1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Турски серии

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од maja8, 26 септември 2010.

  1. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Не да не гледам,туку се ежам од нив више..Се ежам од синхронизација,од константни плачки,па ако не плаче,бремена ќе е,и боже мили се‘ си е едно те исто.А програмата на нашиве телевизиички е окупирана со нив,ако не е премиера реприза е,ако не е реприза премиера е!Молим лепо,узми или остави,друго нема.
     
  2. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Не можам да ги поднесам. Прво беа актуелни шпанските, па хрватските, па сега турските. Скоро сите со иста тематика, исти заплети, исти расплети... Принудена сум да слушам бидејќи сум со сестра ми во соба, а таа секоја вечер гледа `Кога лисјата паѓаат`. Само плачки, тепачки, караници и што уште не. Конкретно `Кога лисјата паѓаат`, кога и да пуштам или се караат тие сестрите две, или Ферхунде со мажот и. Интересна ми е само бабата, Џеврие мислам се викаше, многу ми е смешна :D
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.572
    Пол:
    Женски
    Сега секоја телевизија има по некој турски сериски филм. И така не гледав телевизија сега па ич. Па претеруваат! Мислам дека на која и да вклучам програма има сериски филм, остајте што ја дават премиерата од епизодата, па даваат и 2 репризи.
     
  4. Malechk0

    Malechk0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    87
    Кога лисјата паѓаат.
    Еден период престанав да гледам, ми беше премногу депресивен..Можеби затоа што и јас бев во депресии! Не велам дека сега не е депресивен, ама се смеам со Џеврие! :lol: :lol:
     
  5. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Најглупавиот потег за нашиот народ, затоа што само не уназадува. Сите си ја знаеме ситуацијата во државава, и наместо да се емитуваат серии кои што колку толку ќе влеат некоја надеж, се емитува стандард македонска ситуација неискоренета од турско време, снаа vs свекрва, немаштија, лоши золви, озборување, простотилук. И македонскиов народ си го знаеме, одма се соживува и сите ги знаеме последиците - ментална заостанатост. Секоја чест на тие што ги гледаат извлекувајќи некој ПОУЧЕН дел, (ако има некој таков нека кажи)...

    П.С и овде почна да се емитува Шехерезад, ако и овде фатија манија, ќе го исфрлам ТВ-во низ пенџере.
     
    На RainBow и k.i.m им се допаѓа ова.
  6. Mini.girl

    Mini.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    12
    Си ја следам кога можам Кога лисјата паѓаат. Кога во еден период идат 100 серии, си одбирам една за гледање, по случаен избор :geek:
     
  7. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ги мразев турските серии поради 1001 ноќ,бидејќи откога почна 1001 ноќ, престанаа да се даваат шпански серии и почнаа да се даваат масовно турски серии.
    А јас многу сакам шпански серии и бидејќи престанаа да даваат шпански поради турските серии почнав да мразам се што е турско.

    НО мислењето ми се смени откога случајно на крајот на првата сезона почнав да ги гледам Кога лисјата паѓаат.
    За мене Лисјата е прекрасна серија и криво ми е што отпочеток ја немам гледано,скоро цела прва сезона пропуштив поради тоа што нејќев да гледам турски серии.
     
  8. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    значи аман АМАН со турскиве серии.... и индискиве ке ги вклучам...стварно нема смисла...
    Стварно, што не даваат некоја добра холивудска серија? Скапи им се а? А за вакви ѓубрарници 100 денари 5 серии ке купиш..колку душа ти сака....и тупи го народов со глупостиве..нека гледа...
    неможам да ги смислам неможам! Ај разбирам 1-2 да даваат, за промена, да видиме и турски и индиски јазик и култура, АМА 100??? па што е многу многу е...
    неможам да ги смислам!!! :@

    Гордо ке кажам дека не гледам никаква серија!
     
  9. Barbie-lovee

    Barbie-lovee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Па јас само Лисјата ја гледам и интересна ми е...Ама сепак претераа на сите телевизии..."Кога Лисјата Пагаат" Цело време си мислам дека ова сме ние Македонците,ова на цела Македонија и се случува некој од работите...Сиромаштија,Крадење пари само за да ги задоволиме децата,жената и се друго...Оваа серија е некако стварно како за нас... :D
     
  10. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Не ми се допаѓаат и јас лично само како прва серија кога почна Шехерезад ја гледав и тоа ми здосади и не ја ни догледав и оттогаш не сакам да ги гледам. Сепак занимација се за луѓето кои немаат работа и седат дома, како шпанските на времето што беа. Немам ништо против само мислам дека малку се претерува и се натрупаа многу турски серии.
     
  11. Siksi

    Siksi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    305
    Еден Убав турски филм се вика Гордата Аси многу е убав го имам гледано на цд а сега го дават на НОВА и е многу убав :)
     
  12. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Јас од турскиве серии ја гледав Шехерезад :) и сега ја гледам Кога лисјата паѓаат и стварно оваа ми е најинтересна така убава приказна од секојдневието на секое семејство и мислам дека скоро секој ке се пронајде во некој од ликовите :)
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Од тоа што можев да забележам од турскиве серии е дека сите без исклучок содржат некој елемент на меланхолија и паѓам во некои тмурни расположенија секогаш кога ќе се случи да гледам. Скроз да ги откажам не можам, дома кога ќе се пушти тоа е - сакал, нејкел, ќе гледаш
     
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    шо се претера се претера со турскиве :!:
    сакаш нејќеш мора да ги гледаш...до 22часот на секоја програма наизменично се менуваат турски серии со вести и по некоја емисија и реклама :x со исклучок на алфа која знае да даде добар филм
    но дневната програма ни е пребукирана со турчишта,досадни се веќе,бар од шпанските научивме дека оној што прави лошо-или дупло му се враќа,или ќес е кае и ќе ја научи лекцијата,а во турските е обратно-оној шо е добар или умира или незнам ....дури и за викенд -пак турски серии,у почеток лисјата ми с е допаѓаа,ѓумуш и уште некои ,но неможам веќе не пуштам тв,и после сме дремеле на нет-и тоа не било арно :devil: а јазикот турски уопште не ми е приемчлив :puke:
     
  15. Mrs.Hartnett

    Mrs.Hartnett Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Гледајте ја Езел, ке ми бидете благодарни бидејки иако турска, сепак е мн. различна од оние на кои сте навикнати ;)
     
  16. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Ја гледав 1001 ноќ, сега така поретко гледам Лисјата, веќе ми стана досадна серијава се едни исти работи се вртат во круг. Предходно беа шпанските актуелни, сега турските, што следно? |(
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Од тоа што сум начекала додека моите гледале Кога лисјата паѓаат сфатив колку се блиску до нас со менталитетот турциве.
    Не ги гледам, екстремно досадни ми се, имаат претерано со приказните.
    Кога ќе го слушнам гласот на Хајрије црева ми се превртуваат и одма одам во соба за да не ја слушам.

    Од оваа серија сите други од овој тип ми се одмилија.
     
  18. Angel4e123

    Angel4e123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    86
    Ако дознае Гоце Делчев колку турски серии гледаме,немало да мрдне ниту со малиот прст за нас! :lol:
     
    На INSIDIOUS и Elennaa им се допаѓа ова.
  19. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Кога лисјата паѓаат се според вистинска приказна :) . И серијата си вреди :) . А другивее... нишо не гледам :D
     
  20. SatiranaGirl

    SatiranaGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    мене некако ми станаа сите досадни што ги даваат на А1, единствено на Канал 5 не ми здосади ''Скршено Крило'' бидејќи е прекрасен филм :)