Кога бев пред две години на одмор кога го подигнав ваучерот ми дадоа и една осигурителна брошура. Овој пат не добив таква, а кога дечкото од агенцијата ми кажуваше што спаѓа во цената не спомна осигурување Ќе се јавам да прашам деновиве дали го рачунаат тоа или треба посебно да се осигурам, ако е така знае ли некој дали е сложена постапка, каде, како што и колку чини отприлика? Тогаш преку агенцијата мислам дека ми наплатија околу 300-400 денари, дали вака самостојно е поскапо?
^ Сеедно ти се фаќа, цената за осигурување дали од агенција или од осигурителна куќа е иста. Луѓето од агенцијата требало да ти предложат, јас како што знам во аранжманите не е вклучено, али добро што ете ти текнало, направи и обавезно понеси.
Јас секогаш си вадам патничко осигурување од осигурителна компанија, зашто имам проверено и е повтино од она што го нудат во туристичката агенција. Цената варира во зависност од зоната во која се наоѓа земјата во којашто ќе патуваш.Поздравче.
Може да ми дадете некоја понуна со агенција за Тенерифе или Палма де мајорка со хотел, пат во двата правца со авион,и другите трошоци .Благодарам однапред
Нема врска зоната во која патуваш, освен ако не се работи за Бугарија или Грција каде што осигурувањата се годишни и излегуваат поскапо отколку да се извади полиса што важи за сите земји. Инаку цените се потполно исти, не знам од каде таа информација дека се поскапи, само таму кај што најверојатно си земала не ти одобриле попуст, а во осигурителната куќа да, што е пропуст на агенцијата.
Јас лани вадев за во Грција. 10 дена точно за 250ден од Сава Табак. Агенциите кога го вадат осигр. си ставаат + заработка и наплатуваат по 1 евро од ден ако не се лажам.
Значи има 4 вида на осигурување, за Македонија, Грција, Бугарија и останати. За Грција и Бугарија може да се вадат исклучиво годишни кои чинат 1200 денари со 150 евра франшиза (значи не покриваат трошоци под таа сума), додека пак годишните за сите останати земји се поскапи и без франшиза (да не навлагам во цифри и детали). Агенциите што вадат за Грција или Бугарија неколку дневни полиси не се посебни за тие земји, туку спаѓаат во категорија "останати" и конкретно за 10 дена е 247 денари. Они не додаваат ништо на таа сума, самите осигурителни куќи им даваат провизија од заработката и затоа велам дека цената е иста од каде и да го земете.
Јас пред еден месец извадив за Грција годишно осигурување за 260 ден.осигурени 30 дена А другарка ми за Турција 300ден. осигурени 15 ден во Еуролинк осигурување
Сакаме оваа година со друштво да идеме на одмор, размислуваме за турција.. Меѓутоа бидејки лани плативме само за сместување без храна многу пари ни идеа за јаденје затоа сега сакаме да најдеме нешто евтино алл-инклусив и потоа да немаме трошкови за храна туку само за искачање.. енибоди?
Баш сега погледнав во ливчето и ја имам погрешено и цената годишно со 30 дена 340 ден.кај франшиза стои 150 eur
Тоа значи дека ако недај Боже се повредиш и сметката е над 150 евра ќе платиш само 150, другото ќе ти плати осигурувањето, а ако е под 150 евра си плаќаш сама. Најдобро е она осигурување 1 евро од ден. Си кажуваш кои денови одиш на одмор и за тие денови ти важи само, со тоа осигурување се ти е покриено. Најскапо му доаѓа, ама на раат ќе си.
^ Потполно е точно напишаново погоре и се согласувам дека тоа од 1 евро на ден е најдобро, но се препорачува пред се доколку се патува со авион зошто покрива доцнење или губење на багаж, а за комшиски земји каде одиме со кола нема потреба. Тука може да се заштеди, без багаж е 30.75ден. од ден и плус на тоа може да се добие некој студентски попуст, или попуст за вработен, турист, група... И најмалку може да се осигураат 4 дена, минимална сума од 99МКД (со попуст)
Кога веќе падна муабет за патничко осигурување- да ве прашам каде можам да ги видам цените за земји кои не ни се соседни?
На српските форуми за патувања Аргус е најлошо квалификувана, постојано нешто им фали, дали смештај дали лош превоз и остало. А No Limit правеа бајаги проблеми со тие „наградните“ игри, вака за обичен аранжман не знам, ама ако имаш слична понуда во друга агенција подобро батали ги овие две
И јас имам едно прашање Луѓе што мислите за агенцијата TRAVEL-GROUP и нивните наградни патувања имаме едно такво наградно и се мислав дали е валидно Се јавив во агенција и они ми рекоа дака навистина сместувањето било без пари Дали знаете некои што биле и колку може да им се верува?