1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Туристички агенции

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 30 март 2010.

  1. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Кашиков е најголема превара у Штип. Ќе платиш за едно, а добиваш сосема друго, и слично. :D
    Не преку Кашиков. :!:
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Луѓенца, ај кажете агенција шо има понуди за Грција, превоз и сместување, ама накај Аспровалта, Ставрос, тие места.
    И од прилика колку би чинело 7-8 дена за двајца?
    Ич немав време да одам до агенција овие денови, само во една бев ама скапо бре, баш да видам дали се слични понудите.
    На фб на страните само ласт минут има, а ни на тоа не ми одговараат датите, од 15 јули сакаме да одиме.
     
  3. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    патувал ли некој со туристичка агенција Пет и како сте задоволни?
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Виде во Орфеј?
    Или ако сте со кола може таму да си најдете смештај, и онака не е многу далеку...
     
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Бев денес по некои агенции, се одлучивме за Фурка, пошто сите ни кажаа убава песочна плажа имало - што ни е најбитно, а и не било со гужви многу местенцото, туку поинтимно и малечко, јас и дечко ми сме пензионери, сакаме убава песочна чиста плажа, и не натрупани места, да одмориме буквално.
    А исто и се мислев многу дали на остров или Фурка, ама не ни се патува многу годинава (а и јас веќе неколку денови имам стомачен вирус, матичниот не ми препорачува долги патувања), максимум до 300 километри рековме, островите за одгодина може, или па вонсезона најубаво.

    Некој коментар за Фурка, цени, што да очекуваме? :)
     
  6. MiladyDeWinter

    MiladyDeWinter Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    32
    Сакам да прашам дали некој имал искуство со HAK BUS агенцијата? Главната канцеларија им е во Тетово. Имаат многу добра понуда за Драч, и многу ефтина, па ме интересира колку може да има скриени финти :lol:
     
  7. bim00

    bim00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    93
    И не само Кашиков, исто и Црво. Штета што нема друг превоз за Бугарија од Штип, ова агенциите сите патници му ги предале нему. Црво е катастрофа, никогаш ама никогаш не се качувајте со нив да се возите. Пребрзо вози како да не вози луѓе, туку компири. Нема смисла значи, секој си платил и има право на организиран и стабилен превоз, а не на несериозен пристап кон клиентите. Очигледно само парите им се битни, но не и услугата која ја даваат.
     
  8. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Црвците се катастрофа исто. Имаат многу убави, опремени и нови автобуси и комбиња да, ама возат како ненормални. И да немаш проблеми со патување, од нив ќе ти се слоши.
    Се занесуваат демек многу искусни и јаки шофери се, а во тоа нема искуство и нема занесување.

    Како и да е многу луѓе одат преку нив затоа што имаат најефтини понуди во градот и околината.
     
  9. Quuen

    Quuen Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    2.603
    Пол:
    Женски
    Turisticka agencija PET
     
  10. ivic85

    ivic85 Нов член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    дали има туристичка агенција што оди до Ксамил-Аланија, а да не се патува преку Грција? :?: :(
     
  11. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Побрзо ти е преку грција, 4 сати пат кратиш
     
  12. ivic85

    ivic85 Нов член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    да знам , ми е истечен пасошот а треба да идеме во понеделник :(
     
  13. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    е тоа не ми текна за пасошот Ч)))
    види Балканнет.... мислам возеа
     
    На ivic85 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ivic85

    ivic85 Нов член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    фала , се снајдов со Маригона травел, идат преку Ќафасан секој непарен ден во неделата :)
     
  15. bim00

    bim00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    93
    Некоја агенција што има превоз за 4-5 дена до Грција или нема таква?
     
  16. DimaAmid

    DimaAmid Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    0
    Девојки,дали некоја од вас има патувано со HAK BUS агенцијата??? ја има во Тетово и Гостивар.. Некое искуство со оваа агенција? Дали исполнуваат се што ветиле?
     
  17. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    И јас се уклучив да прочитам нешто за оваа агенција, видов неверојатна понуда од 135 евра, па тоа е без пари . чекам и јас коментари
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Аурора и Савана - најдобри искуства
     
  19. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Дали има некоја ТА која организира превоз за помалку од 7 дена? Сакам да одам до Паралиа, но само 4 дена и се јавив во неколку агенции и ми кажаа дека превозот е организиран за најмалку 7 ноќевања. Би сакала да ме информирате доколку знаете за некоја таква агенција. :)
     
  20. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Вчера се вратив од Мајорка, патувавме преку Орфеј, значи тотална катастрофа испаднаа, летот ни беше од Белград и отидовме кај нив бидејќи велат дека имаат организиран превоз до аеродром до Белград за 70 евра за 1. Ни ги земаа парите, прво не ни кажуваат во колку ни е летот и го менуваа за 2 дена 3 пати, и на крај сами требаше да отидеме до аеродром а они ни ги платија катрите (од нашите пари), во Белград си фативме такси и отидовме до аеродром, а и летот ни рекоа дека е во 5 а всушност беше во 7 вечер и си дремевме на аеродром од 12 до 19 часот, сакајќи да го направиме поедноставно испадна сложено и многу мрцварење, значи Орфеј воопшто не беа искрени и да ги кажат работите како што се, дека сме биле само 2 за Мајорка па не им се исплатело да ни организираат превоз, а парите можеад да ги земат и после организирајте се сами, стварно непрофесионално, среќа што за назад не чекаше превозот од аеродромот во Белград за Скопје, а за србската агенција што не превзема од Белград немам зборови, стварно беа професионалци и си поминавме супер одмор, добро ќе беше да не не изнервира непрофесионалноста од страна на Орфеј. Нема шанси друг пат да уплатам нешто кај нив