Ја изгледав до половина првата епизода, и не ми се допадна баш, не ми се допаѓа сценариото малку језива ми е содржината и без врска.
Се опседнав со Aile прејаки ми се Девин и Аслан, а и општо сценариото многу реално ги прикажува несреќните и несаканите деца, бракот без љубов, свекрвата мора да биде главна и слично Се до последната епизода Џихан ми беше одбивен, ама сега многу добро го разбирам зошто е таков, толкав маж растел без трошка љубов и внимание, Хулија е мајка за "пример"
Има нова турска серија Adim Farah се вика. Крими љубовна драма е! Многу јака серија жими се, цело време држи внимание и во неизвесност што ќе се случува понатаму. На интернет ги гледав првите 5 епизоди, едвај чекам да ги пуштат и преостанатите епизоди. Прејака е значи, оцена 10/10. Плус добар избор на глумци има! Ви препорачувам да ја ѕирнете серијава.
Кој сака кратка и полабава серија му ја препорачувам Gizli sakli. Само 8 епизоди, денес ја завршив, за тепање време топ е.
100-годишно чудо. Нетипична турска серија за 130 годишен човек кој воопшто не остарел и млада девојка. Во главни улоги:Birkan Sokullu i Ebru Şahin.. Дали ја гледа некој??
Дали ти сите турски серии ги имаш гледано / ги гледаш? За сите серии знаеш нешто, сѐ некој нови кажуваш. Не ми замерувај, само навистина ме интересира како постигнуваш, зарем толку слободно време имаш? Се надевам нема негативно да го сфатиш напишаното, ама сепак однапред се извинувам што морав да прашам
Јас сум лик кој започнува нова серија да гледа, ама не ја довршувам. А иначе да, слободно време имам.
Gülcemal ја гледа некој? Не сум љубителка на вакви серии многу, но ми се допаѓаат глумците, а Горка земја и Hercai ми беа интересни, па и давам шанса. Интересна приказна има, потсетува многу на овие 2 серии, оваа мислам ќе има доста гледаност. Каква харизма има Murat Ünalmis, каков глумец е . Горка земја без него беше тапа, заради него ја гледав, значи го бива ептен човеков да направи серија да ти биде интересна, затоа и оваа е предобра. Ја препорачувам ако ви се свиѓале овие 2 серии, гарант и оваа ќе ви биде убава.
Јас овие две ги немам гледано, ама највите за оваа се добри. Ја чекам со превод и ја почнувам. Јас ја знам женскава од Неверен, страшно глуми. Таму глумеше психопатка и како одглуми само. Јака ми стои, плус Турциве сакаат вакви серии.
На turkish123 ги ставаат со англиски превод многу брзо. Ја има веќе таму, ја гледав. Рејтингот за прва епизода просечен, мислам ќе има повеќе понатаму, над 3 е, не е лошо. Интересна е инаку. https://turkish123.com/?s=Gulcemal
Јас ја гледам. Мене премногу ми се допадна. Иако Мелис(Дева) не ја сакав ради Неверен, ама тука многу ми се допадна. https://m.ok.ru/video/5166107331285 Тука имаш превод на српски јазик
Предлог од мене за љубителите на криминалистички љубовни драми. Ramo (2020-2021). Ја обожавам серијава. Има две сезони и 40 епизоди вкупно.