Искуства со Санлајн Травел од Белград? Има некој што одел за Египет преку нив? Читав на српски форуми и позитивни и негативни критики, има некој наш да се пожали/пофали?
^ Анатх, претпоставувам желбата ви е огромна за во Египет бидејќи повеќе пати прашуваш, ама најдобронамерно би ти препорачала да не го бирате годинава... Од причина што и на мапата е обележан како најнестабилна и небезбедна земја последниве години. Тоа што балканскиве земји не гледаат на тоа и сепак резервираат аранжмани е само уште еден одговор на бесконечната желба за заработувачка. Никој не ти гарантира за безбедноста. Ризикот за терористички напади на туристичките места е од среден кон висок... особено во екот кога има голем наплив на туристи од Европа. Иако генерално нели се френдли за туристи,ама во моментов... не се баш најсјајни... Подобро Тунис, Мароко, него ли Египет...
луѓе има ли некој патувано со скобул,планирам за 1ви мај да одам со нив имаат одлицни понуди....тханкс
Доцна го гледам коментаров, ама еве, веќе уплативме, минатата недела. Знам дека не е безбедно, ама очигледно многумина не мислат така. Го одбравме Египет, конкретно Хургада, затоа што само во тој дел е топло во периодот во кој сакаме да одиме. Средоземно Море е ладно, Црвено Море е подобра опција за крајот на април, почетокот на мај. Како и да е, јас верувам дека супер ќе си поминеме и ќе се одмориме.
Добив "наградно патување" од агенцијата Јупитер, ми се јавиа на телефон а потоа и на маил ми пратија. Еве што ми пратија.. Достапни се двокреветни и трокреветни апартмани. Со себе може да поканиш 1 до 5 луѓе. За секое лице се плаќа само превоз,туристичка такса и осигурување. АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ (СКОПЈЕ- КРФ -СКОПЈЕ) · Ниска сезона 57€ · Средна сезона 78€ · Висока сезона 87€ *Редовната цена е 177€ + 10€ пријава + 6€ туристичка такса. Цената вклучува 6 ноќевања во приватни апартмани, автобуски превоз Скопје- Крф - Скопје, придружник на патувањето. За добитниците на платено сместување, цената за превозот се плаќа на 3(три) еднакви рати: · Ниска сезона 3 х 19€ · Средна сезона 3 х 26€ · Висока сезона 3 х 29€ *Во цената не е вклучена т.такса 1€/ден и задолжително патничко осигурување 5€ (се плаќаат пред тргнување) За потврда за тебе, и оние кои ќе патуваат со тебе, ќе ми требаат следниве податоци: · Термин на патување · Име и презиме, датум на раѓање · Адреса · Број на мобилен телефон · е-маил Сместувањето во апартманите можеш да го погледнеш тука Препорачуваме ЈУПИТЕР АЛКА (29€) која вклучува: ü 1 х повратна карта за траект (ИГУМЕНИЦА-КРФ-ИГУМЕНИЦА) ü 4 х бесплатни пијалоци во JUPITER BAR ( Купи 1 –Добиј 1 Гратис) Влезници и учество на следните настани : ü 1 х влезница за ПЕНА party во Montecristo Club ü 1 x излет на вечерна WHITE PARTY (организиран превоз+влезница) ü 1 х Pool Party @ Vila & Bar Theo Tzoros, Ipsos ü JUPITER Opening party ü After beach party @ ALOHA WHITE Beach Bar ü Одржување во апартманите ü Дежурна служба за 24ч customer care ü Организирани дневни и ноќни забави со аниматорите на ЈУПИТЕР ü Попуст на сите факултативни екскурзии и разгледи организирани на островот ü 10-15% Попуст на храна, менија и пијалоци во рестораните-соработници на ЈУПИТЕР во Ипсос: Jimmi’s gyro; Papagalos Fast food; Bonita Pizza & Restaurant; Stathis Tavern; Cocoon Cocktail Bar; Ipsos Gift Shop; Phatom Rent a bike. Деталната програма можете да ја погледнете тука ПОРАДИ ТОА ШТО ОВАА ЕКСКЛУЗИВНА НАГРАДА, ИМА ОДРЕДЕН РОК НА ВАЖЕЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈАТА (по потреба рокот за пријавување може да се продолжи) Се што треба да направиш е, да ги собереш горенаведените податоци на пријателите и до Четврток (до 18 часот) да ми ги пратиш на меил. За се останато ќе се погрижиме ние! За дополнителни информации за патувањето, јави ми се или пиши ми на меил. Имајте Пријатен ден, Што мислите? Некоја превара е или ...
^ Лажат од Јупитер не им верувај. И јас добив зимата за Банско и кога ми се јавија сосе такси и се требаше да платам 110 евра... А толку е и да одеш преку агенција... Нагрдава им е демек сместувањето бесплатно а се да платиш друго сам, а уствари толку е и преку која сакаш агеција да одиш.
