Јас ептен се соживеав со Кемал и Нихан, и не по трет пат, по кој знае кој пат ја гледам серијата поради нив двајца едноставно неповторливи се,во ниту една филмска индустрија од било која земја им нема рамен Да да нели Фахрие одеше на снимањата, исто и Кадир мажот и на Несли, изгледа двајцата им беа љубоморни. Инаку јас серијава сега ја гледам на TDC-Timeles dizi chanel, ја има на кабелска ако си од А1 и игра околу 2-3 поручек @Tajnaotrovna Серијата за која прашуваш игра на каналот кој го спомнав погоре, не ме фаќај точно за збор ама околу 13 часот мислам беше и е со македонски превод
И навечер иде некаде после 22:30 ја фатив вечерва. Ми се виде за интересна иако не знам до која епизода се стасани. Сакам да ја гледам бидејќи прочитав по вистинска приказна дека е снимана, а плус и омилениот глумец во главна улога. Совршенство.
Пред неколку години и кај нас играше серијава на Сител, тогаш ја загледав малку За Киванч зборуваш, тој ти е омилен?
Да за него. Не знаев дека била емитувана на Сител. Нема врска сега тука во оригинал ја гледам без синхронизации.
И подобро е што ја гледаш вака, затоа ти кажав, ќе научиш нешто од јазикот, отколку да слушаш синхронизација уши што боде. Пред 3-4 год кога играше на Сител беше преведена како Снегови на љубовта, така нешто, скроз утнато името
@Rama ќерката на амбасадорот не успеав да продолжам да ја гледам нај многу ради тоа што на ју туб не можев да најдам цели епизоди, како и да е... Сакав да ти кажам дека гледам реклами тука латино-американскава Унивизион ја има откупено серијата. Би ја гледала на овој канал ама ќе ми оди по живци оти ќе е синхронизирана на шпански Ти ја гледаш уште, или заврши?
Ангели или на турски се вика Kirgin Çiçekler игра на Сител и уште сто пати да ја гледам нема да ми е досадна.
Не е завршена, сеуште игра ама откако замина Неслихан престанав да ја гледам, имам видено само некои кратки сцени без превод, сега во серијата дојде Туба Бујукустун, во Црни пари што глумеше порано со Енгин. Серијава ќе заврши во мај како што најавија првично кога почнаа со снимање, ако не сменат во меѓувреме бидејќи рејтингот им е слаб. П.с ако ќе биде синхронизирана на шпански, гледај ја, на времето колку шпански серии изгледавме ехеее, милозвучен е шпанскиот јазик
На турски со српски напишан превод https://docs.google.com/document/d/14GVTzonVhcfvV0SHFv3lHlZfffvD8CQqEIZkCE482pY/mobilebasic
Ја започнав серијава пред неколку дена од досада и можам да кажам дека се заразив Глумците се млади и убави. Меѓу главните актери има неверојатна хемија. Има побрзо дејство што ми се допаѓа, не е како типичните турски серии само да се плачи и кука. Романтична комедија е, барем засега ми се допаѓа ептен.
На почеток до средина некаде, серијава е топ, после вртат едно исто во круг и еден тон глумци доаѓаат и заминуваат. Јас ја гледам токму поради Ханде и Керем, преубави се и имаат одлична хемија, ама сценариото не е за пофалба сега..... @mssuniquee Јас ја гледам Masumiyet, одлична заплеткана серија, едвај чекам да кажат кој ја претепа Ела, иако мислам дека мајката на Илкер стои зад се.
@Rama Одамна не сум начекала така добра серија. Не знам, мислам дека Бану ја претепала, или Ирем. И Ирем и Ела ми се за психијатрија Sen cal kapimi ја обожавав, сега веќе мехх.. Не ја ни гледам, само некои инсерти на инста. Сеа као Серкан има тумор .Ги сменија сценаристите можеби поинтересно ќе стане.
Ептен серијата е заплеткана, ама нели и оној во Бугарија што се крие, мајка му на Илкер го плаќа и го крие таму...Не знам ама не ми се верува да е Ирем, Бану можеби, таа е тандем во се со Хале. Заплеткана е серијава, на крај може да излезе некој сосем трет. Да и Ела и Ирем се за на психијатрија, ама во пакет со нарцисот Илкер. Серијата на Еда и Серкан одамна изгуби смисла, и никој сценарист нема да ја оправи, скроз и е падната гледаноста одамна, онака живее на стара слава поради Ханде и Керем.
Без турски серии денот не ми поминува. Кажете сега некоја турска серија со некое богато семејство да ја гледм онлајн со превод?