1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Туристички агенции

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 30 март 2010.

  1. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    Рајна те молам прочитај го убаво мојот пост погоре и сигурна сум дека ќе сфатиш што точно сум сакала да кажам и кој за што е виновен...
     
  2. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Луѓе ај не се расправајте веќе,тие шо искусиле нека споделат како било,тие шо се оштетени имаат право да се жалат и да кажат шо не било како шо треба за да внимаваат на тоа сите останати,ако било се во ред немало да се пожалат нели?А задоволните нека споделат убаво искуство. И секој си има свое мислење затоа не се закачајте една со друга. Темата е туристички агенции и можи се да се напиши за нив. 8)
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    луѓе никако преку Орфеј хаос се.
     
  4. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    ПРЕКРАСНИСЕ Агенција ''Атлантик-турс''-Кавадарци доживеав три најубави патувања со нив.Организација,сместување,точност начин на плакање договарање само пофални зборови за нив.Сопствениците на агенцијата се брачен пар кој имат смисол за работата ,харизма,душа на човечност,стил во однесувањето.За мене се незаборавни Пролом-бања,Турција и Грција.
    Секоја чест продолжете така секогаш ке ви се вракат клиентите.
    Имајте само успеси Атлантик-Кавадарци.
     
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Читам сум пишала дека ќе патувам(в) летово преку агенција од Србија.
    Мои импресии? Очајно.
    Патував со Sunline. Цените беа евтини ептен бидејќи агенцијата со која соработуваше оваа агенција е на газдата во хотел каде бев и нормално цените беа смешни за понудата.
    Македонската агенција која се поврза со српската уште полоша. Патувавме на 43 степени, јас не бев јадена цел ден, се губев на моменти и идиотот не сакаше да пушти клима бидејќи бензин му се троши. А тоа што е приватен платен возач не го занимаше изгледа.

    Како и да е...
    Поголема организираност имаат нашите по мој впечаток.
    Очекував нешто по wow прво дека поголема држава и си викам Југославија, па ваљда авторитет ќе имаа нешто по тоа другите земји од Третиот свет. Ма ништо од тоа.
    Жена оставија на аеродром од што лошо се спастриле. Остана кутрата со деца сама на аеродром бидејќи немаше место за неа во авион. Чартер! Чартер беше во прашање. Катастрофа.
    И не само организацијата, не можам да не спомнам презирот кон нас. Од Македонија сме биле тууф, па уште и на англиски ми се обраќаа. -.-
     
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    2 години по ред летувавме со агенција од Србија во арапскиот свет, и морам да признаам дека првиот пат беа ВРВ во секоја смисла - прецизното времето на полетување (иако чартет), организацијата таму и односот кон нас. Хотелот немаше врска со нив, тој си беше дел од интернационален ланец така да таму важеа други правила :)
    Вториот пат беше.....„држ ме мајко“ :x Истата агенција, на истата дестинација, во друг де лукс хотел - помин МИЗЕРИЈА. 90 луѓе (од 120 вкупно) чекавме цела ноќ на аеродромот таму пошто ЗАБОРАВИЛЕ да најават дека ќе одиме и лица кои не извадовме визи во Белград; одговорните од агенцијата (2 типки) не можевме да ги најдеме ни за лек; собираа пари за екскурзии, а не им ги даваа сите на локалците, па секој пат по некој остануваше „со прстот в уста“! Џабе карање, џабе расправање, се однесуваа ко да се арапски жени во харем, а бе просто да ти дојди да ја задавиш со перница на спиење :lol:

    Како и да е, на крај сите патници потпишавме согласност и петиција за да ги тужиме и да бараме рефундирање на дел од парите. Кога се вративме во Мк, едно време изгубивме контакт и немавме инфо за случувањата, за да на крај слушнеме на ТВ дека агенцијата ја затвориле баш заради тоа патување :D

    Со агенции во МК немам искуство ама баш никакво до сега, а и чисто се сомневам дека некогаш би имала. Фала ти многу интернету :bow:
     
  7. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Луѓе да ви кажам нешто...
    сабајле поштарот донесе едно плико иво него имаше како флаер од travelgroup и на него пишуваше дека сме добиле бесплатно патување во шпанија или во грција 10 дена коеможеме да го искористиме во рок од 12 месеци од добивањето.Сеа да ве прашам вистина е тоа или некоја заебанција ? :?: |(
     
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    ИГНОРИРАЈ ГО! Тие Травел Груп се истите Травел Хаус и уште не знам како се се викаа, жива превара.
     