Јас летото добив порака од Јупитер за на Крф, се распрашував тогаш слушнав и добри и лоши искуства (искрено повеќе лоши од добри), знам дека имало проблем со траектот наводно во последен момент се сменала цената па ајде сите по 10 евра плус, исто во врска со сметувањето слушнав дека имало проблем и одлучив да не одам. Исто малку што ме збуна тогаш беше тоа што можев со мене да земам уште 5 души и за нив сместувањето платено, да се плати само патот too good to be true! На крај цената доаѓаше исто како и цените на другите агенции, така што моја препорака ти е да не лажеш многу на вакви понуди, ама одлуката е твоја
Бонбона92 ,и јас пред три дена ја добив истата понуда од Јупитер и навистина незнам што да правам ,најзафркнато е тоа сто самата ниѓто не плаќаш ама затоа тие што ќе ги поведеш со тебе тие може да бидат зафркнати
Незнаев кај да пишам па ај тука оти го имам сличниот проблем. Во саботата се јавиле дома од некоја си здравствена установа или незнам точно што СИДРА и на мајка ми и рекла дека нашиот број бил избран и добиваме магнетна огрлица и вечера во ресторан во нашиот град. Значи женава кажала како што и оставила број да го потврдиме присуството. По консултирање мајка ми се јавила и прашала како ни го избрале бројот и и рекле автоматски и сега незнам што а правиме. Вечерата е денес во ресторанот. Ќе прашаме таму да видиме што ќе ни кажат.
Toa се некои презентации, ќе ви дадат нараквица со магнетче, ќе ве частат вечера, и така... Маркетиншки трик, ништо страшно Слободно идете...
Да. Се јавија, прашаа, вистина било. Ама за секој случај поарно да си прашаш да не се избламираш таму.
Искуство со агенцијата Нехар? Имаат убави понуди со автобус за повеќе европски градови, ама немам ниту лично искуство со оваа агенција, ниту наслушнато од други...
И јас би сакала да ми кажете некое искуство за оваа агенција? Сакаме да одиме во Турција преку нив, па некои препораки за хотел/смештај??? Јас бев на таква кратка тура со Нехар. Од нивната организираност не сум задоволна. Всушност тие беа тотално неорганизирани. Ништо што беше според програмата не се оствари. Не шетаа со автобусот и тоа беше како некое панорамско разгледување. И така ние сами си се организиравме. Сами ако не се прошетавме немаше ништо ни да видиме. Програмата пред да тргнеме ја сменија илјада пати, а и хотелот исто. Појадокот во хотелот кадешто не сместија беше мизерен. Сув, бајат леб. Јас не разбирам колку скап може да е лебот па да даваат таков! Ама не беа криви од хотелот. На нас од Македонија ни даваа таква храна, а на тие од Србија илјада пати подобра. А за тоа е крива туристичката агенција и договорот кој таа го прави со хотелот.
Феминки идел ли некој на одмор преку патувањава што ги организираат Колегиум и Рапсоди травел?? Да кажете збор два??
И мене ми се јавија од Јупитер зимава за во Банско, демек само патот ама искочи исто како сама да одам.. Инаку, препорачајте некоја добра агенција за летоска, за грција, црна гора добри понуди што имаат.. Сакаме во Лефкада ама некако многу доаѓа
Да,за жал јас имав искуство со ТА Јупитер.Несакам очи да им видам веќе Наводно добив награда 4 дена во Банско,со моја доплата од само 50 евра.И така јас,среќна и весела,си викам конечно и јас нешто да добијам,отидов во агенцијата да се распрашам кај ќе бидам сместена,јадење пиење и се остало.Ми кажаа дека се ми е гратис,јадење и пиење,дека ќе бидам сместена во хотел,замислете ми го покажаа и на нет хотелот(со базени,џакузи..лудило). Но,се случи нешто неочекувано. Прво патувавме од Скопје до Банско цел ден(од 7 сабајле до 9 вечерта,а до банско се потребни 5 саати...крајно неорганизирано) Второ,една од патничките(незнам како)си го заборавила пасошот дома,па во Куманово моравме сите автобуси,да го почекаме татко и кој од Скопје и го носеше пасошот. Трето,требаше да има посета во Благоевград-но немаше. Четврото(едно од побитните работи)немаше ни х од хотелот што ни беше прикажан.Беше убав,да,не викам не,прекрасен газда(добар чичко кој ни изиграваше туристички водич,зошто водичот од Јупитер не го видовме никаде,а беше стаен во целата програма),убави соби,топло во нив,тв,wi fi..итн. Петто-единствено негативно А НАЈБИТНО,хотелот немаше кујна(а нели,јадењето беше гага,па се поставува прашањето каде ќе јадеме??).Ни кажаа дека се јаде во хотелот што е во близина,но само доручекот е гага,се останато е со парички. Шесто-требаше да бидеме сместени јас и дечко ми сами,нормално нели Но,не сместија со уште еден пар кој прв пат го гледаме во животот. Седмо-еден куп патници(среќните и наградените) стоеа во рецепција во 9 саат навечер(кога стигнавме) бидејќи испадна дека немало никаква резервација од Јупитер(морам да кажам дека бев среќна што бев меѓу оние што си земаа соба) Осмо-оние хотели кои ни беа прикажани пред да тргнеме,беа зафатени со вработените од Јупитер(они си уживаа во тие поволности) Девето-сите предвидени посети не беа остварени,самите си бевме организатори на своето време поминато таму Десето-главните организатори не ги видовме тие 4 дена. Мој совет ,немој со нив да патуваш..имаш еден куп агенции,сериозни во своите понуди.Овие дотичниве се лопови невидени.