел да видат како е ...сега за нова година низ Европа со Фибула о.к беше...организирано да речам добро , хотелите супер...но водичот беше крш..како мува без глава, и никаде не стигнавме во зацртаното време... не би одела пак со нив...а дефинитивно летово, откако аурора ни откажа во последен момент уплативме во џоли травел, србија...аранжман за Тунис..и немам никаква, ама никаква замерка...беше одлично...организација на високо ниво..за водичите немам зборови...далеку сме ние од нив...и годинава пак ќе одам со нив...иако треба првин до Белград, сепак вреди
За одмор ја препорачувам Нехар турс од Скопје, со нив имам одено за Шпанија на одмор и организацијата беше перфектна,услугите квалитетни, се беше супер од нивна страна.
Според мене најдобри агенции моментално во Македонија се Аурора и Савана. Сум патувала и со двете се беше одлично, можеби водичот од Аурора во Египет беше за нигде ама тоа не ни го расипа одморот, напротив одлично си пројдовме.
Sum bila so Aurora, Savana i Fibula i bi kazala deka Fibula e the best [mod-kirilica:r2uw7hv8][/mod-kirilica:r2uw7hv8]
Na koe mesto bese vo Spanija?? Planiram i jas nesto takvo pa mi trebaat informacii, aj pisi nesto poopsirno pozz [mod-kirilica:25nqq36n][/mod-kirilica:25nqq36n]
Фибула за Турција, Аурора за Египет. Јас ја имав среќата да имам одличини водичи. Ми се погоди нашата Офелија. И не збореше само за историјата на Египет, туку и информации за животот таму, ситуацијата во нејзиното семејство итн. Вториот пат беше србин водич, египтолог верувам. Не можам да се пожалам.
А може ли да ми кажете за туристичката агенција Травел Хаус? Овие се оние кои праќаат писма до случајни луѓе и делат као беплатно патување до некое место...ама првин треба да се иде на состанок со нив во палас и таму ти кажуваат што како? некое искуство со оваа агенција?
Нееееееее, немој ѓавол да те мами да одиш таму. Лажговци се дека имаш бесплатно летување. Ќе те удават со информации, убедувања... и тоа не е агенција, незнам ни што е. Гледат само како да ти земат пари
НЕМОЈ никако да одишшшшшшшшш.............јас се зезнав до крај. уплативме 1000евра и сега ништо не можеш назад парите да ги земеш. Требаше да уплатиме 1000евра и да имаме гратис патување за грција или тенерифе нно ништо од тоа...а потоа треба да доплатиш уште 4000евра за 30 недели одмори кои наводно можеш да ги користиш до кога сакаш ти и твоите од семејството,но 2 месеци после мојата уплата чекам да ми дадат понуда за гратисот као демек тоа е гратис и замисли не враќаат ни на емаил бев лично таму,а само лажат ќе прателе абе абер немаат ништо да пратат никаква понуда.Сега тие 1000евра ми заминаа по ѓаволите.барем наводниот гратис да го искористев за тие 1000евра во грција,но ни тоа нема да успее.Им пратив адвокат таму па ќе видиме што ќе се случи,ама ЛАЖГОВЦИ СЕ ЕПТЕН ГОЛЕМИ,АПАШИ што би рекол дедоми. А тој Ивица менаџерот тој е најголем лопов!!!!!!!!!! НЕ НИ ПОМИСЛУВАЈ СО НИВ ДА СИ ИМАШ РАБОТА.Ќе одам барем поштено да се изнакарам за парите да го истурам бесот врз нив затоа што заслужуваат,барем тоа за парите ќе го добијам,ЛУДАЦИ...Како не им е срам така да ги мамат луѓето,цццц пишман паднавме 100пати,ама ете...пак уште 4000евра бараат хахаха... тие не оставаат доверба никаква ни 100 ден да им оставиш не пак 5000 да уплатиш и после чади се!КРЕТЕНИ!!!
