Започнав со гледање на една нова турска серија што скоро започна со емитување во Турција, Adı Sevgi (Името на љубовта). Многу добра серија. Топло ја препорачувам.
Добра вечер членки на фемина. Дали некој знае да ми каже кратка содржина за новата серија ,,Мојот Дом" што започна на Сител синоќа вп 22:30часот? И што се случи во последната епизода од ,,Добриот доктор" во петокот бидејќи не ја гледав од оправдани причини. Благодарам однапред.
Kara Tahta некоја да не ја почнала? Ветува многу, приказната е поинаква, а глумците скроз се погодени.
@JuLleE Уштe три епизоди имаме од Sadakatsiz за гледање, крај на мај завршува, ама моментално во Турција започна нова серија со слична тематика, и во неа има една луда Дерин и неверен Волкан, лудило е серијата, без превод ѕирнав од првите две епизоди, всушност само толку и се, ама серијата ветува многу, само што сите тројца главни глумци се грдички, за разлика од Асија, Волкан и дружината
Јас имам 15 турски серии изгледано. Сакам уште да гледам и никогаш не ми е доста. Некои више од 5 пати ги имам прегледано.
И Пресуда ќе ти оди на пауза во мај, ќе ја догледаш на есен. Ќе те абдејтнам наскоро со детали за новава, може ќе се премислиш Инаку со лесно да ти биде
Оди, знам. А читав ќе била една сезона, ама ете ќе има и друга. Очекувано, има голем рејтинг. Пиши ти може и ќе се премислем. Јас ја меркав Затвореник.
Iyilik(Добрина) ја има на јутуб ама без превод. @JuLleE Мислам дека и Затвореник е добра, ги гледав најавите.
Зошто Пресуда (Yargi) нема тема? Страшно добра серија. Глума одлична, сценарио исто. Нема разлика со некоја добра американска серија од тој тип. Многу ми се допаѓа што воведуваат плус случаи, паралелно од тековниот. По теркот на американските. И држи внимание, има нови заплети, нови приказни. Одлична е.
Јас ја следам, едвај чекам недела за нова епизода, или понеделник за превод мн е добра, глумата е одлична, сценарио топ се само некои нови случки.
https://www.crnobelo.com/novosti/fi...r-nova-turska-serija-se-snima-vo-skopje-video Турска серија снимена во Скопје, забранета љубов меѓу македонка и турчин. Треба да се гледа снимено е кај нас.
@Rama виде каклв крај доби Волкан? Крајот не можеше да биде порален и подобар. Си плати поштено. И многу ми е мило за Дерин. Баш идпадна она, бегај подалеку од изневерена жена. Буквално Асија го уништи, а им наплати на сите. Им кажа.
Јуле ќе се чудиш сега со мене, знам, ама многу ми беше жал за Волкан и јас плачев со него на крајот. Да, сам си е крив за се, и заслужи лошо, ама ептен го дотолчија ко лик. Асија во прва сезона ја обожавав, храбро тераше сама против сите, ама во втора сезона и таа малку забега, мислам дека и таа имаше некои психички проблеми, од мала си влечеше трауми, Дерин ја полуди, па на крајот станаа пријателки, ја спасуваше и слично, Волкан го намести по затвори, а да бидеме реални, на Волкан грешка му беше и грев тоа што сакаше да седи на две столици, ама немаше амбиции ни за пари ни за куќи, Асија го исили за да го уништи. И на крај ете и таа остана сама... Дури и Дерја, другарка му од детство виновна е за пропаста на Волкан, па после му цмиздреше. На почеток му го чуваше грбот, криеше од Асија дека има швалерка, па после со Асија двете го уништуваа, доказ дека и таа беше гнасна пријателка и на двајцата, што е и голема реалност за жал.... Дерин конечно се опамети и си ја најде среќата, заслужи после сите бродоломи. За Асија знаев дека ќе остане сама, мислам дека потајно го сакаше Волкан сеуште, ама гордоста и беше прегазена и не попушти, бидејќи не сакаше да ја доживее судбината на мајка и. Заклучок: Дерин го извлече лесниот крај, а Волкан најдебелиот, а вината им беше подеднаква и на двајцата.
Да, многу лош крај за Волкан, ама реално пак и ги уништи и Дерин и Асија. Асија сакаше да си оди, не и дозволија. Постојано и се мешаа во животот. Заслужија, искрено. Дерин си беше луда, опседната со Асија. Колку пати ја засрамуваше ти текнува дека ја отпушија и од работа, син и го малтертираше. Волкан сакаше и со двете, а за амбиции оо како немаше. На крајот, се откажа од разводот заради што му ја дадоа позицијата во фирмата. И како Асија да останеше со него кога овој ја изневери, и го уништи животот, а го уништи и Али. Јас ја сфаќам. Се согласувам за Дарија само. Имаше убава порака филмот, на крајот кога Волкан плачеше секој ден пред куќата.