Турски серии

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од maja8, 26 септември 2010.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Нели мислите дека малку претераа нашиве телевизи со турски серии... Прво Сител, па А1 , па сега и Канал 5... Аман! И кога и да загелдам само плачење, све некои тажни сцени, што е работава? Бар на времето кога гледав јас шпански серии имаше и комедија (филмовите со Наталија Ореиро на пример :D )... Од овие турскиве ништо не гледам...
     
  2. maa

    maa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    38
    Mене лично ми се допагаат сите ;) Али лисјата се врв...Конечно нешто што мислам дека е настанато од вистинска приказна...
     
    На ottoman empire и girl1985 им се допаѓа ова.
  3. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.088
    Пол:
    Женски
    Не сум љубител на таканаречените тв новели |(
    Една од ретките сум што не ја зафати Шехерзад треската . Почнав да го гледам Кога лисјата паѓаат но фала богу не сум опседната како повеќето .Аман тоа е само серија не е крај на свет ако пропуштиш епизода :tmi: ..не бива ама ич :^)
     
  4. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Јас ги сакам турските серии, ама овие наши телевизии претеруваат! На секој сат, различна турска серија даваат, да ти се одмиле да гледаш тв! Малце со усул треба да се работи!....Иначе од сите турски, најдобра ми е Кога лисјата паѓаат! Многу поучна и содржајна серија! А Шеќерка, не сум нејзин фан!
     
  5. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Многу се популарни во последно време,само за нив се збори.Не ја гледав „1001 ноќ„,не ни знам која друга постои.Ја гледам само „Кога лисјата паѓаат„..Доста поучна.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Мене лично многу ми се дпоагаат овие серии и тоа многу повеке од шпанските некако ми се пореални и барем ги нема оние еротски сцени од шпанските :D И инаку лисјата ги обожавам и ми е многу подобра од Шехерезад :)
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Светот беше подобар без турски серии! :geek:
    После напаста од Касандра и шпански серии, Жаде и бразилски серии, мала популарност на хрватско-српски, е сега следи Шеќерезад со турски серии!
    Луѓево се забегани бе по турскиве, сите ги гледаат, сите се внесени тотално, ја сожалуваат нивната тажна судбина, како нивна да е, ако Али Риза плаче и мажи и жени плачат по дома ... |(

    Кога би се забраниле со закон би била најсреќна. Би си правела со моите повеќе муабет, вака од 8 до 11 они не ме рецкаат, дома има забрана за муабетење.

    Се надевам ќе помине и оваа зараза на турски серии многу брзо. На луѓето веќе мозоците им се полуиспрани. Време е за малце да поуживаат!

    Најлошо е што веќе не се откупуваат американски серии или како Вовед во анатомија се даваат во 4 саат преку ден :@ Нема термин веќе за добра холивудска серија :swear:
     
    На Queen.S му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.998
    Да не беа шпанските и турските серии немаше да бидеме во потрага по господин совршен. Таму се мажите толку совршено претставени просто да не ти се верува... А жени како жени, им се вее мозокот.
    Тоа е :|
     
  9. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    119
    ДО вчера шпански, сега турски, и којзнае уште какви не ќе излезат... Само да има нешто да не замара, да ни го привлекува вниманието, да ни го исполнува и одзима слободното време,а да им го полни џебот на теливизиите.
    Наместо да се почне со некои корисни документрари емисии ние ќе гледаме драми ...
    И јас ги пратам повеќето, иако се нервирам и се трудам да си ја сменам оваа навика.
     
  10. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Баш се сложувам турски серии,индиски....
    НИКАКО...!! Нема шанси....И ја би била среќна со закон да ги забранат....Зашо баш бе за размена не пуштат некоја комедија холивудска?? Стварно сум против глупите турски,цигански,шпански и такви серии....Аа за жал гледам дека од цела македонија 1000000 гледаат секоја вечер турчишта
     
