Споделете дали користите и какви турпии за нокти користите. Спојлер Моите најнови се овие од авон: За 39 денари работата си ја вршат одлично.Има 3 турпии со по 2 лица. Значи 6. Со секоја страна го поминуваш ноктот за на крај да добиеш толкав сјај на ноктите што некој би помислил дека си лакиран со безбоен лак. Пробајте ги. Ќе бидете задоволни. За тоа ви гарантирам.
Порано ги користев овие на Орифлејм и не бев нешто задоволна. И лани кога отидов за да ми прават гелни нокти ми дадоа една турпија што е преубава, знам ја носи нешто од странство девојката, ништо од препаратите за гелни нокти не и е од Мкд.
Имам ваква, ја купив од Космо за некои 50-60 денари и супер ми е. Мислам дека Solingen или така некако се викаше фирмата, ама не е ниту битно - прекрасно си ја врши работата и не се оштетува по некое време од користењето, како што беше случај со еден сет турпии кој го купив пред да ја земам оваа и станаа тотално неупотребливи по неколку користења. Веќе дури и ретко употребувам грицкалка за нокти, само редовно ги средувам ноктите со турпија и изгледаат прекрасно, дури и не се случило додека ги средувам да пукнат или да се оштетат - тоа ми беше најголемиот проблем поради кој се откажав од грицкалките.
Јас ја имам оваа од Solingen, купена е од некоја локална парфимерија или од Jumbo, не се сеќавам точно. Сигурно е 3-4 години. Не ја менувам за ништо, ја заменив со грицкалката за нокти, која сега ја употребувам ептен ретко. Ептен е добра, и по толку користење иста си е, се нема променето. Ако не дај Боже ја изгубам некаде, ќе си барам пак иста
^^Види во подобро снабдните парфимерии, или ако има Премиум во твојот град, таму имаш козметичка опрема.
здраво!јас нешто во врска со маникир сакам да ве прашам дали може да се стави гел на ноктите еднен слој после да се исуши во ув ламба па после да се стави обичен лак па после да се стави пак гел дали мислите дека можам така да работам????????????????
ги има уште? моите отапуваат https://www.google.com/search?q=Tit...Fforum%2Findex.php%3Ftopic%3D7223.120;500;375 ,ja Користам 3-та трупија од десно али отапе
Луѓе сакам да започнам да ставам нокти искуство имам но се двоумам дали од реклама5 гледам нешто има опрема дали од ибеј и алиекспрес некој порачал ли задоволни ли сте стига ли на време ефтино ли е ( незнам ни како да порачам ) оф.. Поздрав
Користев една,имаше повеќе страни и само ја користев едната,таа најтврдата за да ми бидат помеки и имаше една страна shine,изгледа беше за да дава сјај на ноктите. Другите не ги користев,а се сеќавам беа одбележани со бројки,изгледа која страна по ред да ја користиш.Толку филозофии за една турпија.
Веќе со години користам само турпии за обликување на ноктите на рацете и нозете. Не памтам од кога немам фатено грицкалка за нокти во рака и не ни планирам. Многу поубаво ми е да си ги средувам ноктите со турпија и забележувам разлика и во квалитетот на самиот нокт. Со притисокот кој го ствара грицкалката дури сечев, често пати ноктите ми се расцветуваа и напукнуваа па морав да ги сечам пократко, а доколку се работи за ноктите на стапалата - тоа секако не ми е по желба, затоа што ме боли кога ноктињата се премногу кратки и ми зараснуваат во месото. Вака сум раат и конечно успеав да ги доведам во ред ноктите на нозете. Да живеат турпиите!