Единствената турска серија за која не жалам време што сум потрошила на гледање и за која се отепав од плачење за многу моменти е КОГА ЛИСЈАТА ПАЃААТ.Не дека исега чат-пат не гледам серии турски, но сите ми се гола вода И уште едно до сител и канал 5, со турски серии едноставно ЈА ПРЕТЕРАА.Ако не друго барем да не ги синхронизираа јазикот да го научевме
Ехх да се прашував јас ќе ги укинев сите, па да видиме дали би нашле нешто попаметно да даваат. Па и маливе влегле во филм, многу се соживуваат.
Она Величествениот.. Тешка ретардација, не знам зошто не прекине со снимање веќе еднаш. Зашто дури не престане со снимање, нашиве нема да го тргнат. Зошто онаа серија продолжува да се распродава и по други земји, стварно не можам да сфатам. Дали луѓево масовно почнаа да оглупавуваат.. не, дефинитивно нешто не е во ред.. Не дека пратам активно турски серии, кога сум сама дома не ни уклучувам ТВ ама од се што ми е на жалост познато од тие глупости што ги пуштаат, она е убедливо најлошо.
ааа ги мразам најмногуууу -_- Бабите многу ги гледаат а + и превод не и треба тие се како створени за нив. Мене ми треба некоја американска серија. Уф сакам gossip girl на сител да го дават!
Имаат ли овие програмска шема некоја или што е работава? Кога да пуштам на тв само турски. Или лош тајминг бирам или не знам. Веќе преку глава ми се. Истите иритирачки гласови, исти досадни дејствија. Глупости во боја со звук. Да не може со гости муабет да направиш, зинале сите во тоа телевизорот. И гости и домаќини. Остави тоа, па и дома.. не е тоа минутно молчење, часовно е. Глас да не се слушне.
E, малку ни биле 5 века под Турско ропство! Па пак. Се потурчивме со обичаиве што им ги гледаме. Ама ако, малку ни е. Со помин нека е, што би рекла Фериде, Хајрие, мајка Шахнур и не знам уште кој .
Kерем го синхронизираше Дејан Лилиќ. A Pубенс го има најдобриот глас, толку одговара на секоја улога што ја синхронизира, тоа нешто невидено. Kерем бе, ах Kерем, јас и мајка ми се топевме секоја епизода кога играше 1001 ноќ.