Го гледав филмот на сител Мустафа и Марија последните неколку епизоди не вледав и пуштам гледам друг филм Дали заврши филмот или е сменет термино
Ја гледа ли некој серијата Tuzak (Замка) Првата епизода излезе минатата недела, утревечер ќе игра втората. Врв е серијата, држи внимание уште од прва епизода и многу е поразлична од другите.
Чекам повеќе епизоди да излезат, бар 3, да не чекам толку. Yali capkini и bir peri masali ги загледав. Добри ми се засега двете, првава особено.
Таа првата моментално е најгледана во Турција, втората е пред укинување поради слаба гледаност, не ги гледам јас, ама секогаш сум во тек со рејтингот поради сериите кои ги гледам. А моментално само Tuzak ми е врвна и едвај ја чекам втората епизода.
Tuzak според мене е далеку подобра од Yali Capkini. Не е лоша ни таа за тепање време, ама не ми е јасна толкава фама. Tuzak е доста по тензична и држи внимание.
Таа Yali Capkini е на врвот на гледаноста во Турција, јас не ја гледам, ама знам сите се опседнати со неа... Tuzak ми е ептен добра во сценариото, ептен ми го држи вниманието и едвај ја чекам секоја наредна епизода, гледам и странци ја фалат на youtube, ама штета што гледаноста и е мала и може да ја прекинат. Акин не го гледав во ниедна серија, освен во Косем, таму кратко глумеше јаничар, после знам во Hercai глумеше, па сите зборуваа дека бил плачко глумец, не го бивало да глуми ништо друго оти вриштел, ама сега во Tuzak им покажа дека е солиден глумец, плус и со Бенсу имаат убава хемија
За тоа на сетот читав дека демек имал одено пијан, ама не знам колку е точно. Ама општо луѓето зборуваа дека бил плачко и не умеел да одглуми ништо друго освен плачење. Така зборуваат и за Неслихан Атаѓул демек само умеела да плачи, а таа растура со глумење
Преглупа глумица ми е, мене не ми се допаѓа како глуми. Кога ќе видам серија со неа максимално ја избегнувам и не гледам. Yali Capkini има одличен избор на глумци затоа и привлече внимание. Јас серии за гледање си бирам по глумци. Сите се добро одбрани, познати и талентирани.
Неслихан е одлична глумица и не за џабе има земено куп интернационални награди, омилена ми е мене, само што штета не си го користи потенцијалот и потпаѓа под влијанието на мажот и Афра ја имам гледано во друга серија, а тој машкиот главен глумец не. Искрено не знам кој друг глуми во серијата, ама со големата гледаност секако ќе им биде отскочна даска на сите. Работа на вкус.... Мене Неслихан ми е најубава и најомилена глумица од сите во Турција, плус и најприродна е
Beril Pozam, Gulcin Santircioglu, Gozde Kansu, Cetin Tekindor... се се познати имиња на глумци 80%. Исто втората глумица замена на првата Лила Аргун од Забрането јаболко што глумеше е во серијата и уште некои ликови што сме ги гледале по познативе серии.
Во последно време се заразив многу со турскиве серии. Порано нешто што одеше на телевизија само гледав, сега после работа имам многу време и си гледам цело време некоја на интернет. Сакам серии како Yali Çapkini и таа љубов и се е можно што се емитуваше кај нас. Нешто што не емитувале кај нас, а е слично со такво сценарио да ми препорачате?
Оваа новата серија што ја најавуваат на Сител тв, мислам 'Игра на судбината' се викаше, како можам да ја најдам на нет? Се мислам дека ја имам гледано лани, ама не се сеќавам на насловот како беше точно. Под ова име, други серии ми излегуваат. Знае некој?