Добро има ли крај на Грешници и Крваво цвеќe? Цела вечност траат. Завршени се во Турција или уште траат, до која епизода се тука има ли уште? Зар некој ги гледа воопшто, значи во просек пола од денот идат што со премиера што со реприза.
како што гледав на IMDB уште се снимаат.. Порано ја гледав исто и Грешници ама многу мис танаа досадни, баш синојќа ги пуштив и скрос нови глумци, дали има неколку од оригиналните, не знам што толку ги тупат.. Не ги разбрав тематиките на двете, што се случува во двеве серии?
Зашто сега се кратени епизоди од турските серии кога веќе ги давале цели? Ако немале средства доволно ни на почеток не би ги давале цели.
Има и други работи што можат да даваат. Го отупеа со турски серии. Баба ми од многу гледање почна да ги имитира муабетите од сериите.
Не мора да завршат затоа што имаат публика ама мора да се редуцираат на 1 термин т.е.1 серија во денот. Дури и во Турција се дава само 1 серија на ден, а овде ова што го прават Канал 5 и Сител по пола ден што пуштаат серии е дегутантно. Па нема да пропаднат, како што не пропаѓаа и пред 10-15-20 години само ќе им се намали прифитот. Сега профитот им е на макс затоа што со серииве за малку пари потполнуваат цел ден програм.
Ја гледа некој "Ако кралот изгуби"? @nextredstyle можеби? Лудница е серијата која инаку е направена според книга на психолог-писателка од Турција.
Со Халит таа серија? Ја гледам најавата кога гледам Женкар. И баш си викав дај боже да ја купат тука поскоро многу добро делува. Иначе кај ја гледаш? Турски не разбирам.
Krvavo cveke ima nad 480 turski epizodi po dva tri saata. Cetiri sezoni. Kakosto gi cepkaat nasive znaci dilgo ke trae. Mada mene mi stana interesna sega so deteto. Inaku Kufer so spomeni da ne znae nekoj koga ke prodolzi?
Да таа со Халит. Со српски превод ја гледам во една група на фб. Alba tim-turske serije се вика. Придружи се во групата, преведени се 4 епизоди. Утре петта ќе ја даваат во Турција.
Фала ти за линкот, ја гледав веќе првата епизота и топ е. Глимците се ептен погодени, многу добра глума, особено главните Кенан, Фади и Хандан.
Ако некој почна да ги гледа El Turco i Ако кралот изгуби/Падот на кралот, отворив теми па може да споделиме мислења.
Јас порано гледав многу турски серии како Величествениот и Кога лисјата паѓаат, Имотот на Дамата, Долина на волците итн. Но сега ми здосадија. Синхронизацијата им е катастрофа, гласовите сељачки упм. и све има плачење, драми пример:,, Што бара оваа тука? '',, Внимавај што зборуваш'',, Дадо, ти се колнам, тој ми кажа вака и вака'' или,, Син ми умре заради мене'',, Не мамо вие сте добра мајка''. И речениците со се гласот се безвезе,, Шеќерче мое... Без тебе неможам да живеам'' увек мора некој заљубен до даска. Или некоја швалерација обавезносум приметила и многу мафијашски групи, све се исти серииве. Како не им се смачи да ги снимаат