Туристички агенции

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од newring86, 30 март 2010.

  1. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Jungle Tribe имаат добри понуди. Пола престој сте на источниот дел од островот сместени во Паџе, и шетате на тури. Маана на оваа страна на островот е што има изразена плима и осека и водата може да се повлече и до неколку км. Не може да се плива цело време, ама се шета на излети низ островот и ќе посетите многу интересни места. Водичот точно знае кај може да се оди и што може да се види, па ќе ве однесат на преубави места и вреди да ги земете сите излети што се понудени.
    После тоа се оди на север во Кендва. Таму сместувањето е супер, плажата е преубава нема плима и осека може да се бањате кога сакате, да шетате и слично.
     
    Последна измена: 16 февруари 2026
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.901
    Допаѓања:
    2.244
    Патувал некој со Ноа Турс да сподели искуство?
     
  3. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.287
    Допаѓања:
    5.783
    Пол:
    Женски
    Само што се вратив од Истанбул, бев со тура со две ноќевања, па да споделам мое искуство. Бев со Escape travel и можам да кажам дека се разочарав. Прво се шокирав што водичот зборуваше на бугарски јазик и се мачев да разберам што зборува, иако имам некое мало познавање. Не е во ред македонска туристичка агенција да нема водич кој зборува на македонски јазик. Повеќе од половина од приказните не ги разбрав.
    Последниот ден наместо да имаме 2 и пол-3 часа шетање во шопинг мол (како што пишуваше во програмата), ние имавме час и половина, од кои половина час ти треба за да се качиш на третиот спрат и да одиш во тоалет, бидејќи тоа ти е единствената прилика.
    Во останатиот час што попрво.
    Пишуваше дека се пристигнува во раните утрински часови во понеделник, а пристигнавме во недела во 23:00. На крајот на денот, да знаев дека ќе биде така немаше да земам дополнителен ден за одмор, за да си го седам безвезе дома.
     
    На SunnyGirl2, Panda00 и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.080
    Допаѓања:
    8.998
    Пол:
    Машки
    Има дефицит на туристички водичи, па најмуваат од Бугарија.

    Иначе најубаво е во сопствена режија да си одиш.
     
  5. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    2.523
    Пол:
    Женски
    Јас бев пред неколку години исто со нив, уште ли соработуваат со таа?
    Колку што ми е останато во сеќавање, жената е локален водич. Турчинка, живее во Истанбул ама знае бугарски.

    Нас водич од агенцијата ни беше Бојан, млад и многу фин, културен дечко.
    Баш си направивме муабет со него, рече дека цело лето е таму и многу добро го знае Истанбул, па дури и турски одлично збореше. Затоа и не разбирам која беше потребата од женава што збореше бугарски.

    Иначе, не се единствена агенција со таков принцип на работа. Со друга агенција бевме за Будимпешта, во автобус имаше придружник од агенцијата, а за таму исто локален водич, Србин што живее во Будимпешта и збореше на српски.

    Не знам, немам ништо против агенцииве, баш мислам дека ја работат една од најубавите професии.
    Ама, сепак имам мислење дека човек поубаво и поквалитетно ќе помине во своја режија.
    Да патуваш преку агенција се исплати едино да искористиш поевтин превоз + смештај, а за шетање не, во никој случај не се исплати. Прво ставаат нереални и превисоки цени на факултативни излети, а реално ништо нит ќе видиш како што треба, нит па ќе го доживееш градот. Метрополи како Истанбул, Будимпешта, Виена, Париз, Рим, не се шетаат за пола саат и не можеш да ги доживееш ,,панорамски".
    Ја стварно убаво си поминав, не викам не, далеку од тоа дека беше лошо, ама не можам да кажам ни дека сум го осетила градот, зашто сѐ беше на брзање.
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    3.094
    Пол:
    Женски
    Искуство со ArenaTurizam?
     
  7. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    1.785
    Пол:
    Женски
    Ај предложете некоја добра туристичка агенвија по можност со авион а не со автобус
     
  8. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    7.210
    Пол:
    Женски
    @Elence93 @Panda00 Таков е законот во секоја држава, мора да биде локален водич, иначе не би имале работа тие. И кај нас е исто кога идат странци наш водич имаат.
     
  9. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.287
    Допаѓања:
    5.783
    Пол:
    Женски
    Не разбирам, нормално дека ако одам со агенција од Македонија очекувам водичот да зборува македонски јазик. Другиот водич што го имаат, Бојан зборува на македонски јазик. Исто кога бев со Нехар травел водичот зборуваше на македонски. Никаква поврзаност нема бугарскиов со патување во Турција.
     
