Некое време ги користам овие двострани турпии. Од едната страна се погруби, од другата нешто понежни. После долго време и откажав љубов на мојата Soligen метална турпија. Веројатно и ја изгубив некаде, разносувајќи ја. Приметив дека од неа ми се оштетува ноктот т.е се разлистуваше. А со овие меки турпии немам проблем. Ноктарка не користам оти после неа во раце како саката сум. Немам осет.
@blessed.an стаклените турпии не го оштетуваат ноктот, т.е. не го делат ноктот на слоеви. Јас ја користам оваа на Титанија скоро 4 години и воопшто нема попуштено во однос на квалитетот. Ја купив од ДМ, цената не ја памтам.
Искуства со металните турпии Titania? Спојлер: . https://fem-img.herokuapp.com/c8e8f...ada.com.ph/p/titania-6706-51674-1-product.jpg
Јас оваа си ја земав и сум ептен задоволна. Супер квалитет, со едно полнење трае со месеци и одлично се обликуваат ноктите. Порано користев од метелните и од нив многу ми се делеа ноктите а пак тие меките веднаш ми се упропастуваа.
Може не е за во темава прашањето ама бидејќи одамна одам еднаш месечно ставам гел на нокти дома немам турпија и немам ни идеа каква да си купам. Препорачајте ми некоја што сте задоволни.