Ние бевме лани со Идеал во Италија, задоволни сме и од агенцијата и од водичот, коректни и пристојни се.
Нир планираме за Турција, ниедна агенција нема вклучена посета на Топкапи а цената е пристапна со се сите факултативи. Сеуште се мислиме дали со нив да одиме
Здраво!!! Гледам некоја изгледа нова туристичка агенција ,,Номад Травел’’ од Тетово. Сте чуле? Сте имале некакво искуство? Гледам прилично ниски цени а добри дестинации и тоа со авион (Австрија, Португалија, Турција).
Што биднало со некоја туристичка агенција од Кочани? Извисила некои патници во Истанбул, па имало и тепачка со дечкото на водичката и тн. А тие што напишале анонимно, им се заканиле од агенцијата, па и автобусот го застанале пред турско-грчка граница за да не помине дур не кажат кој пишал. Пишуваше на фб, ама не доразбрав што се случувало поточно. Ако некој знае, нека пише.
Либеро травел имаат за Велигден.. Ама цената им е ужас.. Јас сама бев во сопствена режија.. Авион на скајскенер барај Сместување букинг/триваго/хотелс.ком Екскурзии viator или getyourguide.. Не ти треба агенција..
^ Има веќе и директни летови до Амстердам од Скопје, со Трансавиа, се наоѓаат и за 100€ повратна. Баш гледав за Мај јас. Плус Виз до Еиндховен, иако тие ги немам начекано баш поволни.
Здраво. Дали некој има искуство со Номад травел и Запознај го светот, организираат индивидуални патувања и се прилично евтини
Здраво, некој да не има искуство со GoTravel? Соработуваат агенцииве мегусебно и лани имав случка на Крф преку Orbita,но водичов им беше од друга агенција. Собата беше во ужасна состојба и кажав на водичот одма и таа ми врати со речник ,,па што сакаш не е реновирано 15 години овде на Крф нема никаде брачни кревети и такви се вилите,, и повеке од 15 години водич. Вила Елени ако нешто ви значи во иднина.