Проблемот беше што ништо не ни кажаа. Јас случајно се јавив во агенцијата ден пред тргнување и тогаш ме известија дека турата е откажана и дека можам да бирам дали сакам термин во март или рефундација на парите. Одбрав рефундација и сеуште не сум добила пари, а ниту ми враќаат на меил ниту креваат на телефон... Затоа прашувам ако има некој со ваков проблем, да се собереме и да ги тужиме.
Devojki, imate dosta izbor na dobri agencii vo Makedonija... taka sto onie premnogu niski ceni sto gi stavaat agencii kako Jupiter (koi samo prevozot nemozat da go pokrijat) se poveke od somnitelni. Za malku povisoka cena ke dobiete kvalitetni uslugi od agencii sto se dolgi godini na pazarot, moj sovet.. i da, jas patuvam so Atlantis i sum prezadovolna. Ne se kako Jupiter ama imaat dosta povolni i kvalitetni aranzmani.
Читав неколку членови прашуваа за туристичката агенција АС ТРАНС па да споделам мое искуство. Малку со страв бидејќи немав никакви информации за агенцијата. Имавме уплатено за патување но се откажа поради недоволно пријавени па ни понудија друга понуда и тоа со попуст. Одлично си поминавме се што ни кажаа се се оствари без никакви дополнителни трошоци, водичите беа љубезни не не оставија ни за момент сами ниту штедеа на информации. Би ви ги препорачала од се срце
Здраво, За Велигден сме во план да одиме за Крф.Најправо ги испочитав сите ваши мислења за агенциите,а потоа скоро сите понуди од агенциите за Крф.Впечаток ми остави агенцијата Magelan со добра понуда Јанина,Парга,лефкада и цената е прифатлива.Од претходното прочитаното од вас имаше убав коментар за оваа агенција.Другата агенција е битолска се вика TURIST се јавив телефонски беа љубезни и објаснија на кратко.Би сакала со Битолчани да одам,Ве молам за ваше мислење за оваа агенција кој е патувал и во Битола колку е позната?
Здраво.И јас сум една од илјадниците изиграни од туристичката агенција јупитер.И јас би сакала да ги тужиме не толку за парите,колку за еднаш да се научат да не си играат со луѓето.Го прават тоа упорно затоа што се сомневам дека некој до сега се нафатил да ги тужи.Имавме уплатено за 4 купони по 2000 денари за Банско уште во декември за турата на 11 февруари.На 4ти февруари ни јавија дека нема да се одржи ниту една тура од тој датум па се до 4ти март, затоа што им била изречена забрана за вршење дејност во рок од еден месец.Исто ни кажаа дека парите ке ни бидат вратени за 8 дена(како што си пишува во договорот).После 15 дена по упорно звонење во агенцијата ни рекоа дека ке ни бидат вратени парите во наредните денови.Кога веке и тоа не се случи,секој ден звоневме во агенцијата и испраќавме мејлови никој не ни одговараше.Се јавивме во групер,затоа што ние ги купивме од нив купоните,значи имавме доверба во нив,тие беа посредници.Си ги баравме парите од групер,а тие љубезно одговорија дека ке средат со тие од јупитер да не контактираат.Не контактираа од јупитер со извинување дека немале средства да ја извршат рефундацијата,и со молби да почекаме до 10ти март дека тогаш ке ни ги вратат парите затоа што чекале да им бидат испратени средства од нивните партнери од Бугарија и Чешка,Еве дојде 16 март а од нив ни трага ни глас.Од 10ти па се навака упорно им звониме,им праќаме мејлови никој не ни одговара во агенцијатаПовторно се јавив денес во групер да им кажам дека нити ни ги вратија парите,нити одговараат на телефон.Затоа ке ве замолам сите што сте изиграни на исти начин како и ние ВРТЕТЕ ВО ГРУПЕР НЕКА СИ ПРЕВЗЕМАТ И ТИЕ МЕРКИ,НЕКА ИМ ВРШАТ ПРИТИСОК ЗАТОА ШТО ТИЕ СЕ ГЛАВНИ ПОСРЕДНИЦИ,ТИЕ ГО ИМААТ НАЈГОЛЕМИОТ УДЕЛ ВО ПРОДАЖБА НА ПОНУДИТЕ НА АГЕНЦИЈАТА ЈУПИТЕР. Исто така, може да направиме колективна тужба против агенцијата,доколку сте заинтересирани и доколку ве има во поголем број.Исто така на сите би им препорачала НЕМОЈ ДА СЕ ЛАЖЕТЕ ДА ПАТУВАТЕ СО ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ЈУПИТЕР,ТИЕ ВЕЌЕ ИМААТ ОГРОМНИ ДОЛГОВИ,ПРАВАТ ПОНУДИ ОД СЕГА ЗА ВО ЈУЛИ ЗА ДА СОБЕРАТ ПАРИ ДА МОЖАТ ДА ПОКРИЈАТ ДЕЛ ОД ДОЛГОВИТЕ ШТО ГИ НАПРАВИЛЕ СЕГА,А НЕМААТ ПАРИ ДА ГИ ПОКРИЈАТ ПАТУВАЊАТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ОДРЖАТ ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ. Поздрав и се извинувам за преголемиот текст.
