Pozdrav zenski Ima nekoja iskustvo so kupuvanje aranzmani preku internet vo Hrvatska? Najdov eden hr sajt koj go ima i kaj nas na mk http://svipopusti.hr/ponude/Zagreb/Putovanja-i-smjestaj
Девојки иде некој за Закинтос на 14-15ти месецов? Мене ми треба само превоз тие денови, 16ти евентуално најкасно. Ги проверив агенцииве во мојот град, ниеден термин не ми одговара, па било какво инфо е добредојдено. Фала однапред
http://grouper.mk/skopje/deal/ta-jupiter-iposos-krf-limited-early-booking Devojki dali nekoja ima poveke informacii okolu ponudata? Malku somnitelna mi e...
Јас искрено не знам зошто Групер уште соработуваат со Јупитер, ептен преварантска агенција се, многу луѓе ги имаат зезнато. И мене еднаш ми се јавија, да ме изненадат со наградно патување. Кога ми кажа што и како е, испадна дека сместувањето ми е наводно платено, а превозот сама треба да го платам, ама ми кажаа некоја стварно нереална цена. После разбрав дека уште на двајца другари им се јавиле, мислам која е веројатноста. Работава, ѕвониме кај сите пријатели на фејсбук, па кој се нафати - супер. Така ќе си правиме тура. Имаше некакво пријавување тогаш, уште беа новоотворена агенција, па така ни ги имаа броевите. Не знам, јас не би одела преку нив, одма гасам штом ќе видам дека турата ја организира Јупитер, не ја ни читам.
Мене малку повеќе ми е сомнителна,се прашувам зошто секогаш најефтини понуди од Јупитер што не стават Аурора,Фибула или некоја друга.Ако оди некој/а нека пише како ќе помине.
И мене ме имаа најдено од таа Јупитер агенција, преку фб, ама знам дека редовно ми ѕвонеа, једна Тања од агенцијава, јас редовно ги сослушував убаво, ги прашав што ме интересираше, ме имаа прашувано дали сакам да ме известуваат за понуди, едно време викав да, потоа кога веќе станаа досадни, мислам дека им кажав дека веќе не сакам да ми ѕвонат и од тогаш не ми ѕвонеја. Инаку, знам дека пред некоја година имаше една понуда за Крф, а баш тоа време се активизираа тие од агенцијава, и мене ми ѕвонеја и ми изгледаа нешто поволно понудава, ама дека организиран превоз, јас со мало бебе и откажавме. Комшии кои живеја изнад мене во станот отидоа преку агенција и не знам детали баш што како, ама кажаа убаво си поминале, не се жалеа на ништо.
Да, дефинитивно проверено. Аурора е според мене најпрофесионална туристичка агенција и со неа имам 80 % од патувањата реализирано. И Атлас е добра, во Бол на Брач кога бев со авионски превоз, аранжманот беше одлично организиран.
Таа Јупитер баш денес гледав 90% попуст, 1000 ден за 7 ноќевања за Грција, нз точно која дестинација беше, ма дај молим те тоа ептен е нереално, а и пред извесен период кој се сеќава дека ги зафркнаа луѓето за Турција што одеа за 8ми март или Нова година...
Сама колку што можам да видам продава аранжмани од сите можни агенции во МК. Така да, верувам дека не зависи толку од нив, колку што зависи од самите организатори
со АРКА сум била за нова година БУДВА - супер водичи, се што си пишува во програмата се е исполнето...јас сум задоволна со АРКА
Нехар травел - like. Со нив идев у Прага, супер организација и водичи и се! А и газдата е навистина многу нашетан човек и сегде се почитувани каде и да се иде. Фалкон травел - dislike. Лани ги молев да ми пратат слики од сместувањето во Макарска. Еден збори едно, друг збори трето. Не сум задоволна.