Pak jas so serijava da prasam ako ja gleda nekoja od vas? Procitav na you tube deka uste edna epizoda ke ima. Vistina li e? Epten se zanesov so serijava
Не сум по турските серии, една имам само целосно изгледано. Но, сега ме заинтересира Veda Maktubu/Писмо за збогум. Реално, приказната не е којзнае што, ама уживам во модерните турски серии, ентериерот, облеката. Ставот и изгледот на главната улога Аланур е просто woooow. Каква убавина.
Нарушена психа поради траума од минатото. Спојлер Ќе испадне дека родителите всушност ѝ се баба и дедо. Женава не можела да ја заштити својата ќерка и својата кривица ја истура врз Налан.
Не сум фан на турски серии, барем не оние кои се прикажуваат кај нас 24/7. Најчесто не ми се допаѓа тематиката и синхронизацијата ми е искрено неподнослива - преферирам превод за читање. Но, "Evlilik Hakkinda Her Sey" (All about marriage / Сѐ за бракот) ја открив случајно на инстаграм и уживав во серијата. Се работи за турска верзија "remake" на британската тв-серија "The Split" и според мене е многу симпатична, смешна и емотивна. Секоја чест за преработката. Пробав да ја изгледам и британската верзија, но не ми задржа внимание. Турската има навистина шарм. Серијата го следи животот на успешна мајка - адвокат и нејзините ќерки. Дали е некој ја има гледано и кое е вашето мислење?
Најдобра турска серија што сум ја гледала до сега е величенствениот сулејман и незаборавната хурем и облеката им беше стварно добра и сценарио и се но жалам што не можев да ја догледам до крај прекинав некаде пред да го убие Ибраим побратимот се породив баш тогаш и прекинав да ја гледам обврски околу бебето после тоа на интернет фатив неколку епизоди како било се до крајот додека не починаа и сулејман и хурем но не сите епизоди колку можев да најдамтолку според мене најпрекрасната турска серија ко што знам дека е снимена според вистински настан возбудлуво
Некој што ја има гледано серијата девојката од прозорецот да пише во спојлер што ке се случува понатаму, се некако мислам дека на крајот налан ке заврши со музафер.
Има две нови онлајн серии (секако со превод) со Çağatay Ulusoy едната е " Kübra" а другата е "Gaddar" Типот е врвен, прејака глума извади, и во Içerde, Terzi, и Delibal и тоа сосем три различни карактери. Лепотан!
Не сум ја гледала ама ја пратам на сител. И барајќи го Музафер на инстаграм најдов некои видеа и мислам дека понатака ќе се дешава нешто без везе. Иначе се заљубив во Музо каква душа е значи. Ама у риал лајф ми делува на геј...
Ја гледав кога играше во Турција, навистина беше серија со квалитетна содржина, која ги опфаќаше сите проблеми на денешното современо општество. И плачев и се смеев со дејствијата во серијата, навистина беше многу емотивно сценариото, ама имаше и доста комични моменти. Единствена маана на серијата е што траеше само околу 30 епизоди.
Не знаев точно каде да го поставам прашањето, ама некако ми е соодветно и за овде. Имено серијата ,,Camdaki kiz", во превод кај нас ,,Девојката од прозорецот" е снимена според книга на турски автор, но има многу елементи кои во серијата се променети. Прашањето ми е дали некоја од вас знае за која книга станува збор, дали ја има по книжарнициве или некоја да не ја има во pdf форма? Ви благодарам
Јас ја гледав на некоја српска страница, но не се сеќавам како беше. Нешто од типот на "онлајн серије са преводом".