Девојки дали имате искуство со TerraTravel - Туристичка агенција јас си пронајдов понуда за преку нив, но предходно немам слушнато за агенцијава
Ние лани бевме во Грција преку ТерраТравел и задоволна сум, ок испаднаа за целокупниот одмор. Дури и бев пријатно изненадена, бидејќи плативме за двокреветна соба, а таму ни дадоа двособен апартман со 2 спални, а ние бевме само двајца Да знаевме ќе си земевме уште некој пар од тука. Во секој случај добри се, ти ги препорачувам
Јас сега бев со нив во Грција,а претходно немав никави сознанија за агенцијата и се си беше во ред.Задоволна сум и немавме никакви проблеми.Сега повторно планирам преку нив да одам на одмор Супер се :up:
Девојки, дали некој има искуство со Гранада? Прилично познати се, би требало да се ок според мене. Искуства?
кај и да одберете само внимавајте на изброт на агенција. Никако не уплакајте со агенција ПЕТ . Само што се вратив од закинтос таму може да се истера убав одмор плажата е убава морето плитко за деца поволно но градот е доста бучен навечер и зависи во кој дел сте сместени. Но да се вратам на агенцијата која покрај непрофесионалноста мува не ја лази за туристите не прати на пат 800 км со крс автобус во кој седишта не се пуштаат а неработи клима па кога проработи не се гасеше па моравме со салотејп да ја лепиме за да издржиме. не однесоа таму во 9 -10 сабајле а соби после два. ни фоаје ни сенка ни кај да остаиш куфер на сонце на 40 степени.Имаше и деца во групата беше ужас кога почнавме да се караме водичот на групата мртов ладен (кој нели веке си беше сместен и уживаше ) ни рече читајте договор нема смештај пред два а кога луѓето почнаа силно да протестираат ни вика па ја ли ве викнав сами си дојдовте. Да не кажувам дека вработените не се во состојба ни една едина информација да ви дадат пред тргање ги прашав дали во вилата има пешкири рекоа не ... уставри мислам ама незнам ама..... ги замолив да прашаат и да ми кажат . три пати после тоа одев и пак исто незнам не прашав мислам дека има ама нема....и на крај рекоа сигурно нема акога стигнавме таму имаше. На враќање за да не се буни новата група решија нас да не исфрлат порано од собите 2 часа . Ја викнавме водичката и и рековме сега вие читајте договор ама таа фино си се клјафтеше и као вети дека ќе среди но сабајлето шок ко партали не исфрлија во 8 часот а на договорот пишува 10 кога ја викнавме госпожата да ја прашаме што направила абе глеа у облаци и превртува очи и као епа добро бе не се инаетете. Дојдоа автобусите и за се што имавме никој не не ни сослуша мртви ладни само ни кажаа имате рок од 8 дена да се жалите. Епа ако сакате да одите со агенција која ви вика сами си дојдовте не ве викнавме и одморот го завршуваат со гајле ми е иди жалисе слободно уплаќајте у агенција“ ПЕТ“ - узас и непрофсионалност.
Здраво девојки Ако може да ми кажете од каде да извадам патничко осигурување и колку чини со попуст за студенти? Благодарам
http://www.arbotravel.com/destinacii/sl ... 18-27.html http://kontiki.mk/index.asp Еве нешто, ама што знам, србите ја поубаво работат Словенија
Јас извадив сега за 9 дена - со франшиза - 280 ден, без франшиза било 330 ден - а студенти сигурно и попуст ке имате, ама не некој голем зависи и за колку дена бараш
jas lani izvadiv 180 denari osiguruvanje na godisno nivo , za 15 dena, vo AMSM mislam deka na Vardar bese osiguruvanjeto. Ama neznam sto tocno pokriva, a i ne me interesirase .