@butterfly6 мослам дека нема ништо ни да постигнете со тужбата, нит парите ќе ви бидат вратени нажалост. Јупитер е веќе затворена и не постои. Но затоа како што разбрав ја има Јупитер во ново руво .... со ново име...истите луѓе....и најверојатно истите превари.... сега се водат како Прима Травел http://primatravel.wix.com/primatravel#!blank-2/c18nm ..... пробај таму може, ма да не верувам дека ќе смениш нешто.... бидете внимателни каде резервирате
И јас сакав да прашам за АС ТРАНС, имаат доста поволни понуди за Велигденски патувања, поефтнини за околку 2000-2500 денари од другите за исти релации. На нивниот сајт немаше цена на понудете, се јавив и ми кажаа. Малку ми е несигурно иако ми рекоа дека патувањето за кое бев заинтересрана е со сигурна реализација. @elimkd дали вас ви рекоа дека ќе има сигурна реализација на патувањето кое ви го откажале или од старт знаевте дека може да не се одржи заради недоволен број на патници?
@Marie.m Ние имавме резервирано месец и пол пред патување ни кажаа дека ќе се реализира сигурно, 5 дена пред поаѓање ни кажаа дека немало доволен број на пријавени. Агенции го задржуваат тоа право неколку дена пред поаѓање да го откажат патувањето баш поради истите причини.Било која друга попопуларна т.а. да избереш ако не се пријават доволен број ќе се откажи патувањето
Здраво,јас уплатив прва рата за КРФ за велигден преку туристичката агенција ТУРИСТ од Битола убава им е понудата ке тргнуваме од Велес па здравје се надевам на добра организација ке ви пишам обавезно како сум поминала.
Uplativ preku Balkan fun za Paralija za 1 maj i vo posleden moment otkazaa izveduvaci koi trebase da nastapat, a samo radi niv se odlucivme da patuvame preku niv. I pokraj toa sto mi bese sugerirano da ne patuvam so ovaa agencija ... NE JA PREPORACUVAM NA NIKOGO !!!
Ја па не знам што очекувате од Балкан Фан. Аранжманите им се за млади , значи не е класична туристичка агенција која ке те однесе во хотел со 5 звезди. Целата програма им се состои од актулени места со забави за млади , журки и галами. Најчесто идат деца од 15-20 години , не е за повозрасни барем според мое мислење. Имам идено неколку пати со нив и тоа што било кажано тоа било понудено. Од смештајот не се жалам сегде сме биле сметени на пристојни места дали биле апартмани или хотелчниња небитно. Навечер секогаш имале организирани журки и тематски забави па биле доста интересни иако ништо спектакуларно. Едино алките се проблем кои според мене се соленки и со нив доага доста поскап одморот , а ако ги немаш нив нигде не можеш да мрднеш. Ниту турите што ги прават по други места и плажи, ниту по дискотеки и сл. Уствари ваљда може ама по поскапа цена,што знам. Водичите им се млади и ок деца до сега не сме имале проблем со нив , доагале со нас прашувале како сме дали треба нешто и сл. Не викам дека е идеална агенција ама пак ке кажам за децана е измислена. Со Балкан Фан не се тера класичен одмор ко ние што си го замислуваме ,книгата во рака и на плажа дреми него напротив треба да си спремен за журкање 24 часа и ус пат да ги трпиш неизживеаните дечишта да ти урликаат над глава. На Кавос ваљда нема да очекуваш мирен одмор кога знаеш какво место е , а они носат на такви места и сличните на нив.
Aлките се изгор, а ниските цени што ги нудат на секаде се само начин да привлечат луѓе. Уште при само качување во автобус, почнуваат со продажба на: алки, екскурзии, капче, маица..... на ова изгледа најмногу пари заработуваат. Плати си уште од овде поскапо, да знаеш дека ќе си патуваш мирно без да те гњават со милион понуди и да ти влечат 20 по 20ЕУР од џеб.
Имате ли искуство со туристичката агенција http://www.savatours-mk.com/ Имаат интересни понуди, бев до кај нив и луѓето се супер. Но сепак сакам мислење од некој што веќе бил со нив
Ако некој работи или работел во хотел ќе може ли да ми каже како ова да го потполнам. За матура ми е одам 4т вондредно ја земав и знаете не се оди на часови туку од дома сам о се учи...
Јас бев со АС ТРАНС во Прага за Велигден, поволна понуда, се што беше во распоредот се исполни. И возачите одлични и водичот одличен. Без расправии по автобуси, како што често има на долг пат. Таму имаа организирано локален водич. Ја препорачувам агенцијава.