Девојки замина ли некоја на одмор со Јупитер агенцијата со тие наградите што беа за Крф? Баш ме интересира... Ако некоја заминала нека сподели како било
Читав некој понуди на ,,Savana''туристичката агенција за крстарење ми стои убаво и примамливо од 1.01.2013 за 200евра сега ке завртам телефонски да прашам.Од предходното напишано од ваша страна читам има многу задоволни од оваа агенција.Имам распуст од 20дена и искрено ми се оди некаде.Јас лично во последно време патував со Атлантик -турс од Кавадарци презадоволна сум имат убава понуда за дочекот на нова година,но таму веке била. Предложете ми вие некоја агенција каде се организираат крстарења. Која од вас е била на крстарење и какво е доживувањето.
Феминки ме интерсира вашето исуство со Атлантис за нова година,се мислиме со маж ми да одиме ама досега не сум слушнала и не сум прочитала ни добар, ни лош коментар за агенцијата Инаку од мое лично искуство би кажала дека дефинитивно најлошо организирани агенции се ТАЛИЈА ТРАВЕЛ (ккога бев за Лефкада) и ПЕТ(кога бев за Крф).
^Овие ПЕТ хит ми се. Трчавме со мајка ми во последен момент да бараме за одмор, и влеговме ајде таму да прашаме за Малта и човекот пред нас што беше си дошол фино лепо да си уплати делот што му останал, ден пред тргнување на одмор. Верувале или не одговорот беше: летот нема да се одржи. Дали авиокомпанијата нешто ги зезна или некој друг, не знам што беше работата, ама мајка му стара на тие грдни пари што се фрлаат за летување да не ти се јават, сратамо. Веќе спакуван башка. Јас морам да ги пофалам Фибула, затоа што ова лето го имав навистина најдобриот одмор. Претходниот пат кога бев во Турција со нив си рековме сите тројца дека никогаш повеќе нема да ги одбереме, и сега на газ паднавме.
Јас бев со Јупитер агенцијата сега во јуни месец, не сум многу задоволна од организацијата и не беше како што пишува во прилогот, не знам дали беше така зљтоа што бев во почетокот на сезоната т.е први ние ја отворивме сезоната . Значи во прилогот пишува пена парти, крастарење со јахта, игри на плажа, забава со бела облека , коктели, забави во приватни куќи, и не се сеќавам веќе што... Од апартментот сум задоволна , беше чисто и средено , кај некои пријатели беше ужас , имало влага , инсекти и, стара постелнина и не знам што уште не ..... Од забавите имавме само забава во бело , и бевме во една приватна куќа .... Имаше крстарење по морето се плаќаше 25€ мислам , имало игри на плажа но само 10 луѓе отидоа , имаше шетање во градот Корфу 20€ значи се си плаќаш ... Нема некои посебни забави. , пиењето сам си плаќаш на дупла цена , а гратисот коктели беше во помали чашки за ракија значи нема ни забите да ги намокриш..... Ако имаш добра компанија и знаеш да се забавуваш можеби и ќе си поминете убаво , а и тие водичите многу не беа пријатни , така да не сум задоволна
Zdravo, Bi sakala da prasham dali ima iskustvo nekoj so tsc air travel ??? Sakame za nova godina preku niv, pa se mislime uste
Пред малку ми се јавија од туристицка агенција Јупитер дека сум добитник на бесплатно сместување со појадок во Истамбул, преку игри на фб, а треба само патот да си го платам. Дали некоја од вас или вашите блиски има искуство со вакви добивки, да не е некоја измама да ми земат пари само? Сподилети и искуства ако некој бил преку нив, немора да е во Истамбул може и на друга дестинација.
А колку ти побараа за превозот? И на вујна ми и се јавија за во Банско, и на дечко ми. Уште на мене да се јават и ќе си потврдам самата дека на сите се јавуваат и сите се добитници
хехе, изгледа на сите вртат, разгледував на темата има многу што добиле, но никој не отишол. Инаку ми бараат 77 евра за превоз, 10 евра за осигурување и 2 евра такса.
И мене ми се јавија за во Банско и ми бараа толку пари за превоз колку што би коштало цело патување ако отидам сама
Имам релативно средно искуство со агенцииве, и од досега виденото и доживеаното, неможам а да не се пожалам од агенција ПЕТ! Непрофесионализам на највисоко можно завидно ниво! Прав хаос се вработените кои ги пуштаат како водичи или пратњи при патувањата (во лето ), и ај да не ширам апла анти кампања против истите, не би ги споменувала... Ама не се тие криви, таков им е и менаџментот и претпоставените, изгубени и неорганизирани. За твои пари да те за*баваат? Никогаш веќе со нив!
Со ПЕТ ни јас никогаш повеќе, културното однесување не им е од менаџенментот, туку од самите нив, да не го спомнувам, едниот водич за нова година за Будимпешта = ужас, во минус, а за Јупитер - другарка моја отиде на КРФ летоска...плати само превоз, смешна цена незнам и сама...се измами за ефтината цена, меѓутоа сместувањето и беше на 800 метри од плажа, по угорнина - вика кутрата абе на плажа не ми се одеше кога ќе ми текне каде е сместувањето, па така драги мои ...прашајте во кое село во близина на Банско е сместувањтео, да не утнете во тој дел
Да не знаете некоја агенција која веќе извадила понуди за Турција за летово? Не мора само наша, може и српска да е.
До сега имам прек Игуана и Савана патувано и не можам да се пожалам,организација одлична и патување за паметење
Дали некој има искуство со САМА ХОЛИДЕЈ туристицката агенција од Велес ? Некако избрзавме со мм и уплативме за во Паралиа кај нив hock: