1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Туристички агенции

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 30 март 2010.

  1. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.388
    Допаѓања:
    7.970
    Пол:
    Женски
    Гранд травел се во Штип, не знам дали имаат во други градови. Не верувам дека имаат нивни летови, сигурно препродаваат аранжмани на Фибула, Аурора...
    Не сум била со нив, за Анталија јас 2 пати одев со Фибула. Исто и Еуросава се добри.
     
  2. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.240
    Бев во Сава Турс ми даде ок понуда ама односот луѓе хаос. Се чувствував како со молење да барав. Толку брзо сакаше да ме откачи ко да не и се продава. На секое види на страната, види на страната. Па јас дојдов за да ми дадеш повеќе информации и да ми предложиш нешто врз основа на искуство а не за сама да си направам истражување.|(
     
    На Cka и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    Баш од овие причини си барам на букинг смештај.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  4. divine111

    divine111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2018
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Дали некој бил во Шпанија преку Нехар ? Дали е напорна турата затоа што е со автобус ?
     
  5. veris

    veris Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    1.451
    Пол:
    Женски
    Од која агенција сте задоволни?
     
  6. Foffygirl

    Foffygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    30
    Искуство со Балкан Експрес Травел- скопска агенција?
     
  7. divine111

    divine111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2018
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Jungle
     
  8. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    11.418
    Пол:
    Женски
    Аурора, Савана, Ескејп и ГоТравел.
    Незадоволна од Стаф.
     
  9. •natalija•

    •natalija• Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2022
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали има некој патувано со Best travel агенција во Турција?
     
  10. Zumbulce9

    Zumbulce9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    874
    @divine111 сум била во 2008г. преку нив на таа тура и не ми беше многу напорно затоа што бев помлада и друштво убаво бевме во бус, ама знам луѓе на кои и до краците во Грција им е проблем со бус, така да индивидуално е. Можеби малце понапорно да ти биде до Италија до првото преспивање. Но, сепак турата е супер и вреди да се отиде.
     
    На divine111 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DramaQueen1

    DramaQueen1 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    156
    Здраво, искуство некој со Идеал Травел?
     
  12. Maryy.

    Maryy. Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2022
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Искуства со балкан фан? Дали се коректни?
    Сакам да прашам исто која возрасна група оди најчесто дали некој што бил може да ми каже. Во смисла да не одат премлади, средношколци или одат и повозрасни?
     
  13. momtoL&K

    momtoL&K Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    дали имате искуство со агенција атлантис?
     
  14. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    639
    Пол:
    Женски
    Дали имате букирано на втор крак преку агенција и која ?
    Фала ви!
     
  15. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    1.434
    Пол:
    Машки
    од Фибула, во поглед на организација се одлични, додека за изборот на хотели и сама обавезно изгуглај ги хотелите што ќе ти ги предложат.
     
    На veris му/ѝ се допаѓа ова.
  16. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    1.434
    Пол:
    Машки
    за до каде? мои блиски беа разочарани од некоја еднодневна тура за Грција, водичот многу неупатен бил.
     
  17. Leptir123

    Leptir123 Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Preporaka za Staff, eftini ponudi, bevme na Krf super fakultativi imaat da se vidi se sto treba na ostrovot i gi davaat cenite odnapred samo treba da se javite da prasate, a ne vo avtobus na odenje kako sto pravat drugi agencii, se sto si pisuva na stranicata toa i dobivme
     
    На Maryy. му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KajaMace

    KajaMace Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2021
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Една најголема анти-препорака за Балкан Фан, агенцијата за патување во Скопје. Како прво односот на двајцата вработени што дремат секој ден во канцеларијата во Центар е во најмала рака грозен, зборуваат како да се над сите, а забораваат дека парите ги земаат од истите тие муштерии што го добиваат тој одвратен однос. Голготата со истата агенција започнува пред да почне патувањето, помалку од 12 часа пред тргнување нема никаква информација во колку часот и од каде се трга, се јавува човек да ги праша, повторно се добива одвратен (шалабајзерски) одговор со зборовите “кажано им е, нека си проверат”. Завршува таа мака. Кажано е дека се оди со високо туристички автобус од агенцијата (за кој во последен момент беа побарани плус 45 евра) кој ќе биде полн со млади + водич. За разлика од договореното доаѓа обичен автобус со луѓе во постари години и само 7 млади деца, за да биде се уште пострашно водич не постои во автобусот. А што се однедува за медицинското лице кое мора да биде присутно, на прашањето: Дали ќе има медицинско лице? добиен е одговорот: “Ќе си платите осугурување и доколку се случи нешто ќе најдете болница во Калитеа, ја има сигурно.”
    Автобусот возел 6 часа до Калитеа, но автобусот не е од Агенцијата туку превозник од некоја трета агенција со која што имаат партнерство.

    Најголемата причина поради која е напишан овој пост е тоа што автобусот ги има оставено овие 7 млади деца на автобуската и им кажале снајдете се, сами најдете го апартманот. Имајте во предвид дека само 2-3 од овие деца се полнолетни, мислиш дека ги оставаш децата на сигурно, а ти добиваш сосема спротивно, за апартманот да не зборам како изгледа и во која состојба е, но тоа е најмалата работа во цела оваа голгота. 7 дена без еден контакт со водичот, сами оставени на себе во место како Калитеа, познато по журки и секакви случки (Иако станува збор за деца од 17-18 години, сепак од агенцијата беше кажано дека барем ќе има присуство на водич). Доаѓа последниот ден, апартманот се напушта во 11 часот, само неколку од децата добиваат порака рано сабајле околу 7 часот со известување дека ќе ги соберат од автобуската, си викаш ајде супер овој пат бар знаат каде и во колку треба да чекаат ама не можеше целиот “одмор” да се заврши како што треба. 7те деца чекаат 2 часа во најголемото сонце, од автобусот ни трага ни глас. За среќа, тоа утро во пораката имаа напишано контакт телефон од некоја госпоѓа што доаѓа со некоја трета група од Скопје.

    Загрижени од Скопје, една од роднините на децата се јавува на истата таа госпоѓа со прашање до каде е автобусот при што се добива одговор “Нас автобусот ни се расипа, чекавме нов, еве сега сме на влез во Калитеа но прво мора да оставиме патници во Калитеа па во Полихроно и на крај се враќаме по децата, кажи им нека се поместат под сенка да не ги мавне сончаница, уште саат до саат ипол минимум ќе чекаат”. (Рака на срце жената неколку пати се извини во нејзино име поради несериозниот однос на агенцијата). Искрено, во овој момент не знаеш ни како да и вратиш на ваков коментар. За среќа, во автобусот што оставал други патници во Калитеа имало неколку слободни места па децата ги замолиле да одат со нив до Полихроно и назад за Скопје. На сред пат накај Скопје биле принудени да сменат 2-3 автобуса, а воедно причините за промените никогаш не беа образложени.

    Најдобронамерно, Ве предупредувам да не си имате работа со оваа агенција дури и да ви е последен или пак единствен избор.

    *Не го кажувам ова за да го оцрнам името на агенцијата, напротив ова е само мала препорака убаво да размислите кога патувате или ги испраќате, односно ги “оставате” Вашите деца на одмор.
     
    На Antebellum, Rozevata, kolovoz и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Maryy.

    Maryy. Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2022
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Јас ти благодарам лично што сподели, многу ми е жал за таквото искуство.
    Наместо да се подобрат, да организираат добри тури, со млади како што и пишува и вистински да се ангажираат - со ова само покажуваат колку не им се работи и колку се за никаде.
    И ако, нека стои вака да знаат луѓето и деца млади да не уплаќаат во вакви агенции, на ништо не личи. Џабе се поевтини од другиве агенции кога може со саати да чекаш автобус дома да си дојдеш. Страшно и жалосно.
     
  20. Husky lover

    Husky lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Едно големо НЕ за битолската агенција Турист Битола, иако бевме резервирале преку друга скопска агенција превозот организацијата и ваучерите за сместувањето беа преку оваа агенција. За вилата во Лептокарија имаме само пофални зборови, но од шоферите и водичот Сузана воопшто не сме задоволни. Крајно непрофесионален однос со патниците, почнувајќи од викање, расправање со луѓето, недостапност од нејзина страна, доцнење на договореното место, неодговорност во секој смисол (се случи дури и да заборави патници на бензинска пумпа). На пат за враќање во Скопје, воопшто не застанува за правење на кратки паузи за кафе и одење до тоалет, при што на нашите реакции добивме дрзок одговор дека наредна година треба да си дојдеме со сопствен превоз и тогаш ако сакаме да си застануваме на секоја бандера. А врвот го достигнаа кога воопшто не ни застанаа на freeshop под изговор дека застнување на freeshop не им било во агендата со која однапред воопшто и не бевме запознаени. Мизерија од агенција, чиста 0. Извинете за долгиот пост, со нив никогаш повеќе.