Леле исто и мене, многу одвратна е, на нерви ми оди. Во сите серии кај што ја имам гледано, иста е, грда, антипатична, никаква.. Не сакав до толку да ја навредам, ама..
Баш ќе гуглав дали ќе си оди и од серијата. Живи глупости. Ми се чини дека почнаа да тапкат во место. На крај само да не ја спојат пак со Волкан.
Според оригиналната серија, Асија треба да остане сама. Турциве некако не се држат до оригиналот, многу ја изменија и раздолжија. Ама ми се допаѓа што Асија повторно почнува да биде моќна и одмаздољубива, бидејќи многу ја имаа омекнато
Они никогаш не се држат до оргиналот. И ова серија сега што ја гледам е римејк на некоја корејска. Исто ја раздолжиле, развлекле. Они само епизоди да трупат. И која е поентата сега овде, Асија пак ќе се одмаздува, пак во круг. Што ново би додале? Ќе ја уништат серијата на крај.
Леле даа, се врати старата Асија и многу ми е мило, исто така мило ми е Арас што замина од серијата, не го сакав ич, плус со самото тоа што не му помогна на Халук и наштети на Асија, и сега Ѓонул и се нафрли со напади, а само што се омекна Ѓонул и стана коректна кон Асија, ама мораше така да направат за да се должи сценариото. Вчера не играше во Турција, сега ќе чекаме расплет во наредна среда. Штом го видов трејлерот кај што го заведува Асија Волкан, знаев дека трапавата Дерин ќе се појави, и гарант пак ќе му поверува на Волкан
Кажа дека ќе им се одмазди на сите. А нејзините одмазди се јаки. Јас па Арас го сакав, баш мислев дека ќе се скраси, ама требаше серијата да заврши.
Може ќе се врати на крај Арас, нели и тој другар му и ветуваше на Дерја дека ќе се врати, па може ќе се вратат и двајцата, ќе видиме. Мене Арас ми е антипатичен во сите серии, и тука на живци ми одеше.
Ја има ли неког гледано Babil со Halit Ergenç (Султан Сулејман, Онур), Aslı Enver(Суреја) i Nur Fettahoğlu (Махидеевран) ?? Наскоро ќе почне тука кај нас, па ме интересира какво мислење имате за серијава??
Јас ја гледав, преубава серија е, околу 20 турски епизоди има, кај нас дупло ќе дојдат. Немам видено реклама, се израдував сега, те молам кажи каде ќе игра, за повторно да ја гледам
Ќе видам реклама, фала ти. Да ја гледаш обавезно, многу добра серија е, посебно воведот на прва епизода, остава без зборови. Инаку дека спомна дека се заедно Сулејман и Махидевран во серијава, исто со нив глуми и Рустем паша.
Не ја загледав неа, а баш другарка ми изгледа за кратко повеќе епизоди и ми ја фали. Јас само Неверен ја гледам и онаа Се за бракот, ти ја имав спомнато на темава (Evlilik hakkinda her sey) оваа ми е најврв.
Епа многу пропушташ, гледај ја. Да ми ја спомна, ама Лејла од Лисјата е таму, а не ја сакам баш. И затоа не сум ја почнала.