    На SunnyGirl2, LibreGirl и Panda00 им се допаѓа ова.
  10. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.287
    Допаѓања:
    5.783
    Пол:
    Женски
    Нехар
     
    На SunnyGirl2 и Medea. им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.876
    Пол:
    Женски
    Не е баш така, барем не секогаш. Агенција не може да работи со сопствен водич во друга земја, значи ако не најде слободен локален водич кој е лиценциран во таа земја и знае македонски (што на пример во Италија е многу тешко, невозможно да речам) постојат други две опции: или да најдат локален водич кој зборува јазик близок со нашиот (српски, хрватски, бугарски) или да си најмат локален водич кој ќе зборува англиски, а водачот на групата (од агенцијата) да преведува на македонски. Ама тој треба да биде и преведувач и организатор на групата, а и да биде спремен да преведува точно, значи да има познавање, што исто така не е за занемарување бидејќи невозможно е да знае сѐ. Треба многу работи да се поклопат. Ако ти е важно да се зборува исклучиво на македонски, обавезно прашувај во агенција пред да уплатиш како се организирала агенцијата.
     
  12. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    10.943
    Пол:
    Женски
    Ми излезе нова агенција за која не бев слушнала а гледам убави понуди Балканеа. Дали некој патувал со нив?
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.622
    Допаѓања:
    5.964
    Ovaa тема ми треба.


    Сакам јуЛи со маж ми и дететп (3год ) да одам на одмор. Ми требаате за препораки и искуства :)

    авиони да нудат или ако има водич да збори Мк и да сме алл инклузив
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    2.523
    Пол:
    Женски
    Искуства со Травити? Конкретно ме интересираат авионските аранжмани за одмор во Шпанија, Лорет де Мар или Коста Брава.
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.080
    Допаѓања:
    8.998
    Пол:
    Машки
    Сигурно не би одела во јули со детето 3 год. во Турција, Египет и Шпанија да се печеш во рерна. Можеш да одиш во Грција.
     
    На FreeToGo, SunnyGirl2 и lovely91 им се допаѓа ова.
  16. nebojsha985

    nebojsha985 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Zdravo
    Dali mozi da mi kaze nekoj koj bil vo tunis, kade e najubavo mesto za odmor koj grad i koj hotel
     
  17. Giinna

    Giinna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Големо НЕ за САВАНА!
    Патував пред некоја година во Турција со нив ама годинава за Грција резервирав и мн лошо искуство имам. Резервираа и одма им вратија дека нема слободно по што правиме втора резервација со сменет термин и инсистираат на уплата, оваа е потврдена уплатете. Се уплата онлине дел, дел отидов да уплатам заедно со сите провизии. На крај после 5 саати на цела уплатена резервација се јавија да кажат дека е одбиена ама не е до нив нели. Имаш во истиот хотел за др термин слободно, поскапо и една ноќ помалце. Ок прифативме значи трета резервација е. Идеме да доплатаме пак, дупло поскапо ни кажуваат други двајца вработени, таа што ја правеше резервацијата не беше на раб. Пробувам да им објаснам дека претходната е резервација е цела уплатена што треба и да им е јасно штом е пуштена резервација и треба да доплатам разлика ама они не, не им искачила математиката, провизии за онлине плаќање од претходната резервација имало бла бла и притоа крајно арогантни и неуслужливи. Викам како би ми дале договор ако не сум ги платила и тие провизии што ги правевме онлине? Ми го подаде дрско дигитронот и ми вика еве ти рачунај ти ако јас не знам. Се јавија и колешката да ја прашаат и пак ни рекоа дојдете утре, прашувам кога ќе биде на раб и ми вика ПА ВИ РЕКОВ ПРВА Е!
    Одам следниот ден викам зошто е откажана, ми рековте завршивме,ќе ви пратам на меил ваучер и бидејќи и претходната резервација беше откажана ја прашав пред да заминам дали има шанси да се откаже и оваа, и ми вика не ке потврдат одма, ќе ви пуштам на меил ваучер. Добив коментар госпого не е некоја разлика во сумата, 80 еур се во прашање?! Демек дај не замарај за 80 еур а плус и ноќ помалце која кошта 350 еур! Безобразлук до максимум, ни едно извини имало недоразбирање, уште вика разбирам вие сте изреволтирани дека и вчера колегите ве вратиле, јас со вас коректно се однесував. Колегите седат до неа, си свиркаат сите, еден не стана да каже извинете, недоразбирање. Јасно ми е откажал хотелот, се букира од сите агенции, уплатил некој пред нас ама алоо да се понашаш така и при нивна грешка ми е безобразлук невиден.

    Гледав меилови на страната ама не знам дали ке допрат до сопственикот на савана. По логика би требало да е вклучен и во тие комуникации ама во која вукојебина сме веќе ништо не ме чуди. Знае некој кај би можела да пуштам поплака?
     
    На Cosmic Girl и kolovoz им се допаѓа ова.
  18. ena_11

    ena_11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2015
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    imate li iskustvo so turistichkata agencija zapoznaj go svetot na instagram? pls
     
  19. Lady Dee

    Lady Dee Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2023
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Искуства со “topholidays_mk” ?
    Некој да патувал…. Не можам да најдам по нетов ништо….