  11. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Мене сите тие серии ми се глупави клишеа... сите тоа па тоа , истото па истото... Патетични се и досадни.
    Ниту ги гледам ниту ме интересираат.... |(
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    се согласувам лавли,
    сериите ми се тупечки
    мене единствено ми се допага бандини, бидејки сите се многу убави, јазикот ми е некако убав, прикажани се обичаите,културата и има поуки доста
    е сеа серијата ептен слабо се движи, што значи потребни се 4-5 епизоди за нешто да се деси, и ај тоа, туку една епизода трае 20мин ама сепак ми се свига серијата :rock:
     
  13. Pinar

    Pinar Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    1
    ЈА ГЛЕДАМ КОГА ЛИСЈАТА ПАЃААТ И НЕ ПРОПУШТАМ НИТУ ЕДНА ЕПИЗОДА...ПРЕКРАСЕН И ПОУЧЕН ФИЛМ...НЕМАМ КОМЕНТАР :) :) :)
     
  14. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Не ги обожавам турските серии особено ако се пуштени да зборуваат на нивниот јазик :| но ги гледам само КОГА ЛИСЈАТА ПАЃААТ серијата е стварно врв над сите...многу поучна и добила награда за најдобра семејна серија
     
  15. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Имааат многу закон ликови како
    Периде :D
    Џеврие :D

    Бурхан
    Алириза
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.599
    Не гледам , ниту сум гледала, ниту имам желба, ни намера.
    И не знам како имаат толкава гледаност.
    Па уште и синхронизација, не фала.
    Дебилно, врв на низок коеф. на интелигенција.
     
    На Queen.S му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Tурски серии...НЕ ФАЛА!! :puke:
    Поглупо нешто во живот немам гледано...не ги гледам, ама морам така на поминување кога развртувам по програми да видам.....летово а1 се расчепија....вртам а1 Шехеразад, па лисјата....вртам а2 реприза алоооо :!: Сител исто од 6 па до 12 турско време е...
    за синхронизација муабет не правам, одма ми се повраќа кога ќе ги чујам :x
    И ја не знам од каде толква популарност стекна...абе прост народ сме :x :x :x
     
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    39.503
    Пол:
    Женски
    Претераа со нив.Секој ден,секој час од денот е резервиран за турски серии(или некои од другите,та индиски та незнам какви)Синхронизација за никаде,а и се иста приказна се врти..искрено шпанските некако по интересни ми беа :D Од нив на ред неможе да дојдат играни филмови или овие играните серии(ЦСИ,Нејви си го гледав)се доцна ги даваат во 12,1 саато,а дека сум на школо неможам ништо да гледам толку доцна :swear: Стварно...а пак Кога лисијата паѓаат,незнам што толкава гледаност :?: што е толку поучно,мајката им се меша во животите,сестрите си крадат мажите,па се караат и лутат,па друга се мажи за некој што прв пат го гледа...Ова од она сите што зборат го знам, дали баш така е... не сум сигурна,ама ако е не гледам ништо поучно :x
     
    На funkygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    Не да сме прост народ....поглуп не нема. А1 веке одвратна ми стана, освен турски серии ништо нема. Сител такоџе. Боже мој што има толку интересно во нив. Дома ми беа дојдени гости и кога почна "кога лисјата паѓаат" абе се нацртаа сите пред телевизор и глас не испуштија. Јас таква седам, дали на гости ми дошле дали на кино. |( И искрено не можев да се сконцентрирам на филмот од таа глупава и смешна синхронизација, абе жива глупост. На времето кога гледав шпански серии на почетокот кога играа Касандра, Есмералда, Росалинда беа 100 пати поинтересни, после па прекинав затш се исто се вртеше. :D
    Јас разбирам да има ете некоја таква серија, али нека биде една, а не илјада и една!! Наместо да даваат некои документарни филмови, некои емисии каде се експериметираат работи од физиката, природните појави, историја, нека биде наменето за деца па ќе научат на таков интересен начин ако веќе некои не можат од книги. Па ете и за нас повозрасните...
    Турски серии, абе ајде! Дали еднаш ќе можам да дадам пофален збор за некоја од нашите тв програми?!
    Се сомневам, и затоа и ретко ги гледам. Вести, некоја серија како вовед во анатомија и папа. Друго ништо!
     
  20. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Ја од турскиве серии заборавив како изгледа тв...ма не го палам више зашто нема ништо !!