Коректни се од Вел-Јан, вилата што ја спомна не ја знам ама ние бевме за Банско со нив. Што ветија - исполнија. Ако треба да бирам, би ги одбрала пак..
На сајтовите на агенциите читајте година на основање. Ако гледате дека постојат 10-20 години (а има многу такви) сигурно не се некоја да речам „преварантска“ агенција. Не велам дека сите нови се превара, но има многу такви кои постојат 2-3 години за да направат некоја финансиска проневера, затоа бидете внимателни и добро информирајте се. Иначе ако сакате набрзина да најдете каде има слободни непродадени сместувања, можете да ги ѕирнете Ајде на одмор, од ова лето имаат онлајн букинг, па можете од дома да си уплатите аранжман со картичка https://www.facebook.com/ajdenaodmor
Со Вел-Јан исто и јас имам позитивно искуство за сместувањето, организацијата и водството за ланската Нова година во Белград, но превозот катастофа, стар автобус, од сите страни промаја, значи внатре беше поладно од надвор.
сакам да идам од 17-20 калитеа или паралија па ме интересира за времето какво ке е и какво е сега со оглед на тоа дека кај нас е зима )) кога бев лани у септември беше топ ама сега не знам