Ќут имам кажано желба голема од тука до месечината ми е да сурфам! Ама сурфам, не едрам Ама некој што сака класичен одмор и очекува бистра вода и песочна плажа, нешто што асоцира на Лефкада нали, е тоа на Василики го нема. Зато е ефтино, а луѓе ќе видат преефтино на Лефкада и ќе се потепаат, а агенцијата ќе излаже тиркиз море ова она и таму имаш треви и бранови и даски Лилитке идниот јуни пакуј куферите и даската идеме да сурфаме
Ау,почнав да завивам!ИДЕМЕ! *ја гланца даската со восок* А и еден не толку занемарлив факт - СУРФЕРИИИИИИИИ! Е како да не си ја запееш ДАВОРИНКЕ ДАЈКЕЕЕЕЕ во овој момент?! Како?!
Спојлер Росонерка фала ти на информации ама јас лани бев на Лефкада во Нидри и оваа година пак ќе одам на истото место ,ме интересираше ова инфо за другарка моја што сака да оди преку агенција Иначе ако ме прашувате мене јас никогаш не би отишла преку агенција сам увек подобро сместување ќе си најдеш ,ние на пр лани отидовме на слепо во нидри и ни се погоди прво па машко ,првата куќа кај шо прашавме студио 25е за двајцата со купатило со кујна тараса и клима во ек на сезона и тоа од 2август
Што ќе кажете за Савана или Фалкон? Имаат LAST MINUTE па се мислиме дали да уплатиме и преку која,првично за Грција сакаме
Ние секогаш сме ги избирале Савана и до сега не сме имале проблем. Сме имале и некои наши можеби по малку чудни барања од нив и секогаш ни излегувале во пресрет. Оваа година некако сум разочарана од нивната понуда ,а особено од цените зошто се исти како ланските,а реално цените во Грција за сместување се многу намалени. Мислам дека овие Ласт Минит понуди се со реални цени и дека нема да згрешите доколку ги изберете,да можев и јас ќе уплатев така ,но со бебушот мој не можам да планирам толку краткорочно ,а на вас како млад брачен пар освен море,песок и поцврст кревет не ви треба ништо друго
Феминки можете да ми дадете линк од некоја туристичка агенција која дава сместување во Грција (некоја од вилите таму)од 100 до 170 евра (со превоз) се утепав од барање ама неможев да најдам за од 8 месец ми треба ке ви бидам многу благодарна ако најдете
Oд Нидри до убавите плажи кои се на Запад имаш 35-40км тоа е измачување секој ден да се вози, а од Василики имаш околу 10км. Ако сакаш блиску убава плажа тогаш Василики а ако сакаш ноќен живот тогаш Нидри.
Савана и Аурора се топ - лидери на пазар се....проверени се! Фибула се изгорев еднашка во Турција - катастрофална локална подршка...
Дали досега некој бил некаде преку Балојани? Имаат добра понуда за Крф па еве се мислиме со нив да одиме ама не сме баш сигурни..ај доколку имате некое искуство со нив ке ве замолам да споделите )
ги гледам интензивно понудите на ОРФЕЈ за ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА и сакам некое мислење за орфеј !!! директен чартер од Скопје имаат за мајорка и многу добри понуди, ама не знам никој шо идел со нив така да сакам да знам , да не испадне одам на палма и таму катастрофа хахаха не дај боже
Ke moze da mi kazes samo kako stignavte do Lefkada. Dali bevte so avtobus od Skopje ili so voz? Jas razgleduvav nekoi opcii i vidov deka e komplicirano od Solun, mora da se odi do Atina i od tamo da se najde prevoz.
[/quote] Ke moze da mi kazes samo kako stignavte do Lefkada. Dali bevte so avtobus od Skopje ili so voz? Jas razgleduvav nekoi opcii i vidov deka e komplicirano od Solun, mora da se odi do Atina i od tamo da se najde prevoz.[/quote] Ана ние си бевме со сопствен превоз
Девојки ме интересира дали имате патувано со фибула травел за Турција. Дали сте задоволни, да се пофалите или пожалите. Јас сакам да одам во септември, овие имаат најдобри понуди како што гледав на нет. Ако имате да ми препорачате некоја друга агенција од која сте задоволни би ви била благодарна. Поздрав
ги прочитав првата и последната страна и не видов за Aries Travel AGENCY.. има некој што бил со нив и како е задоволен ?? и колку се плаќа ВКУПНО за престој, патување и се друго ?