Јас ке одам на одмор преку Метфил, многу ефтини и убави понуди има, според мене, ваше е да одлучите, а мое е да ја пофалам и да ви ја препорачам
За скопски агенции можам да зборувам само за Фалкон травел. Лани патував со нив и дефинитивно ќе кажа, дека сум задоволна. Нормално далеку од тоа дека се било совршено, но дефинитивно се ок. Инаку јас лично преферирам да се оди на одмор на своја режија , без агенции, но не секогаш е изводливо.
Дали знаете кои агенции организираат ефтини шопинг тури за Грција? И дали истите се организираат само за викенд?
Братучетка моја беше со Фибула пред 3 години во Анталија и оваа година пак со нив во Кемер. Таа е задоволна, вика - на самиот веб сајт ги имаш цените..попустите...слики и веб сајтови од хотелите, се на едно место. И башка задоволна и од организацијата и изборот. Ама па сега зависи во каков хотел сакаш. Друг па братучед беше со авион исто во Анталија ама од најефтините понуди, тој задоволен се иако хотелот му бил подалеку од плажа.
Општо непишано правило е, ако сакаш одмор во Турција оди преку Фибула затоа што газдата е турчин и ги закупува хотелите кои се пристојни за наш џеб (за кого како). Во суштина колку пари толку музика ама се убаво си пишува и на сајтот и ако отидеш лично во агенцијата. Нема превари као, плажата е до хотелот ама не баш...
Дечки во септември ќе идеме во Грција, може ли осигурувањето сами ние да го платиме во некоја осигурителна компанија или мора да ја платиме преку туристичката агенција?
Информирани ли сте, женски, за некои еднодневни тури до Грција на плажа од кои агенции се организирани и кои денови се оди???
Само позитивни зборови имам за агенцијата. Навистина се фини и ангажирани. Ако треба нешто да се заврши и од дома ќе ти го завршат. Способни се во истиот момент да ти кажат што те интересира, а не да одолговлекуваат и да те лажат. И понудите не им се скапи, и што и да има ќе ти се јават и ако случајно по грешка ти се јават ќе ти се извинат 100 пати. Премногу се фини и културни и си ја знаат работата.
Јас бев преку Фалкон и навистина се покажаа како добри организатори. Плус имаме одено порано и на екскурзии преку нив и навистина било супер, како што кажале, се исполнето
На сите форуми сте оставиле горе наведеното ...секаде е така собите се напуштат по рано за да се средат за другите гости. Јас бев со истата агенција на закинтос и нема ништо врска со ова што го пишуваш.Стигнавме во 10 30 часто во 11 бевме во собите,на заминување си дојде човекот на врата фино лепо за да не извести дека треба да ги напуштиме собите, а не те фрлаат како куфер од соба.А за пешкирите, па одиш на одмор нормално ако не носиш пешкири што друго.Значи агенцијата ти нуди понуди од различни вили со различна цена...колку плаќаш толку добиваш, па неможе за 100 евра да те носи зима со автобус и траект на долг пат, сместување па и на крај мани наоѓаме сакаме и јадење и пешкири и до плажи да не носат епа нема.И во хотел со 5* да платиш ке почекаш и таму.
Вистина е ова што е пишано погоре се чека 4 и пол саати по пристигањето до превземањето на собите со куферите буквално на улица. Тоа е многу непрофесионално, но го прават за да го усогласат времето за траект, како и да е не го оправдувам тоа, требало да се договорат убаво со вилите да не примат колку може порано барем во 12 како што е најчесто секаде, а не после 2. Катастрофа!!. И на крајот исто така не избркаа буквално не не оставија ни да доручкуваме на раат дури пред 9 часот почна да ни тропа газдарицата, но тоа сепак нема врска со агенцијата. Инаку автобусите си беа ок, и климата си работеше најнормално. Инаку во која вила си била сместена зошто мислам дека само во една од вилите одма ги сместувале кај што немало многу соби. А за тоа што не очекува бевме известени во автобусот кога пристигнавме
Од искуство ќе ви кажам...неможе да ве примат одма штом стигнете бидејќи треба да ги исчистат собите од групата пред вас...обично одма штом се исчисти треба соба да ви дадат, бар јас досега сум имала такво искуство.ила И во хотел да си ќе чекаш ред... и со кола да одиш, правила се правила...напуштање на соби во 8 или 9 - влегување после 12 и нема лутиш. туку сакав да кажам дека имав најгрозно искуство со ЛЕТС травел - пропаднаа господа да ги казни, не зезнаа толку патници со уплатен аранжман за Кипар, среќа моја што мојата посредничка агенција ни ги врати парите и отидовме Хрватска во последен момент...ама имаше луѓе кои уплаќаа диреткно таму и во последен момент не зезнаа сите, срамота...распашана банда, клетвите да ги стигнат..илјадници евра украдени. а да, една братучетка моја беше на Лефкада со една кумановска агенција ...заборавив името - хаос вика..стигнавме на лефкада, гркот не не прима...кумановецот немал платено...па хаоси...страшнооооо со агенцииве
Некој да не знае или се сеќава која агенција имаше летни тури (како одмор во Јули/Август, не апсолвентски екскурзии) за Азурен Брег, Шпанија и Италија со автобус? Знам некаде прочитав за тоа ама никако не можам да најдам каде и за која стануваше збор...
Бев сместена во Blue Waves прекрасно немам зборови за таму, па вилата не е мала.Секоја ден идеа чистеа во собите,менуваа постелнина, немаше потреба да се замараш ни со пешкири ни со чистење, до садевоте ги миеа,презадоволна сум и од понашање спрема нас и се.Плус имаше пожар во близина на аеродромот се деси голема паника снема струја секаде во лаганас, а вилата спрема топ имаше агрегат струја одма имавме.Презадоволна сум..
[/quote] Аха епа јасно дека си задоволна зошто тоа беше најубавата и најдобрата вила во понудата Затоа и ве сместиле одма, што не беше случај со другите вили. Инаку ја видов и многу ми се допадна ако одам некогаш пак на закинтос, би ја одбрала таа вила.