1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Турски серии

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од maja8, 26 септември 2010.

  1. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Кога лисјата паѓаат ја гледам...порано беше поинтересна но не верувам дека ќе трае уште долго ионака... :)

    Другите не ги гледам...па неможам толку време пред ТВ :)
     
  2. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Аууффф едноставно ги мразам...само плачат жалат за нешто и по 100 епизоди само се влечкат..ма не ни обраќам толку внимание на нашиве програми...Fox Life и Fox Crime се закон ! ахахха
     
  3. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Турските серии ги следев се додека не почнаа со синхронизациите. Сега ми се ептен тапа.
    Само "Кога лисјата пагаат" може да го гледам со синхронизација, интересен е и така.

    Иначе ги гледав Горка љубов, Ѓумуш и тие пред нив на сител што беа.
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Не да претераа.. го отупеа! Ама не само со турските, туку и со овие Бандинските. ]:)
    Алоо, сакам некои др, па макар и некои ко Рањени Орао- кратка и јасна. Некоја ко Два и пол мажи- смешна, па и шпанска нека е.
    Ама доста ми е од овие што пискаат, синхронизираните. :devil:
     
  5. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Порано ја гледав Кога лисјата паѓаат. Добра беше серијата и поучна, само синхронизацијата ја упропасти. Подобро ќе си беше да се читаше преводот отколку синхронизација да ги слушам овие нашиве како крекаат :D
    Аа ми се превртува желудникот кога ќе видам некоја Индијска серија.. а најодвратна ми е Малечката невеста, поглупа од неа здравје. За моја голема несреќа мајка ми ја гледа па мора да ја трпам секоја вечер хаха.
    Сега си гледам една серија шпанска е на Пинк.. се вика Тереса, овие нашите неумеат да дадат некоја добра серија или ќе се турски трагедии или ќе е индијски простотилук. :puke:
     
  6. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Глупа - поглупа - најглупа - турска/индиска/шпанска серија! Значи ептен се на врвот на дебилизмот.
    Па добро бе, што корист ке имам јас од тоа да дремам пред ТВ и да сожалувам некоја бремена мустра отфрлена од мажот и свекрвата, која го загубила семејството, за неколку епизоди подоцна да добие наследство од некој богат, непознат прадедо од Сомалија и се` на крај да и` биде ок?!
    Па на светов постојат милиони трагични вистинити случаи кои за разлика од серииве, трагично завршуваат, а речиси никому не му е гајле за нив, но нели, битно Македончето се притресува и плаче со кутрата бремена Фатиме, која штом се изгасат камерите добива „скромна“ сума пари за одиграната улога. :clap:
    Не знам само кога ке се освестиме и извлечеме од оваа патетика, да престанеме да се лигавиме, едначиме и пронаоѓаме себеси во ликовите на мутавите серии, и конечно да направиме нешто за самите себе кое ке ни помогне да не се чувствуваме патетично како ликот во „трагичната“ ни серија.
    Милион пати ми е подобро да си симнам сезони на House, Medium, Missing, Monk, Bones итн. Барем ке научам нешто за себе, за своето тело и психа или психата на изопачени криминални умови, што некогаш (недај Боже) може да ми помогне во одредена ситуација, отколку да се жуљавам над патетично, секојдневно и „генијално“ осмислено сценарио кое можам да го гледам секој ден преку прозор.
    Ама со нашиов менталитет, тешко е да се запомнат парапсихолошки појави, церебрални кортекси, хипоталамуси, правни закони итн. кои може да послужат и е пожелно да се знаат, отколку 100 непотребни турско-индиски именца кои се повторуваат во секоја серија.
    Цел роман напишав, ама навистина ми одат на нерви овие „серии“, телевизорот ми стана стран поим поради нив. :swear:
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледав 1001 ноќ со Шехрезад, гледав И кога лисјата паѓаат, а во право си добри беа со Наталија Ореиро само со неа шпанските ги сакав :D :D
     
  8. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Јас од турски серии ги имам гледано само 1001 ноќ и Кога лисјата паѓаат и двете ми се допаднаа многу. Ама за жал пошто од денес нема веќе А1 телевизија нема да си ја догледаме Кога лисјата паѓаат од септември, толку беше, а баш ми фали Џеврие да ме насмее. :( :( :(
     
  9. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    [quote="Teresa94"
    Сега си гледам една серија шпанска е на Пинк.. се вика Тереса, овие нашите неумеат да дадат некоја добра серија или ќе се турски трагедии или ќе е индијски простотилук. :puke:[/quote]

    абе тереса уште игра??ја одамна не ја имам фатено, у колку игра сеа?
    инаку ја глеам Бунтовничка, убав ми е :)
     
