На наши тв не гледам зошто катастрофа серии даваат и затоа си гледам на јутуб, со автоматски превод на англиски. Ги гледам: Падот на кралот и Љубов и солзи а почнувам и со Јас сум Леман. Бидејќи неделно е по 1 епизода можам 2 до 3 серии да изгледам. Има мнооогу серии кај нив ама не ми се свиѓаат тие од источна Турција што кај нив па се ептен гледани. Мислам на такви како Далечен град и Халеф, не ми годат такви серии.
Исто и јас не гледам на тв, ем не се интересни ем ме нервира синхронизацијата, подобро е кога се титловани. Единствени што ги давале кај нас на тв а ми оставиле впечаток се Езел, Кога лисјата паѓаат, Карадај, Парампарче, Ангели, Затвореник и Величенствениот. Езел и Карадај ги имам гледано и на јутјуб неколку пати, со хрватски превод. А и оваа ти што ја спомна, јас сум Леман, ме заинтересира. Каде ја гледаш? Зашто на јутјуб само на турски ми ја дава, не можам да ја најдам со превод. Ако можеш линк да ми пратиш.
Да, јутуб не дава за таа серија англиски превод а ни по групиве за превод на српски никој не ја преведува сеуште. Ако почнат ќе ти пишам. Ако си по помодерните серии еве може да ја погледнеш Преваранти - Sahtekarlar. На јутуб има англиски превод (може знаеш ама на епизодата-settings, captions, auto translate-english) или во групиве за превод на српски ако повеќе ти одговара, ја има и на српски. Ако си заинтетесирана пиши ќе ти пратам линк во пп. Од тие со мафија ако ти се интересни сите ја гледаат Есреф Руја, таа е популарна. Јас не ја гледам ама во глобала е популарна (и заради глумците можеби) па може да ја гледаш ако ти фати око. Оваа ја има на српски во групата за превод исто.
Novavata na Sitel, Deca od ulicata ja gleda li nekoj? Imteresna mi se gleda, slicna na Za semejstvoto. Sakam jas so vakva sodrzina.
Ја гледам. Речиси сите ликови ми се иритантни. Го гледаат својот интерес наместо да ја зближат Ѓулајше/Лара до татко ѝ. Плус, чичкото и жена му ужасно ме нервираат. Пукнати само по пари.
Фала ти, значи наши над 100 и ќе трае до јуни. Плус и Брусница и Пресуда се долги значи оваа сезона воопшто да не очекувам некоја добра серија на Сител.
Од сериите кои што играат во Турција, ги гледам само Veliaht (Престолонаследник) и Kiskanmak (Љубомора). Сериите се ептен со психолошка и емотивна содржина. Класични семејни драми Ги гледа ли некој?
Кралот веќе ја прекинав, не ја гледам неколку епизоди. Едноставно ми здосади, а омилена ми беше на почеток. Оваа што ја кажуваш Леман а и неколку други ги укинуваат поради ниска гледаност.
Претпоставувам дека Кралот ти изгуби шмек на почетокот на втората сезона со непотребната приказна околу Севда. Кога се вратија на темата од книгата се врати и квалитетот. Последните епизоди се многу добри, барем според мене. Иначе сите се со ниска гледаност, тоа е нормално кога има 30 серии неделно. Висока гледаност не значи квалитет, најгледаните серии таму се тешка глупост, инцесни врски и бракови и тепање жени плус мафија. Кога ќе заврши Кралот ќе почнам со Кисканмак, таа ми делува нај ок од она што се дава и глумците се топ.