1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Туристички агенции

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 30 март 2010.

  1. joanna90

    joanna90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    31
    Ако патувал некој за Калитеа преку Т.А Атлантис го молам да ми пише пораче :)
     
  2. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.240
    ајде и јас да ја пофалам Виор 2 :lol:
    Ако сакате да го имате најкатастрофалното патување, Најужасниот Хотел со прекрасно неподнослива храна од пред 2дена, најинтерактивниот водич Каролина -која одкако ке ја запознаете т.е. одкако ке ви го кажат нејзиното име, Никогаш повеке нема да слушнете ни па да ја видите - она е VIP, она доага со вас ,ги зема вашите пари и се води како ваш водич .... и станува Фатаморгана.
    Автобуси со клима, па луге мои таква клима има само на Сахара -денски 50 степени навечер замрзнувачка, незнаеш што е подобро дали топло или ладно.
    И организација на ниво -Ако ви речеме дека ке тргнеме во 14часот, ние ке дојдеме по вас во 20часот, или нема воопшто да се појавиме.
    Главниот збор на патувањето го има возачот-Ни случајно да не ви текне да побарате нешто зошто одговорот што ке го добиете е ....Не ми се зенесувај зошто ке го застанам автобусот и ке ве оставам тука...за ваков ендемски вид треба реклама :geek:
    Искрено му посакувам еден ваков одмор на тој што ја доделил лиценцата за Туристичка Агенција на Виор 2. Верувајте ова ке ви биде најнезаборавното патување во животот, после кое сте спремни за рехабилитација.
    А и ова го забравив ,ни случајно да не мислите дека вие си го бирате хотелот. Одите во агенција бирате хотел-Јас се направив по паметна па го одбрав поскапиот, уплатив, добив ваучер кој гласи на негово име, ....И кога ке стигнете таму ке ве стават во друг, а одговорот на тоа е каде сте го нашле хотелот па тие не соработувале со него :^) .Што значи ако платиш повеке ,ке добиеш помалку...Абе кој ти е крив што си глуп. Во нивната агеницја гласи правилото- Колку повеке пари им оставаш-толку поголемо магаре те прават :clap:
     
  3. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Искуство некое со туристичка агенција Јупитер и нешто во врска со наградниве квизови од фб и добивање на бесплатно сместување за викенд во Истамбул,Виена и уште некое имаше не ми текнува... си го плаќаш само патот колку што ми кажаа 99евра и плус 9евра за такса ...
     
  4. Natrapnik

    Natrapnik Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Јас сум добитник, планирам да одиме за Истанбул, 3 сме, треба да доплатиме 69 евра превоз и алка од 29 евра. Прв пат одам на такво патување, и незнам како ќе поминам.
     
  5. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Убаво да си поминете, јас најверојатно нема да одам и некако сум скептик :D најверојатно сме добиле од ист квиз и како тоа за превоз ви е по 69евра.. дали зависи од бројот колку лица одат па се намалува цената или ?
     
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Луѓе ова со наградиве од Јупитер, воопшто не е награда. Само патот го плаќаш, како не. Ти велат дека го плаќаш патот, а уствари си го плаќаш целото патување. Викенд за 99 евра патот плус 9 евра такси = 108 евра. За овие пари има понуди и за 4-5 дена. Јас искрено не би одела со Јупитер, уште помалку со вакви фори, а имав неколку можности за Банско, за Крф. Пред некоја година на моите дома им стигна писмо преку пошта :fubar: со рекламен материјал од Јупитер, со ваква понуда, ама беше избор од неколку дестинации. Кога се јави татко ми, го офајдија со тоа колку всушност треба да плати.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Излегува скапо само за викенд една другарка пред неколку години имала таква некоја понуда уште кога почнувале Јупитер со работа и за околу 100евра била 7дена на Крф ..
     
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    "Савана" ми е најдобар и најсигурен избор досега. Инаку би сакала да прашам, има ли некој без факултет работено во туристичка агенција?
     