    На Juicy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    не е лага, но не е ни бесплатно обично плаќаш некоја одредена сума за водич, за храна а бесплатно ти е само или превозот или хотелот. ЈАви се во агенцијата ќе ти дадат повеќе објаснувања, овие работат на ист принцип како и т.а Јупитер најверојатно си слушала за нив.поздрав и пиши што ти кажаа.
     
  10. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    На тоа пишува бесплатно сместување во високо рангиран хотел, ваљда сместувањето е бесплатно ..
    Ќе им кажам на моите да се јават :)
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Едни мои пријатели заглавија ова лето со нив. Не е бесплатно, лажат. Тие си платија лепо фино за во Грција и чекаа термин 01,09, хотелот немаше врска од тоа што има кажаа и условите катастрофа.
    Воопшто не беа задоволни, се покајаа 100 пати што се зезнаа
     
  12. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    ^
    Готово не се замарам,го кинам! :)
     
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Нема да сретнеш човек кој ќе ти рече дека е задоволен од нив и дека не бил прелажан. Тие работат на тој принцип, да соберат повеќе наивни луѓе, прават еден вид презентации и ги ловат потенцијалните заинтересирани и вршат буквално напад врз нив. Менаџерите таму се посебно обучени да ги препознаваат лицата кои можат и се спремни да дадат пари и ретко кој бил таму и не потпаднал под нивно влијание.

    Значи станува збор за разработена агенда, даваш околу 2000 евра и за тие пари, кои ти ги држат и работат околу 2 години, ти веруваат брда и долини, гратис сместувања и слично, а реално не добиваш ни 50% од тоа. Кога ќе се пресметаш, ќе увидиш дека всушност си преплатил и за истите пари ќе си се организирал сам или преку некоја пристојна агенција и ќе си добиел аранжман далеку подобар.

    За нив можам да зборам до 1000 и назад, лично познавам луѓе кои се џишнале па сега офкаат и не би ги препорачала никому.
     
  14. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    1.111
    Пол:
    Женски
    Вчера резервиравме со вереникот преку Аурора за Нова Година во Истанбул со авион..Што мислите за оваа агенција?
     
  15. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    За Травел Груп од лично искуство знам дека се преваранти и затоа не наседнувајте на нивните приказни.Се што ќе ви стигне од нив фрлајте право во канта.

    За Аурора можам да дадам оценка 3/5. Лани патувавме со нив бидејќи имаа многу подобра понуда во споредба со останатите агенции. И се одлучивме да летуваме преку нив.Но пред да тргнеме имаа доста пропусти. При секое мое јавување да прашам нешто,вработените различни информации ми даваа. На крај морав да се разберам со директорот. Па ај некако резервиравме, за покасно да следи нема доволно заинтересирани за тој термин, па мораше да тргнеме покасно. И како шлаг на се, и се јавуваат на другарка ми и дечко и, и им кажуваат дека ги заборавиле нивните две места во авион да ги чекираат. Кутрите мораа да патуваат со два лета,тродупло часови. Срамота.

    Очекував дека се поголеми професионалци но дефинитивно се разочарав.
     
    На Asja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Имам патувано за Лесковац (Србија) со автобус од агенцијата Галеб (Охридска агенција)-имаат релација Охрид-Београд и попатни станици,ич не сум задоволна.
    Бевме цело семејство и си имавме платено повратни карти,и знаете што ни направија?!Кога дојде време да си идиме за Македонија се јавија во автобуска станица,и ни рекоја автобусот е ќе биде преполн и нема слободни места,а ние со повратна карта |( |( И рекоја чекајте на автобуска ако има слободно место ќе седнете,а ние 7 мина |( И чекавме до 2 часот ноќта,дремевме и кога конечно стигна автобусов и се качивме стоевме во автобусов,ако можиш некаде ќе потседниш ако не не!И така цела ноќ на нозе преморени ]:) ]:) И уште еднаш нема да ни текне со нив да одиме негде. ]:) ]:) Глупи :devil:
     
  17. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Јас често одам на одмор со туристичката агенција Бран . Имам посетено многу дестинации со оваа агенција и премногу сум задоволна :clap:
     
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    А ги потврдивте картите за назад?
    Не е работата само земи повратни, треба на автобуската во Лесковац да си ги потврдиш со време за да имаш место за назад.
     
  19. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Ги потврдивме картите,само тие зеле патници и од Београд затоа немаше место во автобусот,незнам како можеле така да направат :fubar:
     
  20. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    1.111
    Пол:
    Женски
    Само да ви кажам дека сум презадоволна од патувањето во Истанбул,за новогодишната ноќ преку Аурора ..стварно беше се у најдобар ред организирано ..