Турските серии - тоа си е тоа. Што да кажам.. Моментално не гледам ниедна. Но - сум гледала. Еве на пример Величествениов. И мислам дека пак ќе го гледам. Единствено.
http://www.fakulteti.mk/news/12-11-10/i ... serii.aspx Конечно им текна, само незнам што друго наше има да пуштат освен народните прикаски, кои и така ги рекламираат по 100пати
А иначе уште ова ако не даваат турски серии пошто гледам најголем процент напаѓате па што ке даваат оние истите американски од пред 5-6 години пошто нема пари за нови, или некои македонски филмови или пак серии не дај боже што не постојат македонски Овиее ем се добри за телевизиите ем му се допаќаат на поголем број од народот,а и не се сите лоши има и некои позитивност како шѕо кажавме пред тоа
Oд турските серии ги гледам само Величествениот и Две фамилии, а другите само онака ги „ѕиркам“ затоа што моите дома гледаат
Па некои од нив следам бидејќи каде и да одам на гости само тоа зборуваат Кој умрел? Како сега во болница? сешто
...„Сакам да разговараме“. ...„Немам што да разговарам со тебе“. „Но..мора да ме сослушаш“...„Бремена сум“ Навистина овој дијалог го има во буквално секоја турска серија. Не ги сакам ваквите серии.
Го гледам Величествениот , пред тоа Кога лисјата паѓаат. Има и позитивно да се научи нешто ама и негативно, многу работи се измешани како во шпанските ама тука не можиме ништо
Нели дадоа најава на Сител за една турска серија „Сила“ во која глумеше и Cansu Dere ( Фрузе, Ејшан ) ? Што стана со неа ? :/
глупи ми се многу.....ќе се сакаат некој па нема да им дозволат да се земат па ќе се разболе некој...едни теми вртат само
Моментално не гледам ниту една турска серија. Ги имам гледано Зет Домазет (најомилена ми е), Плачот на виолината, Кога лисјата паѓаат, Мајка, Бурни времиња, Под сенката на врбите, Љубов и казна и Лажната принцеза.
Воопшто не ги сакам -.- на секој еден сат даваат некоја нова серија.. ај то + сабота и недела наместо да пушта некоја тинејџерска серија или филм тие репризи пуштаат !!
Порано повеќе гледав, сега поретко, ама стварно многу е глупо ем секој ден реприза од претходната вечер ем сабота и недела пак репризи