  9. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Дали има некој одено во Грција преку Српска туристича агенција, доста се поевтини а скоро сите аранжмани им се со 10 нокевања?
     
  10. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Дали има некој одено во Грција преку Српска туристича агенција, доста се поевтини а скоро сите аранжмани им се со 10 нокевања?
     
  11. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Да не има некој искуство со Хисар? Каква е агенцијава?
     
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Јас имам позитивно искуство. Водичите беа ок, пријатни, дружељубиви, шоферите исто. Автобусите беа ок, редовно чистеа и исфрлаа ѓубре. За сместувањето се беше во ред, онака како што пишуваше во програмата, така и беше. Јас повторно би патувала со нив :)
     
    На miljkovic му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Многу лошо искуство со Кондор :|
     
  14. MiA-1

    MiA-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Ви ја препорачувам САВАНА. Тоа што го пишува во понудата што ја земаш тоа и го добиваш. Автобусите им се удобни, хотелите се прекрасни,со сите удобности (wi-fi,базени,џакузи,теретана,телевизија,убава храна) ... барем таму кај што бев јас. Водичите се млади и многу љубезни и комуникативни и што е најбитно прават се што е во нивна можност да ја реализираат понудената програма. Јас сум презадоволна од нив :)

    Додека ЈУПИТЕР, во никој случај, никако, никако, воопшто не се сериозни. Катастрофа се.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    И јас сум задоволна од САВАНА. Лани бевме на Закинтос со нив, не носеше еден Василиј ли беше, закон човек.
    Автобусите им се супер, вилите така така, барем овие на Закинтос. Гледам и оваа година ја имаат истата во понуда, ништо фенси ама сосема ок за одмор.
    За другите места гледам имаат супер вили, особено Касандра и Ситонија.
     
  16. Stella.21

    Stella.21 Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    2
    Какво искуство имате со Атланис ? имаат многу добра понуда за 8ми Март во Банско па дали се сериoзни, да не излезат секакви скриени трошоци подоцна.. еве ја понудата инаку : http://www.atlantis.mk/ponuda/8-%D0%BC% ... ys-4*.html
     
  17. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Какво искуство имате со Skobul агенцијата ? :)
     
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Бевме во Будимпешта со нив.
    Цената е таа што ја плаќаш во агенција, значи 38.5 евра плус 40 евра по човек. Плус патничко осигурување и не е наведено дали туристичката такса е вклучена, во Бугарија плаќавме по 1 евро на ден туристичка такса :)
    ОК агенција е, мислам дека не би имале проблеми.
     
  19. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    *Јас имам лошо искуство со атлантис,плативме за едно а добивме сосема друго.Плативме за убав смештај а добивме катастрофа,башка човекот што беше одговорен таму за сместување се занесуваше до немај каде.
    *Исто лошо искуство со македонија сообраќај,(идевме со автобус на агенцијата Виор затоашто работеа заедно,и автобусот беше катастрофа невидена,немаше ни клима а патувавме 20 саати.Кога стигнавме немаше место во хотелот во кој што плативме па не сместија во сосема друг лош хотел,во кој имаше место.
    *Добро искуство со фибула,стварно одлична и одговорна агенција.
     
  20. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201

    Никако! Од мојот историјат со лоши агенции оваа е на врвот, ако може воопшто да се нарече агенција. Значи одбегнувај ги сите тие мали агенциички што се на автобуска, иако автобусите на Хисар изгледаат најдобро сепак и они спаѓаат во групата на гадови што ич не им е гајле за патниците :envy:

    Им се случува да те заборават, да не ти резервираат место за враќање, па после имаш карање, препукување, држ не дај ќе ти најдат некое ќоше кадешто климата е расипана и те дува директно у врат, а по дифолт столот пред тебе е расипан и некоја свињеста ќе се одвали, па ти седи и пцуј си се во себе, додека ареата на „свежо“ подготвен сендвич со кулен се шири во автобусот... :)