Yasak Elma, Yali Capkini, Ego, Tacsiz Prenses, Aile ќе ја почнам денес, плус на телевизија ја гледам Iyilik . Јас не сум гледала порано, на телевизија само што давале, но вака сега дома на породилно се занимавам нешто. Исто и најдов веќе снимени серии што ми се интересни, сакам и тие да ги гледам, вака додека чекам епизода да излезе.
Ја изгледа првата епизода од Аile? Мене таа моментално ми е фаворит Таа принцеза без круна не ја загледав, а Забрането јаболко гледав до сезоната што се емитуваше кај нас. За кои серии постари мислиш? Дај некоја идеја да слушнам
Ја изгледав, искрено ништо посебно не ми беше, а и глумата на Серенаја ми е одвратна... Уште yali capkini ми е број еден
Серенеј глуми одлично. Не зезај добра глумица е. Ама серијата не е ништо посебно. Фарах држи повеќе внимание.
И јас така мислев за Серенај дека ќе ми биде одбивна, не ја сакав од порано, ама во серијава ми е преубава, ме освои и со фаца, тело и глума уште во првата сцена Не ја загледав Фарах, Енгин баш го сакам, ама Демет не можам да ја гледам инаку Аile има дупло повисока гледаност од Фарах. Ептен си кликнаа Серенај и Киванч, абе ги обожавам
Не е дупло рејтингот, малку повисок е, ама тоа е заради глумците, поточно заради Киванч. Нема приказна серијата се уште. YC е пак со 10 ка и е страшно колку ја расипаа серијата.
Рејтингот го мерат според тоа колку сериите ги гледа богатата и образована публика, односно АБ категоријата, кога за време на серијата се пуштаат разни скапи реклами, и во Aile рејтингот во таа категорија и во двете епизоди им беше околу 8, а на Farah околу 4. И заради Серенај ја гледаат серијава, и заради Неџат Ишлер, многу го сакаат него во Турција, исто и старата глумица Нур Сурер е доста обожавана, се на се, јака екипа се собрани. Не се расправа за вкусови, ама мене врвна ми е серијава со секој детал во неа
Да, пишав ради глумците. Топ екипа, ама не е нешто ново и невидено. Не знам како ќе се развива приказната, ама засега не е ништо посебно. Инаку Демет како глуми овде.
Ја изгледав и втората епизода од Allie и повлекувам се што кажав. Ова веќе е друго и ветува дека ќе има добра психолошка приказна. Унаказени деца од своите родители. Односот на мајката со своите деца. Се надевам дека кон тоа ќе е свртат приказната. Интересно е што брзо се одвиваат работите меѓу Девин и Аслан, а ненда чекаш 30 епизоди за да се бацат
Првата епизода на Kraliçe, феноменална. Заглавив до касно гледајќи ја , но предобра серија. На Бурчу вака сериозна улога многу добро и лежела, а со Gokhan убав спој се. Добра приказна и добри актери, првава епизода беше ветувачка.
Се мислев дали да ја гледам уште таа серија, ќе си ја пуштам сега, па ќе ви кажам и јас мислење за серијава.
Непишано правило е во Турција серија каде што не живеат 10 поколенија, каде нема тепање на жената, на ќерката и каде се промовира модерен живот да имаат слаб рејтинг. Затоа Бегалка и Ветување ќе имаат 61815 епизоди, а вака добри серии едвај 10. Серијата и мене ми се допадна, се надевам нема да ја прекинат многу брзо. Си ги сакам главните актери, а и приказната ми се допадна. Некако ослабена и разубавена е Burcu Ozberk, операции има некои правено периодов додека паузираше со серии после Ask Mantik Intikam или среќно заљубена е па сјае, преубава ми беше во серијава. Стилот многу и го погодиле.
Слаб е рејтингот. Исто и на Фарах, а и на Allie не расте. Ама затоа YC има се уште над 10. Многу добри серии им се со слаби рејтинзи, особено модерните. Штета.
Може дека прва епизода, ќе видиме следните како ќе биде. Модерните полошо проаѓаат за жал, а во Европски земји мислам дека тие повеќе би им биле гледани, но ете... И на Женкар опаѓа рејтингот последните епизоди, само во споредба со други серии е сепак висок рејтинг.
Ееее гледаш Јуле дека излегов во право со фалбите за серијава јас скроз се опседнав со главниот пар, со хемијата нивна, со сценариото, со се. Имам тон турски серии изгледано, вака бев погодена само со Карасевда и сега со Aile еве Убав пар ми се мене уште од најавите, интересна ми се виде за почеток и мене. Се надевам дека го местат Атеш со неверството, и дека до крај ќе си биде со жена му, штета ќе биде да се разделат, посебно ако стварно не ја изневерил Женкарот, јас го викам Веѓата баш е во голем пад последниве 3-4 епизоди Ја загледавте новата серија 100 годишно чудо? Се мислам да ја почнам вечерва