Не сум фан на Анџелина Џоли али во филмов прекрасна беше.. За Џони па да не зборуваме.. Филмов ме врати назад во Венеција, чувството да ги видиш оние места на кои си бил и си викаш у себе, ее јас бев таму, сеа Анџелина и Џони Ми се допадна филмов, би го гледала пак после некое време..
Филмов ми се допадна, ама не е нешто ептен посебно. Мразам што некои филмови се преценети ептен заради актерите кои глумат во нив. Баш Џоли и Деп, нивниот изглед и глума го прават филмов тоа што е. Да бил со други актери ќе бил катастрофа. Според мене барем. Приказната не е нешто ново и импресивно. Како што кажав единствено глумата на главните актери спасува ситуација. Анџелина е прекрасна. Во цел филм ја гледав со спуштена вилица.
Го гледав еднаш и не знам дали го догледав . Ама тапа филм,немаше никакво дејствие.Не знам дали е до тоа што не ја можам Анџелина.Секој филм со неа е претставуван како којзнае што а два часа си губиш за џабе.
мн добар филм го гледав со братучетка ми и да Џоли е прекрасна како во сите филмови баш и доликува стилот што го има во филмов
Прекрасно филмче, го гледав пред некој месец. Навистина немам зборови, од изборот на актерите па се понатаму. Еленгацијата на Џоли во филмот е лудница. Знам дека кога го гледав дента,утре дента па го пуштив,па наредната недела уште еднаш. Навистина прекрасен филм. :up: 10/10
Не знам зошто но требаше филмов да го гледам околу 4 пати за да ги сватам дејствијата (ако и ги има воопшто) но како и да е добро филмче вреди да се изгледа...А Џоли......ахххх само си ја гледав и си воздивнував исто и овој актерот Џони Деп
Венеција, Анџелина Џоли, Џони Деп, одлична содржина, одлична глума... Што и да кажам повеќе ќе ја уништи смислата на филмов. Фантастичен трилер, доколку го гледате да знаете дека времето ќе ви биде квалитетно потрошено.
Го имам гледано пред 3-4 месеци, многу ми се допадна што заврши скроз неочекувано. Џони Деп и друго шо да зборам.
Прв пат слушам за филмов,најверојатно што не сум баш по филмови (x Како иден туризмолог морам да го гледам
Не е нешto wow, само заради Џоли и Џони вреди да се погледне, всушност да не се тие филмов ќе биде и подпросечен. Некако е веќе видено, незнам ни дали може да се нарече трилер или пак мистерија. Интересна е приказната ама сепак јас би го ставила во категоријата за тепање време. Највеќе од се ми се допаѓа стајлингот и целокупниот изглед на Џоли.