Па само за Крф видов дека имаат. Лефкада нема. Само Игуана и Ваикики имаат за Лефкада. Да не знаете случајно кои други агенции ја нудат Лефкада за поефтино? Во Ваикики е 220 евра, во Игуана е 270 евра за 10 дена.
Стаф- е нова агенција, сега пролетва ја отворија, затоа никој не ја знае. Не сум патувала ни јас, ама сигурна сум дека се сигурни, услужливи, што ветат ќе добиете и знаат како со клиенти. Моја пријателка е дел од оваа агенција, и верувајте може се мала агенција, ама се проверен тим, и сигурна сум дека до максимум ќе ви излезат во пресрет за се, и дека ќе сте задоволни од нив.
(se izvinuvam sto pisuvam latinica no nemozam na kirilica ) Dali mozebi nekoj znae poveke za DAMA TRAVEL agencija od Prilep,da me informira poveke. Kako e da se patuva so niv, kolku se bezbedni, nesto poveke za agencijata ... http://www.damatravel.com.mk/ Vi blagodaram od napred !
Не знам колку си запознаена, Дама Травел, всушност работи некако заедно со Бран, затоа што Дама ја има внукот на газдата од Бран, па соработуваат двете агенции во Прилеп. Минатата година ние бевме Бугарија, организација од страна на Дама Травел, превоз од Црво Експрес. Бидејќи бевме во недоумица до последен ден,таму ни дадоа супер понуди, не не лажеа во однос на престој, место, хотели...значи дечките најискрено постапија и во цената добивме тоа што навистина беше кажано. Ние сме задоволни, а слушам од многумина дека одат преку нив.
Јас имам патувано, ама на еднодневна екскурзија, овие што ги организираат за Паралија и Олимпик Бич. Нивниот автобус немаше клима, односно беше расипана. Оној другиот автобус е супер за разлика од нивниот (соработуваат со некој од Кочани мислам беше). Патувавме околу 5 часа и пауза никаде не прават, освен на граница додека се чека за пасошите. За летување не можам да ти кажам, бидејќи немам патувано со нив Би ги пофалила Црво Експрес, патував за Бугарија со нив повеќе пати. Прават паузи, даваат вода и кафе за сите патници (а на жешково некој да ти понуди вода и тоа како добро ќе ти дојде ). Или можеби мене така ми се погоди Со Медитеран немам патувано, така што не знам да ти кажам што како е.
Леле и јас сакам да знам дали има за Мајорка од Скопје , многу ми е малтретирање од Белград, ама како што ги гледав понудите по агенцииве не најдов за од Скопје. Ми фати око една понуда во Камелија Травел па сакам да прашам дали некој има искуство со таа агенција бидејќи не ја имам нешто слушано.
Здраво девојки Ја одбравте ли веќе агенцијата со која ќе патувате ова лето? Листајќи по понудите за Турција - Анталија, тотално се збунив .... Значи, истиот хотел т.е. истата понуда во двете агенции ( Аурора и Фибула ) е со разлика во цената од околу 100 евра и повеќе... Дали е тоа некоја измама со цел да привлечат повеќе луѓе или пак овие со поевтината понуда скратуваат нешто од аранжманот? Дури во некои понуди и описот на хотелот е до последен збор ист- копиран.. Што мислите вие, би замолила некој што ги пробал и двете агенции да сподели некое искуство или да даде некој совет
Да да, и и двете се со чартер лет Скопје- Анталија, и алл инкл. но сега видов дека оваа поевтината понуда е со едно ноќевање помалку..најверојатно е до тоа ..
Може и тоа да е. Ама некако 100 евра за едно ноќевање многу ми стои. А аеродромските такси вклучени ли се?