Прекрасен филм со Анџелина Џоли и Џони Дип во главни улоги. Романтична комедија вкрсена со криминален трилер снимен во Венеција и Париз вклучувајќи гламурозна мистериозната жена и професор по математика од Висконсин. Прекрасен филм кој вреди да се гледа.
еден од најубавите филмови што ги имам гледано...секако, заслужи за тоа се и Анџелина и Џони... 100 пати го имам гледано...најмногу ми се допаѓа онај неочекуван пресврт Спојлер кога се дознава дека всушност Френк е Александар Пирс
Добар филм...сите се согласуваме едно... главните актери му даваат посебна убавина на филмов.... Тој што сака да гледа филмови со неочекуван крај ...нека го погледне...сигурно ќе му се допадне!
Го гледав уште јануари негде, мене искрено не ми беше нешто посебен. Имаше некој интересен момент но углавно boring. Приказната не ни ја разбрав како што треба, знам ги бркаше некој, и се криеа овие, не памтам ни како заврши. Единствено Џони некако го вади филмот, милина да ти е да го гледаш... Спојлер
Веќе 100 пати ми е гледан и уште 100 пати да го гледам нема да ми стане досаден. Конечно двајцата мои омилени артисти споени во едно ремек дело. Прекрасен филм.
Прекрасен филм ! А и глумците си го прават своето Јас им го препорачувам на сите кои го немаат гледано да го погледнат
Убав филм, не е лош, а иако Џоли не ми е посебно омилена, морам да признаам дека во филмов е прекрасна
Филмот е одличен и дефинитивно спаѓа во филмови кои ги би гледала пак. Анџелина не ми е омилена, мислам дека е префорсирана. Ама во филмов е прекрасна и за улогата е совршена. За Џони Деп муабет да не правам, човекот е фантастичен.
На мене пак овој филм не ми остави никаков посебен впечаток.Преценет е затоа што е со познати глумци,ама сепак не ми се допадна којзнае колку.Ништо посебно.
Искрено, филмов го гледав заради Џони Деп, од Анџелина ми се повраќа Толку е исфорсирана и преценета како и секој нејзин филм кој не е ништо посебно и е веќе видено. Гледам дека скоро на сите ви се допаднал, ама мене ми беше страшно досаден. Едвај го догледав. По се изгледа имам изгледано премногу филмови од ваков тип, па целиот тек на настаните однапред го предвидов. И затоа ми беше досаден, не ме изненадија со ништо.
филмов го гледав во авион,и се прерадував,си реков че отепам 2-3 саати без да ги сетам,ама сама си се излагав тие 2-3 сати ми се видоја 2-30 саати,по глуп и досаден филм во животов немам видено.дури и џони деп не успеал да го разубави овој досаден филм