Мене ми е симпатија од Карасевда таму беше негативна улога овде е многу нежен и внимателен во Пресуда, како и да е маче е
Ја гледа некој серијава (Kus uçusu / As the crow flies) на Нетфликс, да си ја искоментираме? Лавови, птици, тук-таму и по некој слон. Совршено ја претставува реалноста, (не)колегијалноста, кои се тие што вистина го чуваат грбот позади. Ептен(!) ми се допаѓа темпото, настаните, ликовите. Динамична, а сепак на моменти ми е доволно бавна за да се доловат некои ударни сцени. Мене Лале ми е омилена, одлично се носи со ликот. Од помладите Јусуф мислам дека допрва ќе се пробива, а и вака многу ветува до сега. Моментално сум на втората сезона, искрено ја тегнам и влечам од што не сакам да ја завршам. Онака ептен мерачки ѝ влегов. Дефинитивно нешто поинакво од оние класичните.
Ја гледа ли некој новава серија на Сител Тајната на ангелот? Ги пропуштив првите две три епизоди па малку потешко се вклучувам а сакам да ја загледам ми се свиѓаат глумците, многу се добри и има таман 28 епизоди. Дали овој Халил е син на Илмаз или не? Зошто многу го мрази. Сватив дека ја убил мајка му ама зошто него толку го мрази не сватив.
Се осеќам ко сама да си зборам, ама дефинитивно се навлеков на турските драми. Каква актерка е оваа Бирче, алал да ѝ е! Мислам дека колку повеќе ја гледам толку повеќе сфаќам дека нема конкуренција од сите женски актерки. Mezarlik / The graveyard (2022-2025) Веќе неколку епизоди по ред, тема се убиствата на женските тела (претпоставува и така ќе остане до крај). Многу ми се допаѓа тематиката и воопшто како е прикажано дека жените се загрозени дури и кога изгледа дека не се; сопките и притисоците кои се прават одвнатре со цел да се успори или целосно стопира истрагата. Не сум проверила, можеби серијава е наменета и за подигнување на свеста за жените жртви кои настрадуваат од своите не толку непознати сторители. Се надевам ќе ме послужи времето, ме заинтересираа одредени гранки од форензиката. За тие скептичните, ако нешто им менува рејтингот да се фрлат на гледање оти е осмица. И многу би сакала една дискусија околу оваа тематика. @nena2010 може ја следиш, ти си по турските серии. @Munchmallow20 ти си на страната на жените жртви и баш сакам да прочитам твое мислење. пс. уште не ми е завршена.
@eliesaab Ќе ја ѕирнам серијава во послободно време. Инаку, турските серии не се како порано. За жал овде многу луѓе се заглавени во минатото и мислат дека во турските серии сè се врти околу дерења и конаци, но многу од турските серии обработуваат модерни проблематики меѓу кои и борбите на жените со цел да се покрене внимание. Поради тоа подобро е прво да се истражи за што се работи во некоја серија пред да се исплука. Како што си направила ти.
Искрено сакам да ја гледам ама се ја одложувам... ќе ја почнам утре. Оваа навечер не се гледа а и други ми ја препорачале. @Iva:) Халил е син на Јилмаз. Да видиш како ќе заврши Јилмаз, славев кога гледав.
За разлика од другите, поновите драми им се стварно добри. Ооо ноќе строго ја гледам, преку ден некако не можам убаво да си ја доживеам.
"As the crow flies" ја гледав истата година кога испадна првата сезона. За мене, прилично нервозно, она малото правеше сплетки. Пред тоа Бирче ја гледав во "Црна бела љубов" страшно добар пар со како и да се викаше типчето. Инаку гледам турски серии само ако сметам дека главните глумци се секси и си одговараат , како Бирче и тој, Кан и Пинар, ахх Баш ми се гледа серија ама не можам да ги ускладам глумците.
Ја гледам, почнав заради глумците што ги знам дека се добри. Доста насилство ама поучно е. Може да ми пишеш во спојлер како ќе заврши Јилмаз? Баш му посакувам долга и болна смрт.
Спојлер: Јилмаз не се сеќавам во детали, пред 2 години ја гледав ама ќе заврши во затвор и ќе полуди, така ќе го наместат сам ќе се издаде за се.