i mene mi se javia od Jupiter deka sum dobitnik...ama ne odam deka terminite ne mi odgovaraat...ja na 15 treba da se zapisam na fakultet...inace i brat mi dobi besplatno patuvanje toj ke odi. Pa ke vidime kako e...mene mi kazaa deka super bilo,drugarki moi bile platila za alkata..i site zurki im bile besplatni,smestuvanjeto bilo ok..
Другарка моја само што се врати од Крф (Ипсос) со таа понуда од Јупитер ама не доби награда туку си уплати најнормално. И ми кажа дека таа алката што преку наградава ќе ти кажат да ја платиш 40евра, она ја платила 8 или 9 евра !!! Значи фактички си го плаќаш смештајот. Мене ми се јавија за наградата ко и на секој втор и ми кажаа дека се плаќало 40евра за алка... Ама океј, убаво си поминале. Имало огранизирано забави на брод, на плажа итн. За млади е супер.
Ние секоја година одиме прку Олимпија(струмица) и сме презадоволни како што ти прикажуваат така е оваа година резервиравме за тасос преку нив. Спојлер еве линк од агенцијата http://www.olimpija.com.mk/
Некое искуство со Ин травел агенцијата од Скопје? Сакам да резервирам аранжман преку нив за одмор, па да ми кажете нешто повеќе...
Има ли некоја прилепска агенција што нуди превоз до Грција - Паралија и враќање назад за 4 или 5 дена?
Дали некој има патувано преку агенцијата Kon Tiki Sky од Скопје? Мене воопшто не ми е позната, па доколку некој е подобро запознат со истата би било добро да ми даде некаква информација
Ако сеуште се мислиш,немој повеќе.Јас бев на закинтос преку нив годинава со турата од 17 јули,и топ си поминавме.Дечкиве се ептен организирани. Идете со млади водичи кои ќе би ја направат журката уште подобра.Има журки на брод, игри на плажа, секоја вечер забави. Секако се се доплаќа од тоа но ок е. Јас не ги мењам повеќе.
Искуство со Т.А. Фибула (не е мое лично ) Спојлер http://off.net.mk/pisma-na-chitateli/pisma-na-deca-begalci-vo-egejska-makedonija
Еднаш прашав мислење за ЕТЦ травел, но никој не напиша. Еве јас да го споделам моето искуство - Најдобра агенција, браво за нив. Искрено вработените не ги ни запознав, преку интернет ни пуштија се што требаше. Навистина професионална агенција - се беше на ниво!
Не сум патувала преку туристичка агенција, ниту планирам да патувам. Имам читано за лоши искуства со агенциите, па немам доверба во нив.
да го споделам моето искуство со Виор 2 хорор катастрофа . патувавме за турција конкретно кушадаси автобусот хаос климата е само поим седиштата скршени они продаваат седишта а немаат што да понудат за таа цена. Имаат така наречен водич каролина таа незнае ни што значи да водиш група луѓе во друга држава ако е само да се соберат пасоши тоа го може секој отидовме како така да речеме добро ама навака ужасно не остава да чекаме на пат 7 саати на темепратура од 40 степени без да не извести дека има проблем автобусот и одговор на сетот тоа е дека немала телефонски број па таа како водич како поаѓа така има од хотелот ама очиглредно е поставена само колку да ја има а не да врши некаква функција нема никакви човечки караткетистики ни особености затоа за ваче добро и да имате убаво и пријанто патување добро внимавајте искуството со ВИОР 2 Би ви било хаос
Како правам јас. Прво ќе си одберам дали сакам да одам на одмор со море, или сакам убаво да проучам некој град. Ќе си одвојам еден ден за шетање по агенции, многу е убаво што се горе-доле сите на едно место, и почнувам. Детално се распрашувам за понудите, и на крајот од денот останувам со неколку кои најмногу ми се допаднале. Дома, ги проучувам, барам на интернет што-како-каде, се одлучувам и по неколку дена уплаќам. Среќа, ми се нема случено никаква превара, или ветено-неостварено. Менување на хотели, чекање авион и сл. разни ситници се случуваат секојдневно од многу агенции низ целиот свет. Не се случува тоа само кај нас, немојте одма со стереотипите. Сега зборував со едно девојче кое летово беше до Мадрид со автобус. Многу било долго патувањето, многу било топло, хотелот ужас. Извини, ШТО ОЧЕКУВАШЕ ? Дека за 300 евра ќе ти обезбедат личен масажер и жена што те лади со лепеза нон-стоп, дека си сместена во Four Seasons (или некој сличен) во кралскиот апартман. А можеби и летачки автобус. Колку пари-толку музика. Значи, прво разгледајте повеќе понуди, па размислете си на раат, загарантирано нема да имате проблеми. Тоа што некој одлучил да иде 2000-3000 км со автобус, по најтоплото е негов проблем. Значи, не е агенцијата крива. Немам некоја омилена агенција, ниту некое лошо искуство со некоја друга. Единствено не ме привлекуваат понудите во Фибула, секогаш кажуваат половина цена и кога убаво ќе прочиташ, ќе видиш дека не е толку евтино. Ама, којзнае, можеби некогаш баш таму ќе си најдам најдобро скоцкана понуда. И мразам кога некој ме убедува да идам со автобус.
За Грција, Хрватска и Италија секогаш одам на самостоен режим. И многу сакам кога одам со кола. Без rent-a-car, без фаќање автобуси до плажа и назад. И многу повеќе се исплати.