Ме интересира дали некој патувал со Игуана во Грција и како е задоволен Гледам имаат бајаги ефтинка понуда за Лефкада http://www.iguana.com.mk/ponuda/82-2012 ... 9--apolo-3
Абе кога и да сум одела на одмор,никад ништо не сум очекувала од агенцииве. Искрено, за млад човек да бапне над 500 евра ол инкузив,да се занаса,не оди,со моите сум одела,финансирале,мене интересите ми се други и поевтино ми е скроз ок,пари троши си за ПИЕЊЕ,ЈАДЕЊЕ,возење на банани и слични тракатанци,ма што ти душа сака бре! И коа давам 250-300 евра за аранжман знам што и да очекувам и плус читам пред да тргнам агенда. Се дешавале и исклучоци на своја режија каде за иста цена на аранжман,сум летувала во повисока класа на хотел,логично,па оди така човече ако ти не паше,ама имаш други недостатоци! Арно ама, колку се смеам кога ќе пристигнам таму! Ау,крај... па добро бе,што очекуваш за 250 евра?! Хилтон?! Во агендата ти пишува во 2 саат сместување,СЕКОГАШ,во СЕКОЈА агенција,особено овие во Грција,џоа севте да летуваш. И не е со една агенција така,СО СИТЕ Е. Па кога ќе почне овој наш народ да се кара,да се заканува со ТУЖЕЊА, па дали вие имате памеееет,па глеј колкав паааааат ееее? Епа добро бе,седи у неисчистена соба,јас кулирам под сенка,пијам вода и се ЗЕЗАМ,вадам дури и табла и на лице место ја играм,лани,имаше базен у дворот,да оставам куфери сами,нејќум,соблакање,ЛАСТА У БАЗЕН! Епа шо да ви правам сега? Ако сакаш поубаво,плати 600 евра по човек и сместувај се одма! Тоа се вили кои до последен ден се полни,ги празнат во 9 утрото,ги чиста собите,што очекуваш? Знам дека си гладен и кенкав и сонлив и има море и има све убаво,ама стрпи се! Е не дека нема зезалици од друг тип со агенцииве,ниту една немаме асална,ама најглупото нешто за кое се бунат е,е зошто да чекам до 2 саат да се сместам у соба?! Е ај погоди зошто?! Едвај чекам годинава да одам на одмор да се смеам! Ако мене ме прашувате на темава,нема асална наша агенција,точка. А што се однесува до оние што ги праќаат,у друга прилика ќе ви пишам како еден пар,постар, желен за егзотичен одмор,остана опајдурен за 3000 евра. Ма ситница!
Вчера бевме со дечко ми се распрашувавме за понудата во хотел Аполо, за терминот од 19 Август, и нема место Има само уште една соба за терминот од 11 Август, ама мене не ми одговара, одморот дури на 13 ми почнува, не сум сигурна дека ќе ми дозволат да го поместам... Инаку, само што ми прати дечко ми линк за агенцијава Се сеќава ли некој на ова? http://www.youtube.com/watch?v=g4d0IaIVUQ4
Не е до Игуана, до местото е. Еве ќе ти дадам линкови и од други туристички агенции што нудат на Василики на Лефкада. http://www.samaholiday.com.mk/2012/item/704-hotel-ponti http://www.samaholiday.com.mk/2012/item ... l-apollo-3 http://talijatravel.mk/letuvanje/lefkada/ http://www.elidaturs.mk/letovanje-2012/ ... ory_id=305 Проблемот е Василики. Значи Лефкада како Лефкада е повеќе од прекрасна. Со исклучок на Василики. Како гратче имало ресторанчиња, барови, за шеткање итн. Но ништо посебно. Проблемот е што тоа е заливот кај што се едри и сурфа. Тука доаѓаат сурфери од цел свет. Имам пријателка која секоја година оди во јуни тука има собир на сурфери. За нив ова е рај нели. Имало некогаш инвазија од сурфери, некогаш само неколку. Тука има бранови, ветер, прљавштини, треви и се што не би сакал обичен човек. Ако имаш во план секој ден да одиш на плажи тогаш ок е, ама од друга страна подобро е ако веќе одиш на плажи со кола тогаш оди во Нидри што е многу пати поголем и позабавен град од Василики. Еве ти слики какво е местово. Спојлер
Леле СУРФАЊЕЕЕЕЕ! САКАМ! Ах Росоњерка,да си каснеш од газот!!! Еден сончев ден кога ќе имам многу пари ќе го потрошам остатокот од животот на сурфање и едрење! Така да знаете!