  10. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Е претераа веќе со овие турските серии и индиските :envy:
    кај да пуштиш само турско и индиско |(
    од шпанските барем јазик си научив и ако не друго имаат убави глумци.
    И како врв - синхрознизација на македонски јазик |( па нели имаме очи, знаеме да читаме. Ама ајде плата да земаат тие со ги позајмуваат гласовите |(
    А индиските филмови се КАТАСТРОФА!!! Врска немаат со реалниот живот во Индија. Ама сепак, ефтини се, како што рече една феминка над мене за 100 ден - 5 епизоди па ајде си ја пополнуваат програмата со такви смотани сериии и со полно филмски грешки.

    Подобро да даваат 2 серии од типот на Медиум, Вовед во анатомија, Очајни домаќинки или NCIS отколку вакви ѓубришта од сабјле до вечер.
     
  11. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Ова ти се глупости на векот |( .
    Абе само проблеми и проблеми имаат, лелекаат, пискаат, немаат пари, се несреќи ги снаоѓа бе.Ги гледав само Шеќерката и Кога лисјата паѓаат, не дека нешто беа многу интересни, туку сите околу мене гледаат, па и јас пуста што ќе правам.
    Оние индискине па бетер.Па и музикана кога ќе почне, мислиш се спојуваат небо и земја. |(
    Да не зборам па и глумцине колку се грди бе, посебно во индискине ау... :puke:
    Шпанскине кај кај беа поинтересни, и глумците поубави, мучачос латинос :D
     
  12. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    абе тереса уште игра??ја одамна не ја имам фатено, у колку игра сеа?
    инаку ја глеам Бунтовничка, убав ми е :)[/quote]
    Заврши... не се сеќам кога ама мислам дека има пола месец откако заврши....
    http://www.youtube.com/user/TelenovelaTeresa2010
    Oвде можеш да си ја гледаш серијата :D
     
  13. selly.gomez

    selly.gomez Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    42
    Да знаеше Гоце Делчев дека вака че се гледаа турски серии, со малиот прст немаше да мрдни!! Ама си ги гледам јас турскиве, посебно Долина на Волците и Имотот на дамата ми беа многу заразни :D А и за лисјата и шехерезад неам против!!! и тие не велам дека не ми се интересни, и нив ги гледав, ама пуста А1 ја затворија :( ;(
     
    На taylor.swift му/ѝ се допаѓа ова.
  14. taylor.swift

    taylor.swift Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    10
    Јас Долина на волците и лисјата си ги гледамм а еве сега и на сител
     
  15. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Епа вака први почнаа А1 со турски серии и сихронизирање па после сите.Многу се долги сериите и баш ќе ме фати мрза и не ги гледам до крајот да видам како ќе завршат.Гледав 1001 ноќ а сеа гледам Сулјеман и Љубов и Казна.Толку :)
     
  16. norah

    norah Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Мислам дека дефинитивно го достигнаа максимумот на приказување на турски серии...
     
  17. sexy-boy

    sexy-boy Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ако сакате да гледате некоја турска или спанска серија со превод српски
    еве страна

    natabanu.com
     
  18. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Кога и да пуштам Сител гледам некоја турска серија или реприза од неа. |( Иначе стварно претераа, 1001 ноќ на А1, Кога лисјата паѓаат почна нели на А1 па ја префрлија на Сител, Љубов и казна, Солзи на есента, Долина на волците, Имотот на дамата, Величествениот... :x Еве од вчера почна и онаа Под сенката на врбите значи стварно... сеуште сме под турско ропство. :lol: Да знаеше Гоце Делчев дека волку турски серии ќе гледаме немаше ни со прст да мрдне за нас. :rofl:
     
  19. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Напнаа со трускиве,пуштам сител ете ги почнале да тупат или со Малечката Невеста,или со Љубов и Казна,или пак Езел...многу се досадни,се едно исто се случува.Веќе ги научив на памет.Само нови излегуваат,и нови.Наместо некоја програма да биде оригинална,и да пушти некој добар сериски филм...тие се натпреваруваат кој повеќе турски ќе пушти.А,сител не е со сите,една завршува,100 ќе излезат по неа. :^) Дефинитивно,ќе се сложам со некоја феминка подолу...уште сме под турско ропство,ај остај тоа,ама и синхронизацијата ме нервира. :tmi:
     
    На MaCa-J му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Абе се убаво нека ги даваат, интересни се ама да не ги сихноризираа барем нешто и турски да поднаучевме :lol: За разлика од шпанските каде што се далеку од релани и дури на крај и самата на себе можеш да си бидеш мајка, овие се подобри