Оние бесплатни патувања од Травел Хаус се чиста глупост. Имаат состаноци каде перат мозок и со тек на времето ти зимаат пари и на крај еве патување бесплатно кое нема ни Б од бесплатно. И јас добив писмо го фрлив одма. Иначе 2-3 години одам со Пилот травел и презадоволна сум, како ќе се договориш така, одлични се. Бев и со Оскар травел во Будва, сакавме студио соба за двајца и ни јавија дека имаат место во хотел кој е поисплатлив и да ви кажам да се живи и здрави што ни го кажаа, за иста цена си бевме во хотел со полупансион наместо во соба од куќа. А јас не сум била, ама ептен, ептен негативни зборови слушам за Савана. Многу се разочаруваат луѓево од нив. А и за Џоли травел сум слушала убави зборови. А јас имам со Нехар негативно искуство, поврзано со апсолвентската каде залепиле на врата дека се променува датумот за поаѓање за еден ден порано, а не не известија по телефон. Што треба да поминувам покрај Нехар секој ден да видам известување? Огласна табла да не имаат бог да чува И замислете дознав 2 часа пред тргање дека ни е сменет терминот. Не сакате да знаете што беше тие 2 часа, а не сакам ни да знам откако се спремив набрзина и тргнав што уште не им изнакажала мајка ми кога отишла кај нив со родители на уште неколку што тргавме. По пат речиси се беше добро, али нас ич не ни се погодија водачите, глупи преглупи, на другата тура што беа во Рим беа супер водачите зашто друга другарка беше таму. Затоа Нехар никогаш повеќе на моја листа за агенции кои ќе ги разгледувам. Среќа имаат што тужба не им лупнавме.
лелеее...ќе се убијам...мајка ми веќе уплати 1000 и нешо евра и баш планиравме летово да го искористиме тоа за во Грција..ако и нас вака не заебат ќе ги ТУЖАМ!!! а ми беше нешто сомнително...знаев дека не требаше
Истото ни стигна и на нас преку Блузоне порака, и знам татко ми се јави и да имало бесплатно патување али само сместувањето и храната а патот останува на твој трошок али ова важело само за луге во брак од 27 до незнам колку години. И моите беа до Скопје да видат како шо, дека преку тел им рекоа дека може помегу повеке дестинации да одберат во кои беше и Грција а пошто ептен блиску до нас и затоа ипак и се решија како шо да видат до Скопје. Ај шо ги пукнаа таму 2 саати, муабет, финансиска состојба каква им е ова она...не им ја дадоа Грција пошто била премногу блиску до нас (мање битно шо на почетокот беше наведен слободен избор) и им лупнаа таму еден остров во Шпанија шо повеке оди и накај Африка каде летот е 500 евра за еден плус доплакање до островот. Глупости.
^ Јас ќе патувам летово преку Контики, и искрено позадоволна сум од нивните понуди него од овие на нашите туристички агенции. Ако ништо друго доколку стане збор за проблеми при сместување, или било кој друг вид на проблем се каде-каде поорганизирани.
Баш и затоа прашав, некако ми се поефтини и примамливи. Единствено патот до Белград или Софија во зависност ако се лети со авион....
АЈ КАЖИМИ ШТО НАПРАВИ ТИ ТЕ МОЛАМ.Бидна нешто??? мене не ми креваат тел во агенцијата кога гледаат дека некој е од охрид изглеа и им се јавив од мовилен и кренаа,и се искарав да ти кажам искрено...и ај конечно ми пратија понуда ама 2 хотели само жити понудата а цените се поскапи јас најдов за истиот хотел поевтини,а тие демек по промотивни цени требаше да ми дадат,абе измислици еј... Не одам преку нив,нека се гонат со се тие 1000евра,нема чаре...немој да сте доплатиле веќе пари ќе зажалите верувај. Напиши што е како е кај вас ситуација,поздравче.
Абе ништо до сеа не сме напраиле..планираме да го искористиме тоа патувањето за грција што е од 1 септември, па треба да се јавиме да прашаме што како... колку што разбрав во договорот, бесплатно е сместувањето во хотелот, а за јадење сам си плаќаш и тоа ти викаат задолжителна уплата на полупансион во самиот хотел..не смееш сам да си готвиш -.- И не сме платиле 1000евра, туку 400е така мајка ми ми кажа, ја се смешав со бројките Ако не бидне нешто од ова незнам што ќе правам ејј...тешко нив.... Ако имам некои информации ќе ти пишам обавезно