Здраво, прв пат пишувам на темава и не знам дали се дуплирам со прашањево. Ме интересира искуство со Нехар. Конкретно за патувањето што е во октомври - BERNINA EXPRESS + (Сирмионе-Тирано-Ст.Морис-Луцерн-Инсбрук-Салзбург-Халштад). Секое мислење е добредојдено
Здраво на сите. Ве молам за искуства со Tosca Beach Hotel во Кавала, особено од семејства што биле со бебе и мало дете (toddler) на почетокот на септември. Какви ви се впечатоците за хотелот, плажата, храната и условите за деца? Дали вреди да се избере за семеен одмор? Планираме да одиме со Папилон.Дали некој бил и дали се океј? Ви благодарам однапред! ❤️
и ние го разгледуваме истиот хотел. и травити го имаат и папилон. Травити ми се ко полјубезни . Дали некој има искуство со агенцииве која е подобра
- јас би сакала да слушнам мислење од некој што бил, затоа што се изначитав свашта, од најпреубави коментари до најлоши. На два ума сум…
Како најдовте место? Со години се обидувам да букирам, стално е резервиран целосно уште во декември за наредна година.
Имаат агенциите, Травити и Папилон сигурно го нудат, еве јас конкретно уште немам резервирано ама има слободно и во двете агенции, а има и на booking само за 200-300 еу е поскап
Па и преку Папилон пробував минатите години, никогаш немаше место, дигнав раце. Тешко дека ќе одиме на одмор натаму веќе, сега други дестинации ни се приоритет. Фала ти.
Јас сум била со Нехар на две патувања, а на ова за кое прашувам не сум била. Мојот впечаток е дека како агенција максимално се посветени на факултативните посети. Уште во автобус или во прв згоден момент ви ги нудат факултативите и не ви оставаат можност истите да ги реализирате сами преку локални агенции кои ги нудат за дупло помалку пари. Исто така, многу битно е кој ќе биде водачот. Ако биде Јасмин не препорачувам патување со нив, дрзок, арогантен, безобразен. Од друга страна Нехар е подобар и потемелен во описот на местата кои ќе ги посетувате. Ваквите патувања со нив, на прв поглед изгледаат економочни но секогаш дуплирајте ја првичната сума за факултативите и ќе видите по која цена плаќате. Се е некако набрзина, некои места само се поминуваат и се гледаат од автобус, некаде се застанува само 15 минути, а пред тргнување ветуваат магија. Но ја нема. Само спиење по автобуси и брзање од едно место на друго, од една факултатива на друга. А патем, некои факултативи се и задолжителни. моја оцена 6/10
Какво искуство имате со Фибула за одмор во Сиде во all inclusive hotel (и кој) за првите две недели во септември. Читам многу различни мислења, лоши reviews на гугл, на два ума сум...