Ако ти текнува кога пишуваа инбокс на фб дека сте добиле наградно патување што се ти е платено само треба да оставиш податоци твои? После како демек не е се платено требало превозот да си го платиш 100 евра плус некои трошоци. Е тоа е таа Јупитер. Имаше и друг пат вакви лажги со опашки од оваа агенција, еднаш и во Банско направија ваков скандал.
Скаут и ЈСП Турс, со тоа што за храната не сум сигурна како беше. Јас сум била со Скаут, со вклучени три оброка (кои беа сосема во ред, во ресторанче блиску до вилата), но може да им се јавиш да прашаш дали постои опција да не е вклучена храна, па да ти одбијат од цена ЈСП Турс се супер превозници, сум била на многу локации со нив, а гледам дека вилата што они ја издаваат во понуда е истата и со една од вилите на Скаут - Вила Ексклузив (патем - најубавата од сите понудени). Сутоморе е супер место, а и едно од поевтините што се нудат во Црна Гора (зборувам и за околни продавнички, храна, супермаркети)
Здравоо женски, дали некој од вас има патувано со Коузон на било која дестинација? И што може да ми кажете за неа?
Мона јас лани бев со дечко ми си купивме само карти за бус од Ас транс и ништо друго таму одма најдовме сместување во апартман (без јадење),блиску беше до плажа и супер поминавме.
Исто и ние купивме само автобуски карти и таму изнајмивме куќа само за нас за некоја смешна сума. Мнооогу е поевтино така, ама проблемот е што кога ќе пристигнеш таму автоматски губиш 3-4 саати во барање смештај.
Ние стигнавме во 9 утрото,до 9 и 30 веќе го најдовме апартманот само што не беше среден од претходните чекавме да го исчистатво меѓувреме пиевме кафе на плажа и околу 12 се сместивме.Може лесно беше бидејќи касно отидовме на 22 август.
Јас агенции користев во периодот на визниот режим од нужда. Сега, не ми требаат освен за некоја дестинација каде пак ќе ми треба виза. А проверени и според мене најдобри агенции се Аурора, Орфеј и Савана.
Фала ви на одговорите, во меѓувреме барав на интернет апартмани нешто, има и по 5 евра од човек, што е далеку поисплатливо од агенции, па и тоа стои како опција.Се зачудив за Будва од една агенција накај 180 евра беше за 10 дена, што не ми се веруваше искрено.
Здраво, има некој искуство со агенцијата Арка, имаат занимливи понуди но не знам колку може да им се верува.. некој ако бил некаде со нив нека сподели искуство
Не се оди со секоја агенција. Не е срамота и да прашаш дали имаат А лиценца... Нели пари ти земаат и треба да си сносат одговорност...а ако нема дозволи за работа, тогаш џабе сме фрлиле пари. Јас би ги истакнала Атлантик турс и Игуана. Проверени ми се. Фибула травел не ми е проверена ама мои блиски одат преку неа и нема утка и лага.
А дали може да се најде сместување пред да одиш во Грција, не преку агенциите вака сам да си најдеш и на сигурно да си отидеш ?
Најтазе искуство имам со Нехар, и следниот пат пак би со нив. Се скапџии, влечат од сите агли пари, ама знаат што прават, кај те носат, водичи топ, почитувани се во местата каде се оди/сместува, се грижат за патниците... Две палчиња нагоре.