Драги феминки сакам да ве прашам за една серија турска е иако не сум многу по турскиве серии ми се уврте нешто во глава името на серијава и не ми текнува ич како се викаше ќе ве молам за помош.Беше на сител пред една година од прилика не е од наведениве ниедна :Ѓумуш,плачот на виолината,гласови во ноќта,време на дождови,солзи на есента,кога лисјата паѓаат,лажната принцеза, долина на волците е сеа имаше меѓувремено усште една со една девојка беше некако крстена по име на едно цвеќе мислам и многу се сакаа со еден црномаљест дечкои само за викенд ја даваа ама за жива глава не ми текнува на филмот.Ве молам за помош може меѓу вас некој ја има гледано фала многу
Ѓулпаре одеше за викенд И јас се придружувам со вас, ги мразам турските серии. Мислам дека се ќе беше добро да останеше на само една прикажана турска серија, првата Шехерезад што донесе и милион други по неа. Јас сфаќам дека Шехерезад направи бум, ама аман веќе од овие серии по цел ден. Да не почнаа А1 со Шехерезад и Лисјата, немаше сега да има милион серии на Сител и Канал 5. Па уште синхронизирани, исти гласови во секоја, патетични гласови со прости турски содржини. Заради турскиве серии ги укинаа и шпанските и американските.
Фала ти Барбиче чисто онака ме интересираше а никако не можев да се сетам на името а дефинитивно со ова синхронизираниов превод што се вика не осакатуваат ќе заборавиме да читаме хехехехе.Tурскиве серии не можат да ги заменат американските и јас се сложувам со тебе.
Не ги пратам, не ме интересираат и не можам да замислам да поминувам саати во денот гледајќи турски серии. Мислам дека се за нијанса подобри од шпанските, во смисла малку пореални, ретко се случува после 234525 епизоди главниот лик да открие дека маж и е брат, ама со оглед на тоа дека не ги гледам, може и грешам Ова што се случува последниве години по нашите телевизии е навистина страшно, буквално од јутра до сутра има турски серии, го претераа. Колку пати сум се зажелела да гледам ТВ, ја гледам програмата и нема што да се гледа. Ако навечер се новите епизоди, преку ден се репризите. Страшно.
Добро, Сител и Канал 5 само ги даваат од сабајле до вечер, ама сепак што да с еправи кога од сабајле до вечер баба ми ги гледа тие две телевизии. Има добри работи на другите телевизии, ама не како порано што имаше секаков вид програма на А1, пред да дојдат турските серии.
Вистина дека претераа малку со турските серии. Ама и ние глупи па ги гледаме Веќе ми е преку глава од нив и од синхронизација- и пази упорно ги гледам. Сакам некоја шпанска серија, ама убава да е, стварно почна шпанско да ми фали. Овие турските повеќето се со тажен крај. Најголем впечаток ми остави "Кога лисјата паѓаат". Сега редовно си ги гледам "Величествениот" и "Лале"(кога ќе се смилуваат да ја пуштат нели ). Инаку "Шехерезад" не знам зошто луѓето толку ја сакаат и ја фалат, мене не ми беше ништо посебно да ви кажам право. Лигава и глупа серија беше! И "Езел" не ми се допаѓа. Сите луди бре таму. Толку ладни створења како во таа серија никаде немам видено. И воопшто целата серија и содржината ми се за никаде. И "Каде е ќерка ми" не беше лоша. Мислам, не дека беше нешто посебно, ама барем не беше како другите лигава, друга беше темата таму. А Кан е
Aххх само ми досадват дома Арно сега шо се стопли времето па фала богу не сум дома толку време за да морам и јас да гледам со нив. Мислам дека претераја, повеќе би гледала Rebelde way отколку сите овие турски серии.. Досадни станаја
При синхронизацијата најчесто најубавите машки ликови ги синхронизира Рубенс Муратовски.Керем од 1001 ноќ,Огуз,Ибрахим...итн
Добро бре женски да ве прашам јас,која е онаа серија што ја даваат на канал 5 накај 10 ипол саат. Човече ужасна е синхронизацијата,имињата,зборовите,срамови живи,ич не ми се допаѓаат такви серии со такви синхронизации. А вака од сите што ги даваа до сега Бурни Времиња ми е некако најдобра
Сега па има една нова серија на канал 5, „Доктори“. Глупости живи. Филмот е лоша копија на Вовед во анатомија. Сакале да направат нешто слично ( да не речам исто ), со надеж дека ќе биде добро како оваа серија, но очигледно не успеале. Очајни домаќинки. Дај молим те. Поочајни не можеа да бидат. Барем кога копираат познати и добри серии, нека биде тоа добро направено. Која е следната серија „Истрага на местото на злосторстовото“ ?! :roll:
Мене до сега најубави турски серии ми беа Кога лисјата паѓаат и Имотот на дамата и сега многу го гледам Величенствениот и многуу го сакам Зет Домазет.
Од каде никнаа толку многу серии? Јас мислев 3-4 се само. Го отупеа стварно. Не мораше се' што е снимено во Турција во последниве 5 години да купат и да емитуваат.