Многу сум задоволна од Бисер Пром. Од услугата,да ти појаснат,културни...се се. Потоа автобусите си беа ок, и вожњата супер.Немав замерки. А и имаат многу добри и ефтини понуди - тоа е најважното
Поголемиве агенции ми се некако посигурни.Кога нешто ќе ми се погоди не го менувам.Неколку пати сум патувала со Савана и Магелан.(иако почесто одиме на сопствена режија)Моето искуство е позитивно -како кажаа така и беше а и водичите на патувањата беа многу пријатни,дружељубиви и информирани за деталите околу патувањето. Сместувачките објекти одговараа на она што ни го кажаа во агенциите-во некои случаи дури и подобро. Додуше јас не сум нешто пребирлива а и пред да одам некаде баеѓи се информирам на нет па кога ќе стасам посигурни ми се работите.Често посетувам еден српски форум -Putovanja info. има многу корисни информации за повеќе дестинации.Искуства на луѓе се најреални.Многу повеќе од било која реклама на агенциите.
Дали има некој искуство со ТА „Хисар Туризам“, за патување, екскурзија( за апсолвентска екскурзија ме интересира потконкретно)?
Dali imate iskustvo so nekoja od agenciive? Devojki bi sakala da ve prasham dali imate iskustvo so nekoja od slednive agencii: -"Stela travel" -"Granada Turs" -"Savana" -"PET" -"Falcon" -"TSC" i ako imate kakvo bilo toa iskustvo,dali mozebi ste slushnale neshto za agenciive,nechie iskustvo,bilo kakva informacija ke mi dojde odlichno bidejki baram agencija za medeniot mesec i do sega najdov odl;ichni ponudi vo ovie agencii pa ete me interesira kakvi se zatoa shto nikogash ne sum patuvala so niedna od ovie osven shto imam kupeno avotbuska karta preku "Stela",no nishto poveke.Fala vi.
Јас сум патувала со Гранада за Нова година а со Савана на одмор,немам никаква замерка-се беше според програмата,немаше измени.
Имам патувано со Скаут - целосен аранжман во Црна Гора, со сместување - ALL IN, за многу пристојни и евтини цени!(150-200 евра) Единствено автобусите се различни - зависно од тоа со кого имаат склучено договор за превоз во моментот. Што се однесува до ALL IN-от, во Буљарица на пример доручек/ручек/вечера се случува во т.н.менза - огромна е, ти даваат за јадење, и јадењето е сосема во ред, иако прават за голема количина луѓе, сепак е вкусно. Да напоменам, тука е сместувањето во камп, односно бунгалови и е малку далеку од плажа - 15тина минути. Сум била со нив и во Сутоморе, пак само пофални зборови, јадењето се случува во ресторан - одалечен 2-3 мин.од сместувањето. А плажата е на 5 мин. Оддамна имам патувано и со агенцијата ПЕТ, малку се поскапи од Скаут, а мислам и дека немав тогаш ALL IN, само сместување во Будва.
Најзадоволна до сега сум од Фалкон за летни одмори, а и мислам дека во средното кај што завршив почнаа да одат на екскурзии преку нив и се 10 пати позадоволни, отколку ние кога бевме со некоја друга агенција. Значи во принцип, си стојат на зборот дефинитивно. Автобусите се чисти, климатизирани, не закасниле ни за одење ни за враќање, возачите до сега возеле супер одлично. Вилите, а и собите ги претставуваат баш како што се, а не да мачкаат лепи очи или да даваат слики од други, па кога ќе отидеш да се шокираш. Од Магелан сум така-така задоволна, сум била 2-3 пати преку нив, ама имам замерка затоа што секогаш автобусите им каснат за назад, барем јас сум ја имала таа среќа. Место во 2 сме тргнувале во 4-5 затоа што господинот возач бил низ Солун во шопинг. Инаку другото било ок. Савана, не. Уште на времето важеше за една од појаки агенции, се решивме еднаш со семејството да одиме преку нив. Прво не сместија во шупа, но ајде тоа не е толку битно, второ немаше топла вода. А другите кои беа сместени во друга вила, имаа топла вода и собите беа посредени, ама беа па над диско клуб за кој не им беше спомнато. И баш ради тоа спомнав и погоре за Фалкон, пред одење ни беа дадени слики од не знам кои вили, изгледаа баш најнормално, кога стигнавме бевме шокирани. А уште по одоморот кога моите беа чисто онака да им кажат за тортурата која сме ја проживеале тие 10 дена без топла вода, добија одговор како демек ние од каде да знаеме, е не ние треба да знаеме нели. Да не бевме со автобус и да не ни беше се платено ќе си отидевме одма после првата вечер ама тоа е што е. Не планирам после тоа да одам пак со нив, иако тоа беше многу одамна пред 10-11 години. Игуана, и преку нив сме оделе на одмор и било ок. Но во последно време слушам дека некако не се задоволни луѓево, а и цените многу некако им се накачени така да, слабо.
