Првата сезона е одлична, против цел град Асија сама се бореше, и против психопатката Дерин, скроз е лавица и кралица. Јас сега ја гледам втора сезона, ама појака беше првата сезона.
Да, и јас сум на втора сезона, 46 епизода ја изгледав. Првата е подобра, ама и втората ми е ок, со тоа што мислам дека мора повеќе да се осврнат на Асија и Арас. Некако почнаа да го тупат со Али.
Да, Асија има право после се да биде среќна, ама ете Волкан и Али не ја оставаат на мир. Волкан е типичен маж прељубник, тој ако беше среќен и оженет со друга, Асија не смее...да не го вртеше Али против Арас, Али ќе прифатеше, ама Волкан игра валкано... Ама на крај изгледа и без Дерин ќе остане, таа па глупава колку го сака читав новиот лик што се појави дека ќе се зближел со Дерин. На крај Волки-Толки и треба да остане сам, за поука дека не се седи на две столици
Па јас не знам како не и прекипе на Дерин. Лудача си е она Нов ли лик ќе се појавува? Добро кај читаш, ваљда турски знаеш. Јас почнав и со турски, ова пријатно ме изненади. И други изгледав, малку поглупи, Еда и Серкан арна беше, Последно лето исто оти глумецот беше убав и да признаам ама многу ми се допадна и Црно бела љубов. Особено Ферхат. Многу се опуштам со сериите, а колку ги хејтев
Да, нов машки лик ќе се појави, изгледа во 47 епизода треба, во Господин погрешен глумеше глумецот, ама не е баш најубав. Не знам многу турски, ама разбирам онака општо, со години гледам серии со српски превод, инаку читам на инстаграм новости за сериите има еден тон. Гледај си слободно, има убави турски серии, не се сите со закоравени стари традиции. Садакатсиз е модерна серија, исто и Последно лето, таа Црно бела љубов не ја гледав. Закон се сега турските серии, секаде ги даваат, дури и во Латинска Америка, и ги симнаа од трон нивните серии, исто и во Арапските земји.
И ти ли ја гледаше Последно лето? Ама ја прекина, исто и Нов живот, и нејзе. Приметив најгледани им се сериите со традиции, оние долгите, со шамиите. Овие помодерните ги прекинуваат. Барем така ми стои. Со овој глумецот од Последно лето има уште 2 серии, една нова и една постара.
Е сега ме збуни, ти си мислела за Son Yaz(Последно лето) не ја гледав неа, јас се префрлив на серијата со Еда и Серкан, а таа уствари беше Немирно лето(лееелее плавуша сум во ум) со глумецот од Последно лето ја гледав Мраз(Zemheri)таа ми беше убава. А и тој е убав, Alperen Duymaz се вика Нов живот не ја гледав. Ако сакаш друга модерна серија со општи теми од животот, неверства, разводи, права на жени и деца, гледај ја онаа што ја спомнав погоре Evlilik hakkinda hersey, ја имаш со српски превод на youtube, плус со адвокати е цела серија, знам дека нешто слична ти е професијата, и ќе плачеш и ќе се смееш во исто време.
@JuLleE јас главен хејтер бев на Турски серии,а во бременост на патолошка и после во локдаун ги “утепав” Туку,ако ти се свиѓа Ибро(Ибрахим Челиккол),да ја изгледаш “Мој дом,моја судбина”.Мн е добра,особено прва сезона,особено глумата негова,ептен му е легнат ликот. Тешка и тажна само да знаеш.
Исто, и јас бев хејтер, а сега бременост и ги утепав. Ибро ми е симпатија, ја меркам серијата и ќе си ја пуштам. Само да нема тажен крај. Не сакав заради ова женскава, ама ради Ибро ќе ја пуштам
Ја изгледа ли Леле Јуле немам одаааамна гледано,тогаш мислам некоја лимонада гледав и случајно ја отворив и се загледав во оваа,ептен се изненадив од приказната. Знам дека “Јама” Çukur е доста квалитетна серија,не е нова,ама ми ја препорача најдобар другар на м.м е Турчин. Имам и филм,ако имаш Нетфликс,прејак е,да се дупниш од плачење”Ќелијата со број 9”или така нешто… @nena2010 ке ја тагнам ако знае слична нека препорача
@JuLleE јас да ти препорачам една по струка - Yargi (Пресуда) Не знам дали ја има некој споменато погоре и не знам дали уште некој ја гледа, но препорака од мене и за другите не само за Јуле. Со Емир од Карасевда, но овде чиста спротивност глуми, најправедниот обвинител и баш е Плус имаат неверојатна хемија со главниот женски лик, што дури ми е жал што не се заедно и во риал лајф Нешто од порано што имам гледано, а добро можеби е и Kuzgun, а ако сакаш со Ибо (патем и мене ми е симпа), ѕирни го Muhtesem Ikili - турска адаптација на Танго и Кеш (рече да нема тажен крај, оваа мислам глуп крај имаше) ако не изгледај ја пак Црнобела љубов
Ги гледам овие на Тик ток, сега ја почнав ова Aşk Mantık İntikam. Смешна е на моменти, лимонада. Yargi заради глумецот го одбегнував, ама овде ок е изгледа. Ибо ми е одличен актер. Како глуми. Плус што ми е симпа. Он и Џансу Дере ми се маестрални. Инаку два пати ја изгледав Црмо бела љубов, мислам оти и е доста
Igra moje sudbine 2021 Ја гледа некој оваа серија? Случајно ми излезе некој дел на тик ток, и ја изгледав правата епизода, и предобра е. Нова е, 10 епизоди се до сега излезени мислам.
Друга страна ( турски филм) со српски превод 1 епизода е. Хурем Султан глуми Во крати црти.. се зборува за еџе и сара. Еџе сакајки да дознае колку ја сака мажот останува заклучена во тајна соба. Сара ќе го искористи тоа што еџе ја нема и ќе се зближи со мажот и. Тука почнува страв за Сара. Инаку Еџе гледа се, а тие нејзе не. Не откривам повеќе стварно е добар филмот 2 саата трае.
Одамна немам изгледано една цела турска серија,до пред неколку години со баба ми обавезно ги гледавме сите турски серии што ги даваа по македонскиве телевизии Ми се враќа носталгија кога ќе ми текне после школо кога ќе дојдев и секогаш ги гледав репризите од предходната вечер ако не сум гледала Сега ако ми е досадно и ептен неам што да правам,на сител ќе ја загледам таа со докторот или горка земја,и толку
Убава серија ама една актерка што глуми таму ме нервира многу( Мукадес од Фатмаѓул и Бехиџе од Горка Земја). Воопшто не ја сакам таа актерка