Дефинитивно најдобрата серија е 1001 ноќ. Сега започнав по втор пат да ја гледам и си велам ниту една друга серија не може да се спореди со оваа...
Afili Ask ја изгледав пред некој ден. Со некои сцени многу се изнасмеав. Клише сцени има многу, последните епизоди беа досадни, а почетокот и е добар, до 21-22 епизода е добра. Гледав за главните глумци, 5/10 би ја оценила.
Ја немам гледано оваа серија, не сум фан на Чаглар, а Бурџу ја сакам. Наскоро ќе почне нова серија со неа, "Кралица" се вика серијата, завчера излезе најавата и ми се допадна најавата, а и Бурџу како пар со Ѓокан Алкан се одлични.
Adim Farah да не ја гледа некој? Видов фрагманот за прва и втора епизода, некако не ми остава впечаток серијава, најверојатно нема да ја почнам или ако ја даваат кај нас ќе ја гледам..
Aile да не почна да ја гледа некој? Ми се допадна мене, одма излезе со англиски превод на turkish123, па ја изгледав. Делува дека ќе биде добра серија, а и глумците се одлични.
Видов дека огромен рејтинг имала како за прва епизода, а и Киванч многу го сакам, одличен глумец е. Многу серии гледам во моментов, се мислев да не почнувам нова, но оваа интересно ми делува, најверојатно ќе и дадам шанса и јас.
Јас почнав да ја гледам ЕГО на Турске серије ТВ, за сега интересна е па ке видиме понатаму дали ке ја биде. До сега иам само 3 епизоди снимени.
Јас очекував повеќе од таа серија, добри глумци се избрани, но некако приказната безвеза. Некако досадна ми е, не ми држи внимание.
Kralice делува добра од новите што ќе излезат. Многу добри серии периодов имаат, што попрво да се гледа.
Мене ми се допаднаа како пар веднаш штом ја видов најавата, мислам дека ќе биде добра серијата. Патем, Ѓокан бајаги се здебелил за оваа улога, подобро му стои слаб да биде Врв е серијата Киванч е топ како и секогаш, како старее се поубав е и поубав, излегуваат од него балканските корени (по потекло е од Босна) Серенај не сум ја гледала претходно никаде, ама знам дека е маестрална глумица, сите серии и беа успешни и во мјузикл долго настапуваше. Серијава за прва епизода имаше баш топ гледаност, и баш ми е мило, многу ми е динамична, држи внимание до крај. Мило ми е за Серенај што повторно ќе се докаже која е и колку вреди, последниов период често новинарите, а и јавноста ја напаѓаа со осуди дека последните врски и беа со повозрасни мажи. Абе лажни моралисти, нека ја озборуваат пак, а таа нека си ужива Ептен досадна ми е серијава, очекував повеќе и јас ама продолжувам да ја гледам само затоа што ме интересира кој беше фамозниот предлог за трите милиони, ама никако да кажат
Кои серии ги гледаш? Јас Tuzak, Ego и Aile. Доста ми се три, порано знаев по 6-7 да гледам во исто време