Барам две турски песни од Истанбулската невеста 1:37:33 & 1:42:26 ако некој/а разбира Турски нека ми каже т.е. Пратете линк од песните
@nena2010 , @ane.bella Бидејќи знам колку многу го сакате Енгин, сакав да ве прашам дали почнавте да ја гледате новата серија со Енгин? Вечерва е втората епизода во Турција, приказната е многу убава, исто и музиката, го сакам Енгин, Неслихан уште повеќе, ама не ми кликнаа како пар воопшто
Ја гледав првата, утре втората ќе ја гледам на Youtube. не можам лајв зашто убиваат со реклами. Енгин ми е душа така да си го гледам јас со која и да глуми.
Јас баш сега ја гледам втората, разбирам по малку турски, ама едвај ја чекам со превод. Енгин е маестрален глумец, приказната и музиката се врв, ама јас Неслихан сеуште ја гледам само со Бурак Леле ова малото девојче како глуми, растура од глумење и плачење, а ова и е прва улога, и баш ја вклопиле да биде погодена за ќерка на Наре Ама и Гедиз не е за фрлање, убива од харизма и пресекси што е
Не немам одамна ништо ново гледано. Како се вика серијата? Ако ја најдеш со некаков балкански или англиски превод те молам пушти ми линк. Од кого е музиката? Ако е Тојгар мора стварно да е убава. Кажете ми каде да го најдам и филмот што му е со Берѓузар Bir ask iki hayat уште не ми е гледан На нетфлекс ја ставија Kara para ask па само што ја догледав по вторпат , се потсетив колку си го сакав Омер а и колку ми трчаше по живци СињоринаТА П.С. @Rama по грешка стегнав и те отследив но те заследив по ново Sorry
Серијата ја има на јутуб со српски превод под името Ambasadoreva kci, а Seferin kizi е оригиналното име на турски, музиката не е од Тојгар, ама пак е преубава, ми остави голем впечаток Вчера ја емитуваа втората епизода во Турција, и веќе наредниот ден ја преведуваат епизодата на јутуб, ама не целосно, целосно ја има за 3-4 дена. Првата епизода е комплетна, погледни ја, ама Енгин е малку грдичок на моменти бидејќи е чуден без брада во одредени сцени За филмот со Бергузар, не знам, ама ако најдам линк, ќе ти пуштам.. П.с уживај за отследувањето, ете во ред е Гледај ја серијата, чекам впечатоци
Јас ја гледам Истанбулската невеста, предобра серија ми е,баш на форумов прочитав дека е по вистинска приказна правена поради тоа ми е уште поубава и поинтересна за гледање, сакам реални приказни и настани. Исто така ја загледав и Исток-Запад, турско-руска серија има доста интересна и поразлична содржина од сите останати серии.
Да по вистинска приказна е снимена Истанбулската невеста. Ако те интересира подетално, можеш на јутуб да ја читаш книгата со српски превод во видео формат
Првата епизода е 2ч и 37 мин дали сите епизоди Ќе траат по толку? Не се бунам само ми падна ептен чудно што е толку долга
Ја гледав 1 епизода од серијата и ми се допаѓа. Нивните епизоди секогаш се околу 2 часа и некогаш над тоа,ама тоа мене ми е ок бидејќи не ми се допаѓа како лошо ги кратат нашиве кога ги даваат на тв.
Па изгледа дека ќе трае секоја епизода толку, ако ти е досадно да гледаш одеднаш, гледај ја епизодата на делови како што е поделена по 30 минути.
Ако нашиве не дај боже земат да ја емитуваат серијава, од една епизода ќе направат 5 и ќе ја прикажуваат цела недела
Ах сигурно нема да ми е досадно, ќе гледам колку што ќе ми дозволи времето и децава, проблем ќе ми е таман ќе се загледам ќе треба да прекинам.
Што направи, ја почна серијава? Втората епизода е комплетна на јутуб, синоќа се емитуваше во Турција а денес целосно веќе е преведена, првата епизода ја тегнеа цела недела, исто како другите серии, обично по една недела ја преведуваат епизодата, ама на публиката не и се чека, дефинитивно "грми" серијава уште од почеток направија бум со приказната, музиката која ми е многу блиска до нашата, исто и убави кадри од Црна Гора се прикажани кај што снимаа ова лето.
Да,да ја изгледав вчера цела прва епизода но немав многу време да пишам. Уште од почеток се гледа дека ќе биде многу интересна а и скапа серија, ептен ми е јак почетокот со музика од ромската песна Ерделези и кога дечињата зборуваат на српски . Тимот на глумците поединечно се одлични но главинов пар некако не ми штима или пак уште е рано да се каже, може со тек на време ќе ми заштимаат Сакам вакви серии што дејство не е во Истанбул што не значи дека подоцна неможе да продолжат во Истанбул, но засега барем ќе уживаме на убавините на Мугла. Пре убави се и вилите во кои живеат Фамилијата на Еге и неговиот партнер, пак ќе речам скапа серија е. Енгин не сме навикнати да го гледаме со толку кратка коса, но се гледа дека си ги средил ушињата па изгледа и затоа се нафатил да ја скрати косата, лично јас го преферирам со по долга. Кога ќе ја изгледам и втората епизода пак ќе пишам. Дали во Турција излегува по една епизода неделно?
Енгин мене најубав ми беше во Црни пари и љубов, во оваа новава серија средно убав ми е, а со долга коса ич не го сакам, и без брада исто. Не забележав дека ги корегирал ушите, ама забите крш му се, под итно треба да си ги среди, срамота на таа убавина и слава, да има такви заби Не ми се вклопуваат и мене ич како пар со Неслихан, ама ај може ќе се навикниме Малечката Мелек маестрално глуми, и таа е за пофалба, исто и мене ми се допаѓаат локациите каде што се снима, музиката и приказната се топ, ептен голема гледаност доби серијава, инаку да, еднаш неделно игра во Турција, во вторник се емитува на Стар Тв
Од кај ми е познат Риза? (Украдено минато) Оној што избега од 30 годишната затворска казна? Мнооогу ми е познат