Sanjalica ke mozes li da mi kazes poopsirno dokolku se sekavas kakvo bese tvoeto iskustvo so PET agencijata? Dali toa sto bese napisano vo ponudata i bese ostvareno?
^ Да да, нема проблем, иако не се сеќавам многу. Тргнувањето си беше на време, не’ однесоа точно пред вилата/мини мотелчето каде што бевме сместени. Собите беа одлични - сопствен тоалет, два кревета, телевизор, тараса. Се’ што беше наведено - се’ имавме. Немаше никакви пропусти
дали можете да ми кажете нешто за агенцијата Савана. резервиравме за Грција преку нив и ме интересира како се и некое искуство од неодамна. Благодарам
Дали може некој да ми каже нешто за Туристичка Агенција Јупитер...ми стигна од нив порака на фб дека некој мој пријател играл барабанче и ме предложил мене за 7 дена на островот Крф.Дали некој има патувано со оваа агенција,дали се сигурни,ми рекоа се на се дека треба да платам 86 евра а ако сакам бесплатни влезници на некои забави треба да купам Јупитер Алка ( 29 евра ) .... Дали се преваранти и овие?
VACA јас ќе одам на Крф преку Јупитер со дечкоми и да ти кажам тоа не е лага....значи и јас си земав јупитер алка и не се преваранти си уплатив и преку пошта ми го пратија договорот....се распрашав за нив и ми кажаа дека се одлична младинска агенција,ајде иди ќе се дружеме
И јас сакам да уплатам предвреме за на одмор во некоја од агенциите што нудат попусти-ама се колебам.Има ли некој искуство во предвремено плаќање, дали може нешто недајбоже да зафркнат?
дали можете да ми кажете нешто за агенцијата САВАНА резервиравме за Грција преку нив и ме интересира како се и некое искуство од неодамна. Благодарам !!!
Jas nemam patuvano preku Savana ama od komentarite so gi citav vo ovaa yema ima napisano pofalni zborovi za agencijata-procitaj si.
Дали имаш некои други информации,какво е сместувањето,за организацијата,не знам се што ке ти текне. На другарка ми и стасала таква порака,па се мислиме што да правиме. Ако има некој што бил,ако сака да сподели искуство Знам дека ги имаше многу по фејсбук,за спринг брејк,нешто такви аранжмани. VACA што одлучи ти? Одиш?
Bratucetka moja beshe so Jupiter minatoto leto na KRF, i beshe zadovolna i od cenata i od smestuvanjeto! Taka da ako ste pomladi slobodno ) Chitam za drugi agencii... SAVANA e ok agencija, dodeka PET ne ja preporachuvam, za Budimpesta za nova godina imav losho iskustvo, so hotelot so organizacijata a pa vodicot nemam komentar, so PET nikad vishe... a sum bila i so drugi agencii - no edno ke kazam, nie sakame za eftini pari prekrasno da pomineme, e nema za 90 eur hotel od 4 zvezdi - a ako saka nekoj da najde mana, ke najde i vo aranzman od 500 eur.